Ин мемориам

  • Автор на оваа тема Dexter26
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Страшниот Холивуд го зема данокот

Нека почива во мир
 

Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Ау страшно, одличен актер. Нека почива во мир.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
404
83
  • Автор на оваа тема
  • #405
https://www.slobodenpecat.mk/pochina-zharko-laushevikj-vesta-za-smrtta-ja-objavi-soprugata-anita/

Почина Жарко Лаушевиќ, веста за смртта ја објави сопругата Анита

15/11/2023 - 13:30
К.С.



Жарко Лаушевиќ / Фото: Инстаграм/Киненова

Српскиот актер Жарко Лаушевиќ (63) почина денеска по кратко и тешко боледување.

Ова, во име на семејството, го соопшти неговата сопруга Анита Лаушевиќ.

„ Јавноста ќе биде навремено известена за датумот и местото на погребот “, се наведува во краткото соопштение.

Жарко Лаушевиќ е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње, а дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Бил член на Југословенско драмско позориште каде што има остварено улоги во голем број на претстави.

На филм дебитирал во 1984 во филмот „Прогон“, а истата година остварува значајни улоги во филмовите „Савамала“ и „Директен пренос“.

Голема популарност добива со улогата на Шиља во телевизиската серија „Сиви дом“.

После тоа играл улоги во повеќе од 20 филмски и телевизиски серии помеѓу кои се: „Шмекер“, „Свечена обврска“, „Се случи на денешен ден“, „Офицерот со роза“, „Браќа по мајка“, „Битка на Косово“, „Оригинален фалсификат“, „Кажи зошто ме остави“, „Нож“.

Бог да го прости !!!

Жарко Лаушевиќ
19 јануари 1960 - 15 ноември 2023

Лесна му земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
404
83
  • Автор на оваа тема
  • #407
https://telma.com.mk/2023/11/16/pochina-meto-jovanovski-bard-na-makedonskiot-teatar/

Почина Мето Јовановски, бард на македонскиот театар

16.11.2023 16:15



На 77-годишна возраст почина бардот на македонскиот театар, Мето Јовановски. Неговата успешна кариера започна 1971 година во Драмскиот театар, каде се вработи по завршувањето на Академијата за театар и филм во Софија.

Јовановски ќе остане запаметен по особената боја на гласот и по силната и сугестивна актерска игра, со која владееше на сцената и ја заведуваше публиката. Одигра повеќе од 100 улоги во театар, на филм и на телевизија. Работеше во Македонија, а последниве децении поинтензивно во регионот, па стана и почесен член на Народниот театар од Црна Гора. Гостувајќи во емисијата „КОД“, во 2019 година, Јовановски се присети на условите во затворот Идризово, кога го снимале филмот „Тетовирање“, каде ја толкуваше главната улога.

„ Во тој период некои сцени кои ги снимавме во овие простории овде беа како од времето на Отоманската империја. Со некоја иконографија од соцреалистичкиот период. И нормално дека ние сите лично посакуваме да имаме убави домови, куќи, да имаме убави коли, патишта, театри, институции и т.н. Но, редно е да се направи, ако сакаме да бидеме дел од таа европска заедница, еден цивилизациски исчекор затоа што сепак во овие простории живеат луѓе. И ова е сосема нешто друго од она во што снимавме во тој период “, изјави Мето Јовановски.

Мето Јовановски беше дел од генерацијата актери кои ги постигнаа најголемите успеси на Драмски театар. А, преку учеството во филмските проекти, се вгради во развојот на македонската кинематографија, како и во регионалната. Како педагог, актерскиот занает го пренесуваше на младите генерации. А, за својата работа доби многу уметнички и општествени награди, од кои дел за улогите во претставите „Еригон“, „Карамазови“, „Коза , или која е Силвија“ и за последната „Моето име е Горан Стефановски“, одиграна на матичната сцена. Датумот и местото на погребот и на комеморацијата по повод смртта на Мето Јовановски, дополнително ќе бидат објавени.

Сотир Трајков


Мето Јовановски
17 јануари 1946 - 16 ноември 2023

Лесна му земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 

Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Умре Лусијана Дувал :( нека почива во мир.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
404
83
  • Автор на оваа тема
  • #410
Бог да ја прости, вечна и` слава !!!

https://www.gloria.rs/zvezde/vesti/240493/tuga-ogromna-preminula-najveca-diva-meksickih-sapunica-helena-roho-ovo-je-uzrok-smrti

Tuga ogromna: Preminula najveća diva meksičkih sapunica Helena Roho, ovo je uzrok smrti

04.02.2024 11:01

Sandra Petković


Foto: youtube printscreen

Preminula Helena Roho


Jedna od najcenjenijih meksičkih glumica Helena Roho preminula je danas u 80. godini u svom domu u Meksiko Sitiju.

Helenu ćemo pamtiti kao nezaboravnu Lusijanu Duval iz serije „Pravo na ljubav“, a gledali smo je i u serijama „Zagrli me čvrsto”, „Nevina”, „Peregrina”, „Beštije” i „Napušteni anđeo”.


Helena je sarađivala i sa istaknutim meksičkim režiserima i ostvarila zapažene uloge na filmu. Radila je i sa nemačkim rediteljem Vernerom Hercogom i glumcem Klausom Kinskim u filmu „Agire, gnev Božji“.

Takođe se pojavila u filmu „Fokstrot“ (1976), u režiji Artura Ripštajna, zajedno sa glumcima Šarlot Rempling, Piterom O'Tulom i Maksom fon Sidovom.


youtube printscreen

2006. godine pojavila se u američkoj seriji „Ružna Beti“, gde je igrala majku koja pokušava da odvrati svog sina od maćehe koja ga gleda u „lažnoj“ telenoveli koju je na TV gledala porodica glavnog lika.

Poslednju ulogu ostvarila je u Telemundovoj telenoveli „Grof”, koja još nije prikazana.

Uzrok smrti dive meksičkih sapunica prema pisanju stranih medija je karcinom jetre.

Марија Хелена Ламадрид Руиз
18 август 1944 - 4 февруари 2024

Лесна и` земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Која е таа Бештије?

Ги пропуштиле и Амор реал и Мундо де фиерас.
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Пострашно нешто од карцином нема, да не знае човек кога и како ќе го погоди тоа зло. :(

Иначе баш дива, најдобра улога по мене, а секако и најзапаметена е Лусијана Дувал.
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Креаторот на Драгон бол?

Мислам нека почива во мир али ипак ова е исто како да починал вујко на некоја си што живее во Неготино а ниту сум ја видела во живот нит ништо :406389:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Креаторот на Драгон бол?

Мислам нека почива во мир али ипак ова е исто како да починал вујко на некоја си што живее во Неготино а ниту сум ја видела во живот нит ништо :406389:
Па и јас не го знам ама цртанот сме го гледале на А1.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
404
83
  • Автор на оваа тема
  • #420
Нека почива во мир.
Бог да го прости !!!

Но мора да послужи како пример за тоа како завршуваат тие кои се навикнуваат на превиткување на кичма.

Лесна му земја
нека почива во мир !!!
 
Top