Ин мемориам

  • Автор на оваа тема Dexter26
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Да биле асални, ќе продолжеле да ги снимаат. Виде народот што е подобро , а тоа се српските, така да толку од нашине мизерии
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Да биле асални, ќе продолжеле да ги снимаат. Виде народот што е подобро , а тоа се српските, така да толку од нашине мизерии
Не што е подобро туку народот сака да го гледа блуд, разврад, тепачките и таквите силикоњари, дрољи.. Тоа што не е нормално за повеќето за другиот дел од народот е интересно.

А јас мислев споредба ако се прави со Задруга, Тоа сум јас за тоа време иако меѓу првите во регионот беше подобро. После отиде све у три лепе од кога се појавија Големиот брат, Фарма, Парови...

Парови на почетокот беше добро смислено но го зафркнаа и само името остана Парови немаше вркска со парови.

Туку да не ја загадуваме темава со вакви мислења нека си остане за тоа што си е.
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Па тие во нашите реални шоуа беа глупи, прости, изгубени у свемир со ниски прости страсти.

кога народот виде какви фаци се Србите нормално дека тоа ќе гледаат.
А неморал врски имаше и во нашите но тоа беше многу ама многу сељачко.
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Да, но тоа се сељаци на ниво.
Нашиве сељаци се за во биртија на Јилдирим и за ниедно друго место.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Пак ќе пишам народот сака да гледа блуд и разврад, тепачки, глупирања, пцуења затоа што тоа што е ненормално за повеќето од народот е интересно. Се праави народот као јас тоа не ни гледам а највеќе прегледи имаат видеа со Миљана Кулиќ или со некоја тепачка во Задруга.

Тука ставам крај на ова. Уште еднаш ќе пишам нека почива во мир Драги Шпага беше легенда на свој начин. Не знам дали сте му го гледале порното, смешки е. :hehe:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
404
83
  • Автор на оваа тема
  • #388
Вечна му слава на Даниел Елсберг - еден од ретките, а за жал и можеби еден од последните борци за вистината и за здравиот ум и разум во тврдината на анти-вистината и анти-здравиот ум и разум наречена Соединети Американски Држави.

Не само американската нација, туку и целото човештво му должи вечна благодарност за неговата борба за вистината и за здравиот ум и разум, веројатно само Џулијан Асанж е споредлив со него.

https://mkd.mk/node/518424

Почина Даниел Елсберг, свиркачот што ги обелодени Пентагон-документите за војната во Виетнам

17.6.2023 - 0:15

„ Најопасниот човек во Америка “


Длабоко вознемирен од американската измама во Виетнам, тој се обратил до Њујорк тајмс. Обелоденувањата што следуваа ја потресоа нацијата, објави вчера Њујорк тајмс.


Фото: ЕПА

Даниел Елсберг, американскиот воен аналитичар што ги објави доверливите „Пентагон-документи“ за Виетнамската војна, откривајќи ја измамата на американската влада за војната и покренувајќи голема битка за слободата на печатот, почина во петокот на 92-годишна возраст.

Долго пред Едвард Сноуден и Викиликс да ги откријат владините тајни во име на транспарентноста, Елсберг им даде до знаење на Американците дека нивната влада е способна да ги измами, па дури и да ги лаже. Во подоцнежните години, Елсберг ќе стане застапник за свиркачите и дојавувачите, а неговото протекување на „Пентагон-документите“ беше прикажано во филмот „Пост“ од 2017 година, вели Ројтерс.

Елсберг во 1971 година тајно им пристапил на медиумите со надеж дека ќе го забрза крајот на Виетнамската војна. Ова го направило мета на клеветничка кампања на Никсоновата Белата куќа, потсетува Ројтерс. Хенри Кисинџер, кој во тоа време беше советник за национална безбедност на претседателот, го нарече „најопасниот човек во Америка, кој мора да биде запрен по секоја цена“.

Кога во средината на 1960-тите отишол во Сајгон за Стејт департментот, Елсберг имал импресивно резиме. Имал стекнато три дипломи на Харвард, служел во Маринскиот корпус и работел во Пентагон и корпорацијата РАНД, влијателен истражувачки центар за политика.

Бил посветен воин од Студената војна и виетнамски јастреб во тоа време. Но Елсберг во својата книга од 2003 година, „Тајни: мемоари за Виетнам и за Пентагон-документите“, рече дека поминала само една недела од неговата двегодишна должност во Сајгон кога сфатил дека Соединетите Држави се во војна во која нема да победат.

Во меѓувреме, по наредба на министерот за одбрана Роберт Мекнамара, официјалните лица на Пентагон тајно составувале извештај од 7.000 страници за американското учество во Виетнам од 1945 до 1967 година. Кога извештајот бил завршен во 1969 година, две од 15-те објавени копии отишле во корпорацијата РАНД, каде што повторно работел Елсберг.

Со својата нова перспектива за војната, Елсберг почнал да присуствува на мировните собири. Тој рече дека бил инспириран да ги ископира „Пентагон-документите“ откако слушнал еден антивоен демонстрант како вели дека му се радува на одењето во затвор затоа што се спротивставил на регрутацијата.

Елсберг почнал да се искрадува со тајниот извештај од канцеларијата на РАНД и да го копира ноќе на изнајмена фотокопир-машина - користејќи ги како помошници својот 13-годишен син и 10-годишната ќерка. Документите ги зел со себе кога се преселил во Бостон на работа во Технолошкиот институт во Масачусетс и на крај чекал година и пол пред да ги проследи страниците до Њујорк тајмс.

