Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,881
61,895
113
Арсовска е уценета со кривични пријави како што е скандалот со прочистителната станица за Скопје и за уште нерасчистеното дело за палење на автомобилот на претседателката на стопанските комори, за кое има сомнение дека позади него стои лично Данела Арсовска.

Од денес па понатаму Данела Арсовска ќе ја третираме како дел од дезертерската коалиција на антимакедонската СДС, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Дарко Каевски од СДСМ.
Леле престани женооо, палела и коли :haha: :haha: :haha: :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Леле престани женооо, палела и коли :haha: :haha: :haha: :haha:
Престани ти бре дете, понекогаш си за жалење бидејќи појма немаш од историја, ама па од друга страна во вакви моменти делува најприфатливо човек да те охрабри да им се вратиш на турските идиотизми.

Пушти си ја твојата битолска миленичка на максимум и одмарај, сега кога температурите паѓаат под 30 степени Целзиусови ќе имаме убава есен, потруди се да уживаш во истата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: nina

Beauty

Администратор
49,881
61,895
113
Ааа не, Забрането гледам есенва и уз пат фаќам сеир на паѓањето на рејтингот на опозициите.

Да да, Данела Арсовска и историја е исто како што Груевски не учеше дека сонцето изгрева тука и дека немаме ништо со бугарска, грчка и српска историја.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ааа не, Забрането гледам есенва и уз пат фаќам сеир на паѓањето на рејтингот на опозициите.

Да да, Данела Арсовска и историја е исто како што Груевски не учеше дека сонцето изгрева тука и дека немаме ништо со бугарска, грчка и српска историја.
Сонцето секогаш изгрева на исток и заоѓа на запад, тоа важи насекаде низ целата планета Земја, со исклучок на Северниот Пол и Јужниот Пол, каде што ноќта секогаш е најкратка во текот на целата година.

За тоа не ти треба ниту основно училиште да имаш завршено, тоа се основни работи кои и најпростиот и најнеписмениот човек ги знае како Оче наш, а не па некој политичар да те учи за тие основни работи.

Секако дека имаме заедничка историја со Србите, гејците и балканските татари, тие три нации ја имаат поделено и држено Македонија под нивна окупација од крајот на Првата Балканска војна во 1913 година, што ги прави нив наши окупатори, а нас нивни пленови, тоа е заедничката историја што ја имаме со тие народи.

Србите се окупатори на Вардарска Македонија до април 1941 кога Нацистичка Германија и Фашистичка Италија, заедно со нивните сојузници балканските татари и шиптaрските балисти ја окупираат Вардарска Македонија и остануваат на овие простори се` до нивниот пораз во Втората Светска Војна во 1944 година кога е возобновена македонската држава.

Од друга страна, гејците кои на тебе ич не ти сметаат и за кои не ти смета да им ги полниш џебовите со македонски пари, исто како и балканските татари, до денешен ден остануваат окупатори на Егејска Македонија и на Пиринска Македонија.

Така да - да, дефинитивно имаме заедничка историја со Србите, гејците и балканските татари, со Србите делевме заедничка држава од 1944 до 1991 година и воопшто не требаше да дозволиме растурање на таквата држава, но штетата веќе е направена, важно е да научиме од сопствените и од туѓите грешки и глупости за да не дозволиме нивно повторување, за тоа постои и се изучува историјата, како сопствената, така и туѓата.

Гејците на кои ти им ги полниш џебовите со македонски пари, исто како и балканските татари, до денешен ден ги негираат постоењата на македонскиот јазик, македонскиот народ, македонската историја, македонската култура, обичаи и традиции, и се разбира, македонските малцинства кои живеат на териториите од Македонија кои тие ги држат под своја окупација од 1913 година.

Повели отвори книга по историја за да научиш малку повеќе за тоа како и колку македонскиот народ има страдано, и тоа најмногу од сопствените сонародници и домашни предавници, а не од душманските соседи, па можеби ќе разбереш колку незначајни се несветите сојузништва помеѓу пвеводбениците и рамковнистите во Охрид, плавите жолтици и рамковнистите во Кичево, или па политичките игранки кои си ги игра актуелната градоначалничка на Скопје, наспроти велепредавствата кои се случуваат во позадина.
 

