Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Горан Момироски од Алфа го ставиле заменик генерален секретар на Кабинетот на Гога.

 

Beauty

Администратор
49,862
61,852
113
Деновиве читам какви вести објавуваат телевизииве. И впечатокот ми е дека очекувано се враќа ситуацијата од 2006-2017, нормално во понормална и умерена фаза.

Телма и ТВ 24 почнаа да објавуваат вести контра претседателката и потенцијалната влада (додуша реални како секогаш), а истите вести ги нема на МРТ, Сител, Канал 5 и Алфа. :haha:
Мислам дека на ВМРО ни на крај памет нема да им биде да вложуваат во Телма и 24 како најслабо гледани мк тв.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,172
21,599
113
Уриме!

 

Beauty

Администратор
49,862
61,852
113
Лелеее Тунгузија

А што прават внатре ? Ако се кол центар ок, ама што бараат кутии кај нив ?
 

Steff

Добро-Познат Член
33,682
45,228
113
Лелеее Тунгузија

А што прават внатре ? Ако се кол центар ок, ама што бараат кутии кај нив ?
Таму се собираат луѓе дојдени од други градови и Босна за да гласаат.

Тоа не се кол центри туку хали и арени, фиктивни кол центри направија во неделата на изборите и од таму ги викаат луѓе да проверуваат дали ќе излезат на гласање.
 

Beauty

Администратор
49,862
61,852
113
Ама кој победи во Ниш?

Леле битниот град па Ниш, на ниво на наше Тетово или Штип ми е мене тој град.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,682
45,228
113
Ама кој победи во Ниш?

Леле битниот град па Ниш, на ниво на наше Тетово или Штип ми е мене тој град.
Опозиција, имаат 31 мандат, смрдливите Александар и Руска странка 30.



Ниш е по Белград и Нови Сад најголем град во Србија и центар на јужна Србија, какво црно Тетово или Штип па и ти. И во 1996 кога беа локални избори од Ниш (и некои други градови) почна СПС да паѓа за неколку години подоцна целосно да падне.
 

Beauty

Администратор
49,862
61,852
113
Знам дека е трет, но мене ми е тотално безвезе тој град.

Аууу, па зар цела опозиција би била сложна онда? Може ќе со поткупи мандат од некој од другиве.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,682
45,228
113
Аууу, па зар цела опозиција би била сложна онда? Може ќе со поткупи мандат од некој од другиве.
Ма веќе се договорија, докторот кажа подобро да не се играат со изборната волја на граѓаните.
 

Beauty

Администратор
49,862
61,852
113
Не небитни, него неатрактивни, на тоа мислев. Мене Ниш ме потсеќа на Тетово или Штип кога сум била. Битола, Струмица и Охрид се многу поубави и од Ниш, и од нашиве што ги спомнав. Според мене.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,682
45,228
113
Не небитни, него неатрактивни, на тоа мислев. Мене Ниш ме потсеќа на Тетово или Штип кога сум била. Битола, Струмица и Охрид се многу поубави и од Ниш, и од нашиве што ги спомнав. Според мене.
Затоа што Ниш е тотално уништен, затоа ти е и неатрактивен, затоа и изгуби Александар таму.
 

Beauty

Администратор
49,862
61,852
113
А бил ли подобар?
Мене тоа ми личи како да е нешто правено во 80ти и така да останало. Лупнале еден мол сред главната улица последниве години и тоа е. Кафичи, кафани, кеј, парк... тоа буквално како да сме пред 40-50 години.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,682
45,228
113
А бил ли подобар?
Мене тоа ми личи како да е нешто правено во 80ти и така да останало. Лупнале еден мол сред главната улица последниве години и тоа е. Кафичи, кафани, кеј, парк... тоа буквално како да сме пред 40-50 години.
Па не бил зошто од тие години почна со централизацијата на Србија, па така сѐ се натрупа во Белград, а другите градови останаа заглавени во тие години (освен ете Нови Сад).

А во последни 12 години па е ептен девастиран.
 

Beauty

Администратор
49,862
61,852
113
+ кога видов тоа ќебапчилници, пазарот, автобуска, сендвичари ... на ниво на Тетово. Буквално.
 
Top