Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Tring Super M dali e celosno so prevod, kako Fantasy I Action?
Јас дур ми беше пуштено на тој тв канал немаше превод. Сепак штом го пуштија како македонска верзија значи во план е преведување на цела програма. Одамна уште пред некој години кога ги пуштија Тring Fantasy и Tring Action со превод на македонски прочитав некаде коментар дали беше Кајгана форум или друг форум дека во план им е што повеќе Tring канали да се понудат и со македонски превод.

Даваат на тој тв канал и доста понови филмови.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
И Задруга канали ќе ставаат овие :406389: :off:

Не е доволно Pink plus за Задруга па ајде и канали да има.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Ретардирани. Али народот е таков што дури и би платиле за ова нешто.
Секој си бира каков живот ќе живее па и што ќе гледа ама се што е претерано е стварно претерано. Треба да си улав да гледаш по цели денови Zadruga а пакај тв операторите има и Pink Reality и Parovi канали на кој се емитуваат реални шоуа што изминале и од одамна не постојат.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Ultra HD телевизија? :okokoren: :off: Која Ultra, немаат ни приближно HD тв каналите.
Screenshot_20230324-114004_Facebook.jpg
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Се занеле нешто овие. Најавија интензивно ширење на оптичката мрежа и како стварно да покриле голем дел од МК, почнале да се фалат. Значи прво скокнете, па речете оп. :406389: :taka e:
Дур се стави оптиката низ цела држава ќе чекаме подолг период.
Некаде уште немаат ставено инсталација за да може приклучок да имаат куќи и згради на оптика. Телеком за оптика копа под земја да се става инсталацијата, а за копање под земја треба и дозвола од општините, согласност од станари.


Додека пак Тв во Ultra HD ми е смешно дека рекламираат. Дали воопшто некаде во регионов се нудат странските канали во Ultra HD?
 

Kicevo Macedonia

Нов Член
5
1
3
Пуштени музичките канали:
471 MUZZIK
472 MOBA
473 POP STAR
474 ZZ TV
475 RR
476 WWM
477 FLASH BACK
478 JEKA

Музички канали со различни жанрови на музика и за секој вкус.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Пуштени музичките канали:
471 MUZZIK
472 MOBA
473 POP STAR
474 ZZ TV
475 RR
476 WWM
477 FLASH BACK
478 JEKA

Музички канали со различни жанрови на музика и за секој вкус.
Интересни канали. Има и доста различен вид музика која ретко може да се слушне на други канали музички од Србија па и другиве држави од регионот.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Колку што читав по кајгана и it форумот ќе се воведувале нови ресивери со Android (не овие што ги понудија а најмалку се употребуваат) с кој ќе го носи името MagentaTV.
Аndroid ресивер со можност за инсталирање и други апликации од Play store и можност за повеќе минути снимање.

За почеток ќе биде повеќе наменет за оние со оптички интернет бидејќи Android телевизија бара постабилен, побрз интернет. За тие со ВДСЛ интернет најверојатно ќе пробале да тестираат како ќе функционира. Со ова полека полека ќе почнувал процесот за гасење на MaxTV но ќе биде голем процес затоа што си бара како што пишав подобар интернет а оптичкиот не е достапен во цела Македонија.

Ова веќе Црна Гора го имаат воведено.Еве како сето тоа изгледа.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Од денес до 23. 01. 2024 година HBO и Gley пакетите бесплатно за сите корисници.

Tие што ги немаат пакетите а сакаат да искористат бесплатно треба да ги активираат во менито на МаxTV и во делот дополнителни пакети.

HBO Max и Gley апликациите може да ги користите бесплатно до 23.01.2024 откако ќе активирате пакет на МаxTV.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Aко користите Телеком мк апликацијата во делот Moments има наградна игра со бесплатно активирање 5 GB и за поспејд и припејт. Со тоа сте во извлекување секој ден T phone и главна награда кола Опел Корса.

Исто има и наградна игра во кој награда е пакет изнајмување кола од Sixt и викенд за двајца во Солун.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Наскоро MagentaTV. Веќе ја припремаат замената за MaxTV GO. MagentaTV GO
Уште е во припрема иако на сајтот постои опција да се најавиш.Ова ќе биде како замена за MaxTV GO. Почекајте тие што сте на Tелеком не се најавувајте се додека официјално не пишат на нивниот сајт па тогаш и ќе биде пуштено официјално.