Beauty

Администратор
49,881
61,895
113
Чија историја е таа, во нашите учебници?
Нивните велат друго, и сега треба да мислам дека нашиве се во право?
Не, не знам историја, не сакам да знам, испревртена е, не сакам да верувам дека тие или ние ја кажуваме вистината. Јас терам напред, историја искрено не ме интересира воопшто.

Договорот со Бугарија се заснова на резултати од историски комисии, составена од историчари. Нити сум историчар ниту знам историја па да им се мешам во нивната работа, нека тераат и нека се договараат таму. Што подалеку од историја и политика, подобро. Што им фали на златните Американци што не знаат каде е Русија а каде е Украина? А не па да знаат зошто е војната.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Чија историја е таа, во нашите учебници?
Нивните велат друго, и сега треба да мислам дека нашиве се во право?
Не, не знам историја, не сакам да знам, испревртена е, не сакам да верувам дека тие или ние ја кажуваме вистината. Јас терам напред, историја искрено не ме интересира воопшто.

Договорот со Бугарија се заснова на резултати од историски комисии, составена од историчари. Нити сум историчар ниту знам историја па да им се мешам во нивната работа, нека тераат и нека се договараат таму. Што подалеку од историја и политика, подобро. Што им фали на златните Американци што не знаат каде е Русија а каде е Украина? А не па да знаат зошто е војната.
Хехе, од една страна велиш што подалеку од историја и политика, подобро, а од друга страна се замараш со глупостите на актуелната градоначалничка на Скопје. Малку си контрадикторна кон самата себеси.

За да можеш да ја толкуваш историјата како веродостојна или не, треба прво да ја научиш, па да ја преиспиташ нејзината веродостојност.

Кога веќе ги спомна златните американци, во сојузната американска држава Калифорнија - таа најбогатата и најнаселената, со речиси 40 (ЧЕТИРИЕСЕТ) милиони жители, матична држава на Епл, Гугл, Фејсбук, Силиконска Долина, Холивуд и гламурот, и да, официјалниот прекар и е` Златната држава - од неодамна на сила стапија законски измени со кои полицијата нема кривично да ги гони крадците кои украле било што во вредност пониска од 1000 (ИЛЈАДА) американски долари.

Непотребно е да се потенцира дека крадците на дебело ја користат ваквата новововедена дупка во законот, а верувај ми, 1000 американски долари во САД имаат далеку поголема вредност во споредба со 1000 македонски денари во Македонија.

Лос Анџелес како една голема самопослуга

Лос Анџелес како една голема самопослуга, втор дел

И верувала или не, ваквите идиотизми се производ на таквите како тебе кои не ги интересира историјата, бидејќи во идните учебници по историја ќе пишува дека едно време крадењето се казнувало со закон, а не било основно човеково право на уличните насилници. За жал таквите како тебе им даваат власт на истите ѓубриња од луѓе наречени политичари во држави од типот на Калифорнија и слични, кои си ја одржуваат својата власт врз принципот "раздели па владеј", така што им пружаат на криминалците заштита од кривично гонење - а човек би помислил дека вакви работи се случуваат само во земји од типот на Македонија - а истовремено ги залажуваат жртвите на истите тие криминалци со заштита од нив и од нивниот криминал, нешто слично како мафијата која наплаќа рекет за да не ти ја уништи продавницата.

Еве ти малку поинаков пример за важноста на историјата: Македонија е секуларна држава од нејзиното возобновување во 1944 година па се` до денешен ден. Последен пат кога родната татковина на Македонците била под несекуларна, односно теократска власт, било во Отоманската Империја се` до 1913 година кога Отоманците конечно се протерани од Македонија.

Кратко објаснување за историски неписмените: Теократијата е општествено уредување во кое државата се управува според верското учење на одредена религија. Тука можат да ти помогнат теленовелите бидејќи во Клон имаш пример за исламистички шеријат, односно исламистичка теократија, каде што мажот е сопственик на жената од раѓање до смрт, и во текот на целиот нејзин живот мажот одлучува што жената смее, а што не смее да прави, и како треба и како не треба да си го живее сопствениот живот.

