Ин мемориам

  • Автор на оваа тема Dexter26
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
Ма мислам познат беше по користење на опојни дроги, да не грешам душа.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Бог да го прости. Лезна му земја.

Од кога почна по телевизиски емисии да кажува како правел местенки во естрада, во спорт ми се чини па ме чудеше како не лежел во притвор за нешто во тоа време Југославија.
 

Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
Тоа беше интересно за 90ти.
Он е лик од минатиот век, во овој век немаше што да каже. Бар ја така гледам на Џаро.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,070
404
83
  • Автор на оваа тема
  • #428
Почина кралот на српските серии - Синиша Павиќ :( :( :(
Бог да го прости !!!

https://www.slobodenpecat.mk/pochina-scenaristot-sinisha-pavikj-avtor-na-kultnite-otpishanite-podobar-zhivot-i-tesna-kozha/

Почина сценаристот Синиша Павиќ, автор на култните „Отпишаните“, „Подобар живот“ и „Тесна кожа“

16/08/2024 - 23:28


Фото: Принтскрин/Јутјуб/ RTS / Kulturno umetnicki program

Легендарниот српски телевизиски и филмски сценарист и истакнат писател Синиша Павиќ почина на 92-годишна возраст во сон, потврди неговиот син.

– „ Можам да потврдам дека татко ми почина. Почина во сон од старост на 92 години. Не можам да ви кажам ништо повеќе. Би ве замолил да ја почитувате нашата приватност во овој тежок момент – изјавил Владимир за српски „Информер“ “ .

Синиша Павиќ беше српски сценарист и автор на бројни серии кои сè уште се емитуваат на телевизија.

Некои од нив се: „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Пристигнуваат доларите“, „Театар во куќата“, „Жежок ветар“, „Дипломци“, „Белиот брод“ и најпознатата и за многумина омилената „Семејно богатство“.

Павиќ ги напиша и сценарија за култни филмови како: „Отпишаните“, „Тесна кожа“, „Тесна кожа 3“, „Тесна кожа 4“, „Лаф во срце“.

Павиќ дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1956 година.

Телевизискиот и филмски сценарист, како и истакнат писател, е добитник на престижната награда „Доситеј Обрадовиќ“ во 2021 година.

Лауреатот Синиша Павиќ не можел лично да ја прими наградата поради болест, а неговиот син – Владимир Павиќ, професор на Правниот факултет – ја примил наградата Доситеј Обрадовиќ.

Синот го прочитал говорот на својот татко, во кој вели дека ова е голем ден во неговиот живот, дека му е огромна чест што е добитник на наградата што го носи името на Доситеј Обрадовиќ, но дека поради виша сила бил спречен лично да присуствува на настанот.

https://plusinfo.mk/pochina-scenaristot-sinisha-pavi-si-zamina-kreatorot-na-otpishanite-podobar-zhivot-tesna-kozha/

ПОЧИНА СЦЕНАРИСТОТ СИНИША ПАВИЌ Си замина креаторот на „Отпишаните“, „Подобар живот“, „Тесна кожа“...

16/08/2024 14:13:41

Павиќ беше најплодниот ТВ автор во поранешна Југославија. Ги напиша сценаријата за некои од најпознатите домашни серии како „Театар во куќата“, „Отпишаните“, „Подобар живот“, „Жежок ветер“... Сценарист е и на филмовите „Тесна кожа“ и „Лаф у срцу“.


фото: Принтскрин/Јутуб-РТС

На 92-годишна возраст почина познатиот и почитуван сценарист Синиша Павиќ во својот дом во Власотинце, пренесува Танјуг.

Павиќ беше најплодниот ТВ автор во поранешна Југославија. Ги напиша сценаријата за некои од најпознатите домашни серии како „Театар во куќата“, „Отпишаните“, „Подобар живот“, „Жежок ветер“... Сценарист е и на филмовите „Тесна кожа“ и „Лаф у срцу“.

Последната серија што ја сними – „Хероите на нашето време“ – беше премиерно прикажан од 2019 до 2021 година. Оттогаш не пишувал за телевизија, но сигурно е дека уште долго ќе гледаме репризи на неговите серии.

Благодарение на пишувањето, тој си создаде подобар живот, тој и неговата сопруга Љиљана, која е неговото семејно богатство, се среќни луѓе, а додека пред неговата популарност работеше како судија, не сонуваше да биде капетан на бел брод, но писател. И тоа му се оствари.

