Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Аууу што убаво кажано, чекај сега набрзина, вечер ќе си го прочитам пак.
Секако планирам да одам, но планирам и да излезам и запознавам фаци, колку се дружељубиви, колку се секси, дали примиле нешто модерно или не?

Значи мол 212 во Истанбул е евтин, така? Ама да не е пазарџиско, или нормални ствари?

За турскиот ѓеврек, зборуваш во Истанбул или во местото во кое си бил? Колку време беше во градот крај Босфорот?

Ама ја мислам сите агенции се слично срање. Чим има милион агенции кои нудат тури за Ист, рачунај дека сите се исти, евтини, неорганизирани, ужас.

Со бус беше или како?
Со среќа и се надевам надевам дека ќе си најдеш некој згоде убав турчин и ќе ни станеш Турска снаа
 

TVman

Добро-Познат Член
16,695
13,072
113
Капали - чаршија е нешто најубаво. Претопли луѓе, одлична услуга, локумите врв. А и амбиентот баш ми се допаѓа, има душа просторот.

Е сега жал ми беше што туриве на агенциите се.. нон-стоп по молови, ништо не можеш да видиш од градот, нешто автентично како Капали. Ејј во мол можам и во Скопје да одам, вака ни покрај Босфор не успеав еден чај да испијам како човек.
 

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Искуство за Кумбургаз/Истанбул ако сака некој да оди:
Јас бев со Ескејп травел и искрено бескрајно се неорганизирани и тој водичот беше 0, ама сепак преубаво си поминав

Кумбургаз е мало место, чисто, мирно, нема ноќен живот. Водата е доста добра и топла
Цените на плажите се малку поскапи, но вака во ресторан да седнеш се сосема коректни, како кај нас, дури некои работи и поевтини
Храната е преубава, чиниите кога ги носат се преполни, да се прејадеш (Фокачиа е најдоброто место за да јадеш надвор од хотел)
Турскиот геврек е преубав, многу подобар од нашиов, а и поевтин (Некаде околу 17-18 денари доааѓа)

Крстарењето по босфор е едно од најдобрите нешта на одмор во Турција
Исто така супер е и населбата Балат, плоштадот Таксим со улицата Истиклал
Капали чаршија не ја замислував баш така, многу е модернизирана, ама најјако е таму кога се ценкаш. Ти кажуваат цена х3 од нормалната и кој го срам ќе си плати, кој не ќе си се ценка и ќе си ја спушти на нормална цена
Во аквариумот не влеговме 95% бидејќи е скапо, 17евра влез, а молот што е во склоп на аквариумот е прескап. Таму само Старбакс и Мекдоналдс да си земеш и толку.
Аутлетот 212 е многу евтин, само немавме многу време да бидеме таму, на крај не однесоа и многу малку време имавме
Галата Порт како едно од најелитните места во Истанбул е чиста глупост, нема врска, само продавници со цени да те боли глава, исто и рестораните прескапи, нема од кај вода да си купиш


Се на се, не е скапа Турција, ама има места кои се прескапи.

Исто така бевме до едно гратче Силиври, блиску до Кумбургаз
Преубаво место, зградите се обоени во различни бои, и секако таму јадевме риба која беше превкусна.

Турција ви е супер место за одмор, само гледајте со која Агенција одете, онака не е лоша, ама за екскурзиите во Истанбул е тотално не организирана Ескејп
Сум слушал и од другар дека не е нај-нај таа Ескејп.

Цепки тебра. Даница ако добро разбрав прашува дали престанале со обрежување и ислам. :haha: :haha:

Дано, дај отвори некоја тема Туризам и префрли таму патничкиве мислења и од Београд и од Истанбул. Нареден пат да не ги бараме расфрлани, ваму таму.
 

Delux

Добро-Познат Член
688
850
93
Јас бев пред 2-3 месеци со ЈК травел. Една од полошите организации со кои сум бил!

Ама локумите им се ТОП.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,695
13,072
113
Јас бев пред 2-3 месеци со ЈК травел. Една од полошите организации со кои сум бил!

Ама локумите им се ТОП.
Даа, неодамна и во Скопје во Стара чаршија најдов каде продаваат како турските. Превкусно 334545
 

Beauty

Администратор
49,875
61,886
113
Даа, неодамна и во Скопје во Стара чаршија најдов каде продаваат како турските. Превкусно 334545
Kaде има тоа?
Јас бев пред 2-3 месеци со ЈК травел. Една од полошите организации со кои сум бил!

Ама локумите им се ТОП.
Ама изгледа сите за Тр се лоши, а?

Напорно ли е на тоа два три дена што трае?
 

Steff

Добро-Познат Член
33,688
45,239
113
Лелеееее тргни ја веднаш фоткава, морам да земам нешто благо да јадам :406389:
 
Top