Ако по некоја игра на судбината, не дај Боже, се случи да дојдат некои теократски фанатици на власт, па ти ги ускратат на тебе основните човекови права кои ги уживаш само бидејќи си женско, може да се најдеш во ситуација во која ќе ти биде забрането да се занимаваш со одредена професија само врз основа на твојот пол, или да ти се ограничи слободата на движењето наводно за твоја лична безбедност и заштита само врз основа на твојот пол.

Имаш добри лекции во учебниците по историја за ова, како на пример Нирнбершките закони воведени во 1935 година во Нацистичка Германија, ако немаш доверба во македонските учебници по историја или во учебниците по историја од било која балканска држава, повели информирај се од германските учебници по историја, во кои сигурно пишува и кои биле сојузници на нацистите и фашистите на Балканот за време на Втората Светска Војна, и против кого се бореле. Или повели информирај се од учебниците по историја на златните американци.

Еве ти една едноставна лекција по историја, за жал денешните генерации не ја учат во училиште, а може да им биде од огромна корист.


Можеш да си измислуваш колку сакаш објаснувања и оправданија, но ниту едно нема да ја објасни, а уште помалку па да ја оправда твојата игнорантност кон историјата.

Благодарејќи на историјата денес знаеме дека робовладетелството е нехумано и од поодамна укинато, во САД мораше да се случи граѓанска војна во втората половина на 19-от век за да се стави крај на ропството. Е сега замисли лекциите за робовладетелството да бидат избришани од учебниците по историја и утре некој ти вели дека ти повеќе не си слободна личност, туку нечија робинка и ќе го поминеш остатокот од својот живот како нечија приватна сопственост и без никакви човекови слободи и права.

Затоа постои историјата, за да служи како предупредување за сегашните и за идните генерации, а колку ти и таквите како тебе ќе одлучите да ја научите историјата за жал зависи само од вас, но земи го ова во предвид: колку поголема игнорантка си кон историјата, толку поскап цех ќе платиш или ти или некој твој близок, или твоите деца во иднина, доколку воопшто ги имаш сега или во иднината.
 

Beauty

Администратор
49,881
61,895
113
Хехе, од една страна велиш што подалеку од историја и политика, подобро, а од друга страна се замараш со глупостите на актуелната градоначалничка на Скопје. Малку си контрадикторна кон самата себеси.
Па се замарам баш дека се глупости, сеир е во прашање, смешки ми е овој хаос. Кажав и претходно, политичарите во Мк ги доживувам како забава и со еден збор, ги обожавам нивните скандали.

колку поголема игнорантка си кон историјата, толку поскап цех ќе платиш или ти или некој твој близок, или твоите деца во иднина, доколку воопшто ги имаш сега или во иднината.
Ма каков цех, битно е да се тера напред, а не заглавени во војни, агресии, објаснувања, договори, преговори, отиде животот. Си ја сакам и ценам земјата, но историски дилеми оставам на историчари, политички и дипломатски работи оставам на политичари, пандемија на доктори итн.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Па се замарам баш дека се глупости, сеир е во прашање, смешки ми е овој хаос. Кажав и претходно, политичарите во Мк ги доживувам како забава и со еден збор, ги обожавам нивните скандали.
И Германците го доживувале Адолф Хитлер како црн комичар во првите недели од неговото доаѓање на власт во Германија, за помалку од месец дена подоцна бројот на такви кои му се смееле нагло се намалил.

Внимавај што посакуваш бидејќи може да ти се оствари.

Ма каков цех, битно е да се тера напред, а не заглавени во војни, агресии, објаснувања, договори, преговори, отиде животот. Си ја сакам и ценам земјата, но историски дилеми оставам на историчари, политички и дипломатски работи оставам на политичари, пандемија на доктори итн.
Ако сериозно веруваш во ова што си го напишала, тогаш имаш сериозен проблем.