Синиша Павиќ
22 јануари 1933 - 16 август 2024

Лесна му земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 

Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Одлично интервју



Дојдов до делот за Вруч ветар, не знаев дека серијата се прикажувала надвор од СФРЈ, во Бугарија, Чехословачка, Унгарија и Австрија.

Во Унгарија била турбо популарна, дури и Љубиша како главен актер одел таму, го пречекаа сто илјада души на стадион некој нивен како Касандра :okokoren: и серијата таму била прогласена како најдобра на сите времиња.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113

Dexter26

Добро-Познат Член
4,070
404
83
  • Автор на оваа тема
  • #431
Вечна му слава на незаменливиот велемајстор на југословенската рок музика.

Ако имало или сеуште има такви на кои не им бил по личен вкус и мерак додека беше жив, сега уште повеќе ќе им нагазува по плускавци како жива легенда на поранешните југословенски простори.

https://www.ubavinaizdravje.mk/zhivoten-stil/koga-kade-so-kogo/pochina-bora-chorba/

Почина Бора Чорба

На Sep 4, 2024


Фото: Фејсбук

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, почина денеска, 4 септември, на 72-годишна возраст.

Бора почина во болница во Љубљана, каде што беше примен поради сериозни проблеми со белите дробови. Во последните неколку дена, тој беше поврзан на кислород откако неговото здравје значително се влошило.

Официјалната веб-страница на групата „Рибља чорба“ ја објави веста за неговата смрт.

„ Почитувани пријатели, со тага и жалост ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ нè напушти. Почивај во мир, драг наш Боки. Борисав Бора Ѓорѓевиќ. 01.11.1952 – 04.09.2024 година “, стои во соопштението.


Во август 1978 година, Бора Ѓорѓевиќ ја основа групата „Рибља чорба“, која стана многу популарна во текот на следните неколку месеци. Со популарноста на групата, Бора му се оддаде на алкохолот, што заедно со провокативните општествено ориентирани песни го натера да стане еден од најконтроверзните музичари во Југославија. По објавувањето на албумот „Коза ностра“ во 1990 година, тој беше обвинет за „навреда на работничката класа на Југославија“, но обвиненијата беа отфрлени.

Бора извесно време беше и политички ангажиран, а во 2004 година беше советник на министерот за култура во Владата на Србија.

Тој беше во брак со Драгана Ѓорѓевиќ со која го има синот Борис, а со нив живееше и Тамара, ќерката на Драгана од претходниот брак. Бора и Драгана се разведоа со заедничка согласност на 5 февруари 2007 година, рокерот го напушти станот во кој живееле, но Драгана наводно се самоуби на 23 март 2007 година.

Бора никогаш не се согласи со претпоставката дека си го одзела животот поради разводот со него, секогаш велеше дека се предозирала со антидепресиви и алкохол, но се зборуваше дека Драгана не можела да ги преболи разводот од Бора и неговата 28 години помлада партнерка, со која се ожени во 2009 година и на која ѝ го посвети албумот „Минута со неа “.

Да потсетиме, Бора Ѓорѓевиќ почина во Словенија, каде што се пресели поради сопругата Дубравка. Рокерот во неколку наврати изјави дека тоа било љубов на прв поглед.

„ Кога ја видов Дубравка, знаев дека тоа е тоа. Беше во Марибор, на католички Божиќ. И тогаш таа дојде во Виена, а јас дојдов кај неа во Љубљана, со намера да останам ден-два, и останав седум дена. Многу брзо ми беше јасно дека можам да живеам и да дишам покрај неа “, изјави тогаш Ѓорѓевиќ.

@alo_portal POČIVAJ U MIRU LEGENDO! #boracorba #alonovine #alodnevnenovine #fypシ #fypシ゚viral #alo ♬ In Memories – Barto Benn

Борисав Бора Ѓорѓевиќ
1 ноември 1952 - 4 септември 2024

Лесна му земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
 

Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
Контроверзен, омразен, ваков онаков, но уникатен.
За естрада и провокации, му немаше рамен.
Почивај во мир, Зоки Фаци
 

Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Контроверзен, омразен, ваков онаков, но уникатен.
За естрада и провокации, му немаше рамен.
Почивај во мир, Зоки Фаци
Ма дај бреее :(:(:(

Нека почива во мир.
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
 

Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
Бог да ја прости.
Е вака се останува запаметен , чесно.
Зоки Поки е поим за прва школска лектира за сите генерации.

