Чија историја е таа, во нашите учебници?
Нивните велат друго, и сега треба да мислам дека нашиве се во право?
Не, не знам историја, не сакам да знам, испревртена е, не сакам да верувам дека тие или ние ја кажуваме вистината. Јас терам напред, историја искрено не ме интересира воопшто.
Договорот со Бугарија се заснова на резултати од историски комисии, составена од историчари. Нити сум историчар ниту знам историја па да им се мешам во нивната работа, нека тераат и нека се договараат таму. Што подалеку од историја и политика, подобро. Што им фали на златните Американци што не знаат каде е Русија а каде е Украина? А не па да знаат зошто е војната.
Хехе, од една страна велиш што подалеку од историја и политика, подобро, а од друга страна се замараш со глупостите на актуелната градоначалничка на Скопје. Малку си контрадикторна кон самата себеси.
За да можеш да ја толкуваш историјата како веродостојна или не, треба прво да ја научиш, па да ја преиспиташ нејзината веродостојност.
Кога веќе ги спомна златните американци, во сојузната американска држава Калифорнија - таа најбогатата и најнаселената, со речиси 40 (ЧЕТИРИЕСЕТ) милиони жители, матична држава на Епл, Гугл, Фејсбук, Силиконска Долина, Холивуд и гламурот, и да, официјалниот прекар и е` Златната држава - од неодамна на сила стапија законски измени со кои полицијата нема кривично да ги гони крадците кои украле било што во вредност пониска од 1000 (ИЛЈАДА) американски долари.
Непотребно е да се потенцира дека крадците на дебело ја користат ваквата новововедена дупка во законот, а верувај ми, 1000 американски долари во САД имаат далеку поголема вредност во споредба со 1000 македонски денари во Македонија.
Лос Анџелес како една голема самопослуга
Лос Анџелес како една голема самопослуга, втор дел
И верувала или не, ваквите идиотизми се производ на таквите како тебе кои не ги интересира историјата, бидејќи во идните учебници по историја ќе пишува дека едно време крадењето се казнувало со закон, а не било основно човеково право на уличните насилници. За жал таквите како тебе им даваат власт на истите ѓубриња од луѓе наречени политичари во држави од типот на Калифорнија и слични, кои си ја одржуваат својата власт врз принципот "раздели па владеј", така што им пружаат на криминалците заштита од кривично гонење - а човек би помислил дека вакви работи се случуваат само во земји од типот на Македонија - а истовремено ги залажуваат жртвите на истите тие криминалци со заштита од нив и од нивниот криминал, нешто слично како мафијата која наплаќа рекет за да не ти ја уништи продавницата.
Еве ти малку поинаков пример за важноста на историјата: Македонија е секуларна држава од нејзиното возобновување во 1944 година па се` до денешен ден. Последен пат кога родната татковина на Македонците била под несекуларна, односно теократска власт, било во Отоманската Империја се` до 1913 година кога Отоманците конечно се протерани од Македонија.
Кратко објаснување за историски неписмените: Теократијата е општествено уредување во кое државата се управува според верското учење на одредена религија. Тука можат да ти помогнат теленовелите бидејќи во Клон имаш пример за исламистички шеријат, односно исламистичка теократија, каде што мажот е сопственик на жената од раѓање до смрт, и во текот на целиот нејзин живот мажот одлучува што жената смее, а што не смее да прави, и како треба и како не треба да си го живее сопствениот живот.
Ако по некоја игра на судбината, не дај Боже, се случи да дојдат некои теократски фанатици на власт, па ти ги ускратат на тебе основните човекови права кои ги уживаш само бидејќи си женско, може да се најдеш во ситуација во која ќе ти биде забрането да се занимаваш со одредена професија само врз основа на твојот пол, или да ти се ограничи слободата на движењето наводно за твоја лична безбедност и заштита само врз основа на твојот пол.
Имаш добри лекции во учебниците по историја за ова, како на пример Нирнбершките закони воведени во 1935 година во Нацистичка Германија, ако немаш доверба во македонските учебници по историја или во учебниците по историја од било која балканска држава, повели информирај се од германските учебници по историја, во кои сигурно пишува и кои биле сојузници на нацистите и фашистите на Балканот за време на Втората Светска Војна, и против кого се бореле. Или повели информирај се од учебниците по историја на златните американци.
Еве ти една едноставна лекција по историја, за жал денешните генерации не ја учат во училиште, а може да им биде од огромна корист.
Можеш да си измислуваш колку сакаш објаснувања и оправданија, но ниту едно нема да ја објасни, а уште помалку па да ја оправда твојата игнорантност кон историјата.
Благодарејќи на историјата денес знаеме дека робовладетелството е нехумано и од поодамна укинато, во САД мораше да се случи граѓанска војна во втората половина на 19-от век за да се стави крај на ропството. Е сега замисли лекциите за робовладетелството да бидат избришани од учебниците по историја и утре некој ти вели дека ти повеќе не си слободна личност, туку нечија робинка и ќе го поминеш остатокот од својот живот како нечија приватна сопственост и без никакви човекови слободи и права.
Затоа постои историјата, за да служи како предупредување за сегашните и за идните генерации, а колку ти и таквите како тебе ќе одлучите да ја научите историјата за жал зависи само од вас, но земи го ова во предвид: колку поголема игнорантка си кон историјата, толку поскап цех ќе платиш или ти или некој твој близок, или твоите деца во иднина, доколку воопшто ги имаш сега или во иднината.