И имаш одлични примери од Македонија за сите три области кои ги наброја: македонската дипломатија е сведена на себе-понижување во замена за ништо, македонските лекари никој не ги слуша за време на тековната пандемија, а истото важи и за македонските историчари, историчарите кои ги следат здравиот ум и разум одбиваат преговарање за сопствената историја со странци.

А ако мислиш дека историјата се сведува на војни, агресии, објаснувања, договори, преговори и не знам што друго, тогаш понеписмена си отколку што делуваш. Историјата се сведува на лекции за тоа како луѓето се организираат во заедници, во општества, во нации. Некои се пример за продуктивна и корисна организација, а некои се пример за деструктивна и штетна организација.

Благодарејќи на историјата денес знаеме дека громот не е израз на Божјиот гнев - како што би те учеле во теократско општество - туку е електрично празнење - како што не` учат денес во секуларно општество. Ти повели бирај во која теорија ќе веруваш, јас повеќе му верувам на Бенџамин Франклин кој го измислил громобранот кој денес ја штити мојата зграда и мојата населба од електричните празнења кои можат да предизвикаат пожар, а не од Божјиот гнев.

И ги имаш безброј други примери од историјата кои се од секојдневна корист на човештвото, само треба да ти текне да ги научиш.
 

Beauty

Администратор
49,881
61,895
113
Ма јасно ми е све ова верувај, ама свесно не сакам да му дадам на значење. Зашто да давам значење, за да се нервирам?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ма јасно ми е све ова верувај, ама свесно не сакам да му дадам на значење. Зашто да давам значење, за да се нервирам?
За да обрнеш внимание наредниот пат кога некој ќе ти продава магла, како на пример денешните велепредавници кои велат дека нивните велепредавства се патот по кој се оди напред, како што ти милуваш да велиш дека е битно.

Повели направи споредба со сегашните настани, а потоа отвори книга по историја и научи какви жртви се дадени на југословенските простори во борбата против ваквото зло.

 

Beauty

Администратор
49,881
61,895
113
Ма никој не ги ферма овие, нити ги слуша, за себе гледам да гледам и идам напред, не затоа што тие кажувале, нивното се кажа и виде на дело. Не, фала.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ма никој не ги ферма овие, нити ги слуша, за себе гледам да гледам и идам напред, не затоа што тие кажувале, нивното се кажа и виде на дело. Не, фала.
Тоа го разбра од лекцијата - дека не ти чинат социјалистите, или болшевиците како што ги пишува во пропагандниот постер ?

Очигледно не ја разбра лекцијата. Лекцијата беше да обрнеш внимание кога некој ти продава приказна за рај кој наводно ќе го заработиш доколку се откажеш од нешто твое.

Терај си ти напред, само немој после да се изненадиш ако испадне дека твојот пат за напред всушност те однел во круг назад на почетокот, но на многу полош почеток.

Пред 100 (СТО) години ова време, во САД се случуваат таканаречените рикачки 1920-ти години, кога американската економија рика бидејќи има пари за сите и забавата делува како да никогаш нема да заврши. Потоа во 1929 година следува многу неубавото будење од сонот, по што следуваат Големата депресија и крајно неубавите 1930-ти години, кои завршуваат со почетокот на Втората Светска Војна.

Отвори книга по историја за да научиш по нешто, нема да те нервира, туку ќе те научи нешто повеќе за човечката психа и за човечката наклоност кон правење на секакви грешки и глупости.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Гледам Бектеши побарал од ИВЗ даваат подршка за мерките штедење за енергетската криза и они даваат подршка а ќе побара и МПЦ да даде подршка.

Зошто овие да даваат јавно подршка за ова? Ќе се смени нешто ако има од нив подршка.
 

Beauty

Администратор
49,881
61,895
113
Секако дека нема, за инает Македонците нема да штедат. :haha:
 

Beauty

Администратор
49,881
61,895
113
Шпицниот градоначалник, рачињата во мед и смалете доживљај мислам и се скрос хит :smeenje:
Дај нека има пак некој ваков настап.

Смалете доживљај на сите мажи таму им кажаааааа :haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Тинекс се продава на косовскиот Вива Фреш.
 

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Тинекс се продава на косовскиот Вива Фреш.
Тинекс нема да постои?
 
Top