Иначе пред некој ден прашував една другарка, внуката и е прво одд. Истите лектири се кога и јас учев - Зоки Поки, Касни порасни, Грдото пајче, Сказни некои и песни некои ......
Додуша ја мислам ја имав Снежана место Грдото пајче. Другите се истите.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Бог да ја прости.
Е вака се останува запаметен , чесно.
Зоки Поки е поим за прва школска лектира за сите генерации.

Иначе пред некој ден прашував една другарка, внуката и е прво одд. Истите лектири се кога и јас учев - Зоки Поки, Касни порасни, Грдото пајче, Сказни некои и песни некои ......
Додуша ја мислам ја имав Снежана место Грдото пајче. Другите се истите.
Лектира мислам прва е Касни порасни па потоа Зоки Поки беше. Барем јас така колку се сеќавам беше.

Е сега не знам како е овие нови генерации.

Како и да е Бог некај ја прости, лесна и земја на Оливера Николова.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,070
404
83
  • Автор на оваа тема
  • #439
Вечна и` слава !!!

Цели генерации на Македонци ќе ја помнат по нејзините безвременски книжевни дела.

Оливера Николова
11 март 1936 - 4 ноември 2024

Лесна и` земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,070
404
83
  • Автор на оваа тема
  • #440
Вечна и` слава на професорка Наде Проева, доживотната бранителка на македонскиот национален идентитет и на националната историја на Македонија и на македонскиот народ.

Во време кога македонскиот народ и македонската држава се` под постојани политички напади од страна на соседите, македонските историчари спаѓаат меѓу ретките вистински бранители на македонската историја и македонскиот национален идентитет, од кои македонските (наводно се декларираат како македонски) политичари од поодамна се` откажаа и не го бранат ниту по дома, ниту надвор од границите на татковината.

https://mkd.mk/pochina-nade-proeva-istoricharkata-koja-znaeshe-se-za-antichkite-makedonci/

Почина Наде Проева, историчарката која знаеше сè за античките Македонци

7.11.2024 20:01 часот

Вчеравечер, на 6 ноември 2024 година почина Наде Проева, историчарка, универитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка по античка историја.



Нејзина особена професионална специјалност беа Историјата на стариот век, и Историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја. Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен научник, секогаш на страната на историската вистина и на историската правда. Нејзините студенти ја паметат како професорка која целосно одговора на описот „строг, но правичен учител“. Нејината книга „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата античките Македонци и прв напишан учебник за студентите на катедрата за Историја.

Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година во Ресен, каде завршува средно образование – гимназија. Дипломирала на античка археологија во 1973 г. на Филозофскиот факултет во Белград со тема „Четири необјавени доцноантички некрополи од околината на Прилеп“.

На Филозофскиот факултет во Белград, во 1978 година ја брани магистерската тема: „Типологија на надгробните споменици во југословенскиот дел во римската провинција Македонија“, а во декември 1992 на групата за историја и докторската теза: „Влијание на доселениците на развојот на културните прилики во римската провинција Македонија“.

Од 1979 до 1981 била на специјализација во Париз, на Универзитетот Сорбона, каде што се здобила со диплома за продлабочени студии од областите епиграфика, нумизматика и религија.

Повеќе пати била на студиски престои во странство: Полска (1977), Француска археолошка школа во Грција (од 1992 речиси секоја година), Француски институт во Истанбул (1993), Австриска академија на науките (1998), Универзитети во Нанси и во Нантер-Paris X и др.

Учествувала на меѓународни научни собири во Франција, Канада, Србија Бугарија, Хрватска, Естонија, Русија, Романија, Италија, Полска држела предавања во Хрватска Словенија, Франција, Холандија. Исто така учествувала во ископувањата на антички и средновековни локалитети во Македонија, Србија, Полска и Грција; во проекти на Археолошки институт во Белград, на МАНУ, на САНУ и на Берлинската академинја на науките. Како визитинг – професор има одржано предавања на универзитетите во Франција (Нанси, Нантер-Paris X), како и низа јавни предавања за разни прашања за античките Македонци.

Професорката Наде Проева, до последните денови од својот живот беше ангажирана преку свои критички текстови и публикации за праведно решение, за како што велеше – „неправдите што современата политика ги нанесува на Македонија, Македонците и македонскиот национален идентитет“.

Проф. д-р Наде Проева
9 септември 1949 - 6 ноември 2024

Лесна и` земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 
Top