Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Македонија ќе отиде во банкрот а може за неколку години ќе биде преполовена во број на население. Барем јас ова мислам ќе се случи.
 

Beauty

Администратор
49,863
61,852
113
Ќе се случи тоа да почнеме преговори со таа ЕУ и така ќе тераме, само ова со Бугарите ќе биде ублажено, ние ќе прифатиме нешто, тие нешто и така.
Нема друга солуција, вака или онака, ќе влеземе во таа ЕУ по десет петнаесет години, со веќе откажана антика поради Грц и од уште нешто ќе се откажеме ради Бугарија и тоа ќе биде. Победата е што нешто и ќе добиеме со Бугарите и тоа е.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Во ЕУ ќе процвета државава :haha:

Ништо не ја спасува државава.
 

Beauty

Администратор
49,863
61,852
113
Ок
Онда седи хејтај и кукај

И робовите од Африка викале Ништо не не спасува па дошле низа луѓе со други идеали па го укинале ропството.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,072
405
83
Ок
Онда седи хејтај и кукај

И робовите од Африка викале Ништо не не спасува па дошле низа луѓе со други идеали па го укинале ропството.
Си научила нешто од досадната и неинтересната историја.

Да чукнам во дрво, ама тивко и смирено.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Ок
Онда седи хејтај и кукај

И робовите од Африка викале Ништо не не спасува па дошле низа луѓе со други идеали па го укинале ропството.
Абе се сложувам дека не треба само да се седи и кука.

Но сепак колку што јас се разбирам во политика во моментов нема партија за која би верувал дека ќе ги оправи многу во државава ситуацииве во кој се наоѓаме.

Ќе отидам на гласање но можеби ќе го поништам ливчето или ќе дадам глас за некоја небитна партија :D
 

Beauty

Администратор
49,863
61,852
113
Лукаревска: Поголеми плати и продолжување на концептот за повеќе пари кај граѓаните и во новата програма на СДСМ
Исклучете ја со глупостиве, ве молам!
Тоа ЕУ од уста нема да го извадат. А народов ја замрази ЕУ само ради нив, мислам :haha:
 

Beauty

Администратор
49,863
61,852
113
Градоначалничката Данела Арсовска прво го ангажираше градежниот факултет да направи инспекциски надзор на мостот, па откако деканот ги кажа опасностите ја раскина врската, па задачата му ја даде на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени, а сега го прекина и овој договор, тврди за Телма Михаил Гаревски.
Не бе, со оваа и мост ќе падне и ќе испоумреме ццццццц
 

Beauty

Администратор
49,863
61,852
113
Оваа не поштува ни знаење, ни интегритет , ништо

Арсовска со навреди кон деканот на градежниот факултет: Тоа е оној кој од дома по пижами даваше дијагностика за мостот Беласица
 

Beauty

Администратор
49,863
61,852
113
Како што е навреда? Он немал појма за градежни работи, статика на мост, заштита, безбедност на градежна конструкција, напрегање на кабли во мостот, напрегања и сили за според неа дијагностиката што ја дал е нерелевантна.
Он немал појма, го девалвира цел Градежен факултет, сите професори и служби чија примарна дејност е тоа.
Па поголема навреда од тоа нема.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,682
45,228
113
го девалвира цел Градежен факултет, сите професори и служби чија примарна дејност е тоа.
Балканска работа

Тука е добар ден да сите од сѐ се разбираат и да не се почитува знаење и наука
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Овој Дарко (познат од Токсикологија групата што беше со Слаткар) излегол од Левица
 

Beauty

Администратор
49,863
61,852
113
Народов врие ја мислам, додуша врие задни две три години посебно, и секој ден има некој нов капак.
Ова е срамно , исмевање кон цел народ, он не можел да опстои со плата од 2500 евра, он немал за леб ако не му стигне плата, а покрај таа плата од 2500 евра кај му се тука бонуси, патувања и криминалите кои се јавно познати.
 
Top