Може сега како гостин да прелисташ дел од тоа што нудат во Magenta TV GO.

Ново ќе биде тоа што оној дел во видеотеката што е на ресиверите пишан како Пакети каде што се Epic Drama Gley, Pickbox, HBO OD сместени ќе биде издвоен така што ќе постои Видеотека и посебно Видео клуб.
Во Видео клубот ќе има и National Geographic содржини документарци и за најмалите Baby TV видео анимирани содржини.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Nick Music е додаден на MaxTV и MagentaTV GO апликацијата. Ништо посебно канал, плејлиста музички спотови.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
Македонски Телеком воведува нова генерација дигитална телевизија: MagentaTV

20.3.2024

 Модерен интерфејс, напредни ТВ опции, слика и звук со висок квалитет
 Секогаш, секаде и на сите екрани: ТВ, смартфон, таблет или лаптоп
 Со MagentaTV секој телевизор станува паметен


Македонски Телеком воведува нова генерација дигитална телевизија – MagentaTV, иновативна ТВ платформа којашто нуди едно сосема ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на корисниците. Новата телевизија е достапна секогаш и секаде и на сите екрани, со слика и звук со висок квалитет, модерен интерактивен интерфејс, пристап до апликации од Google Play Store, ТВ-тека, видеотека, видео клуб, снимање, паузирање, премотување и многу други напредни опции.
„MagentaTV не е само ново име, туку еволуција во телевизијата, којашто е одговор на новото дигитално време и на новите интереси на корисниците. Ние ја почнавме приказната за интерактивна телевизија уште во 2008 година и постојано воведувавме нови функционалности, со кои низ годините ја редефиниравме класичната телевизија. Но MagentaTV е многу повеќе од нова функционалност; тоа е една сосема нова приказна, каде на едно место имате пристап до голем број апликации, а омилените содржини можете да ги гледате каде сакате, кога сакате и на кој уред сакате.“ – истакна Емилија Андоновска, Главен директор за приватни корисници.



Секој телевизор станува паметен
MagentaTV e најмодерно технолошко решение базирано на cloud, со нов уред (MagentaTV Box) и Bluetooth далечински управувач со говорни команди. Со MagentaTV секој телевизор станува паметен преку огромен број апликации достапни на Google Play Store, но и преку однапред инсталирани апликации како: YouTube, HBO Max, GLEY. Дополнително, постои можност за гласовно пребарување низ содржините со помош на Google Assistant. На овој начин сите ТВ содржини и стриминг сервиси се на едно место, достапни преку модерен интерфејс.

Секогаш секаде и на сите екрани
Омилените содржини може да се следат каде и да сте: на компјутер и лаптоп или на смартфон и таблет во движење, преку апликацијата MagentaTV Go. Дополнително, можете да почнете да гледате на еден уред, потоа да паузирате и да продолжите истата содржина да ја гледате на друг уред. На овој начин омилените ТВ содржини не се резервирани само за дневната соба, туку можете да ги следите каде и кога ви одговара.

Одржливо решение за заштита на животната средина
MagentaTV Box е изработен од рециклирана и био-разградлива пластика со пакување од разградливи природни материјали што придонесува за заштита на животната средина. Тој ја носи ознаката Green Magenta, којашто се користи во Групацијата Дојче Телеком за продукти и иницијативи коишто носат позитивна промена за намалување на климатските промени и одговорно користење на ресурсите.
MagentaTV е дел од новото Magenta 1 портфолио во коешто ќе бидат вклучени и неограничен 5G мобилен интернет, роаминг интернет, зголемени оптички брзини и многу други новитети.

Повеќе информации на www.telekom.mk
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Глупо е што мора да земаш нов договор за да земеш MagentaTV Box.

Втора глупост е што го нема како апликација за телевизори.

И трета глупост е што викаат дека каналите се ист квалитет на слика како на MaxTV aма па добро што е и така зошто пола корисници кој знае кога би користеле MagentaTV зошто нема можност за оптика секаде.
 
Top