На 13 јуни 1971 година Тајмс го објави својот прв дел од „Пентагон-документите“, а администрацијата на претседателот Ричард Никсон брзо побара од судијата да го запре натамошното објавување. Никсоновото тврдење за извршната власт и повикувањето на Законот за шпионажа предизвикаа борба за слободата на печатот поради екстремната цензура на претходното ограничување.

Следниот потег на Елсберг бил да му ги даде Пентагон-документите на Вашингтон пост и на десетици други весници. Во случајот „Њујорк тајмс против САД“, Врховниот Суд помалку од три недели по првото објавување пресуди дека печатот има право да ги објавува документите, и Тајмс продолжи да ги објавува.

Извештајот вели дека американските власти заклучиле дека веројатно не можат да победат во војната и дека претседателот Џон Ф. Кенеди одобрил планови за државен удар за да се собори јужновиетнамскиот лидер. Се вели и дека наследникот на Кенеди, Линдон Џонсон, планирал да ја прошири војната, меѓу другото и да го бомбардира Северен Виетнам, и покрај тоа што за време на кампањата во 1964 година изјавил дека нема. Весникот, исто така, откри дека имало тајни американски бомбардирања во Камбоџа и Лаос и дека бројот на загинатите е поголем од пријавеното.

Во бегство

Тајмс никогаш не кажа кој ги дал документите, но ФБИ брзо го сфатило тоа. Елсберг околу две недели се криел, а потоа се предал во Бостон.

„Чувствував дека како американски граѓанин, како одговорен граѓанин, повеќе не можам да соработувам во криењето на овие информации од американската јавност“, рече тогаш Елсберг. „Ова јасно го направив на сопствен ризик и подготвен сум да одговорам на сите последици од оваа одлука.“

Ќе рече дека му е жал што не ги доставил документите порано.

Иако „Пентагон-документите“ не го содржеле начинот на кој Никсон се справувал со Виетнам, единицата „водоводџии“ на Белата куќа, која подоцна ќе го изврши Вотергејт-упадот, што доведе до пад на Никсон, добиле наредба да го запрат натамошното протекување и да го дискредитираат Елсберг.

Два и пол месеци по првичното објавување, двајца мажи што подоцна ќе бидат истакнати актери во Вотергејт – Г. Гордон Лиди и Е. Хауард Хант - упаднаа во канцеларијата на Елсберговиот психијатар за да бараат инкриминирачки докази.

Елсберг и еден негов колега од РАНД на крај беа обвинети за шпионажа, кражба и заговор. Но на нивното судење во 1973 година случајот беше отфрлен врз основа на недолично однесување на владата кога била откриена кражбата.

Во неговите подоцнежни години, Елсберг, кој е роден на 7 април 1931 година, во Чикаго, стана писател и предавач во кампањата за владина транспарентност и против ширење на нуклеарното оружје.

Тој рече дека Сноуден, соработник на Агенцијата за национална безбедност, кој на новинарите им даде илјадници доверливи документи за владиното собирање информации пред да избега од земјата, не направил ништо лошо. Тој, исто така, рече дека го смета војникот Челзи Менинг за херој затоа што му предаде куп владини досиеја на Викиликс.

Неговите книги се „Машина на судниот ден: исповеди на еден планер на нуклеарна војна“ во 2017 година и „Тајни: мемоари за Виетнам и за Пентагон-документите“ во 2002 година.

Некогаш строго доверливите документи што Елсберг ѝ ги откри на јавноста сега може да се прочитаат онлајн.

Даниел Елсберг
7 април 1931 - 16 јуни 2023

Лесна му земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Ликот од детските серии Големи и мали и Наше Маало, глумеше и во Gipsy Magic мислам.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
:smrk: Само тие две песни му ги знам ама тоа време имало добра квалитетна музика. Какви денешни Карлеуши и што ја ти знам денес се што музика се снима, ова е квалитет да не се лажеме.

Наидов и на Live stream на Јутјуб со негови песни.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Заминување : РАТКА РАДМАНОВИЌ (19.мај 1934 – 3. Октомври 2023) беше македонска театарска , филмска и телевизиска актерка.
Родена во Кочани, најголем дел од кариерата работела во Битолскиот народен театар. Остварила и низа улоги во театрите во Кочани, Струмица , Штип и Куманово. Има остварено низа на впечатливи улоги на сцените на македонските театри особено во Битолскиот народен театар каде долго време и по пензионирањето имаше носечки улоги на репертоарот. Радмановиќ остварила десетина улоги на филм, посебно е активна по пензионирањето.
Ќе се паметат нејзините улоги во филмовите: Пред дождот, Преку езерото, Џипси Меџик, Прашина , Големата вода, Сенки, Мајки, Панкот не е мртов, Трето полувреме, До Балчак, Последниот Македонец, На млечниот пат, Ослободување на Скопје, Годината на мајмунот, Врба, Кајмак...
FB_IMG_1696410345238.jpg

Бог да ја прости. Од оваа бабичка најмногу се плашев во Сенки кога се појавуваше а највеќе жал ми беше во Мајки кога остана сама.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
А која е па оваа ѕвездетина?

Мислам, лошо што вака кажувам, ама стварно ми е смешно, извинете. :406389:

Во скоро сите филмови на Милчо Манчевски ја има.

Во Врба беше во првата приказна онаа старата што им помогна на парот со некој старински верувања да имаат дете.

Во Мајки беше старата баба со мажот што сами си живееја и потоа мажот и умре остана сама.

Во Сенки нешто беше претставена нешто како лоша, на Борче Начев дома му се појави и он ја одвлечка надвор пред улаз. Тука беше страшна кога он погледна низ вратат и она како вештерка со косата пуштена.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Леле страшно, млад човек. :(

Нека почива во мир.
 
Top