Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,891
61,908
113
Нека дојдат тука да ги видам, ќе се удира по ТВто со макарони како со Нато и РТС што беше.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,248
113
Сироти Украинци :( како Србин, не можам да поддржам и не осудам напад на суверена земја, зошто исто се случи и на мојата земја, и зошто таа држава меѓу првите го осудија бомбардирањето на мојата земја.

За Америка, Русија ми е гајле, сѐ најлошо им посакувам. Ретардирани држави кои се мајтапеат со другите држави и меѓународното право зошто се најголеми светски сили, им се може. А и што друго може да се очекува од држави кои за претседатели имаат ликови како Трамп, Путин, Бајден итн.

Како и да сѐ, се надевам дека сето ова што побрзо ќе заврши и со што помалку жртви, но не сум оптимистичен гледе целата ситуација.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,106
113
Народот ќе го крка најлошото од оваа војна.

Покрај многу жртви ќе се осети и премногу голема криза. Ќе се качува цената на гасот, бензинот, нафта.. Еве одма поскапел гасот.
 
Beauty

Администратор
49,891
61,908
113
Сироти Украинци :( како Србин, не можам да поддржам и не осудам напад на суверена земја, зошто исто се случи и на мојата земја, и зошто таа држава меѓу првите го осудија бомбардирањето на мојата земја.

За Америка, Русија ми е гајле, сѐ најлошо им посакувам. Ретардирани држави кои се мајтапеат со другите држави и меѓународното право зошто се најголеми светски сили, им се може. А и што друго може да се очекува од држави кои за претседатели имаат ликови како Трамп, Путин, Бајден итн.

Како и да сѐ, се надевам дека сето ова што побрзо ќе заврши и со што помалку жртви, но не сум оптимистичен гледе целата ситуација.
Физички може и ќе заврши, но последиците се далекусежни.
Економски реперкусии, енергетска криза, тек ќе го јадеме. Возење кола веќе ни под разно.
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Да дадам краток коментар, оти темата не ми е специјалност но и е долга и широка...

Русија сака да си земе територии што некогаш ѝ припаѓале, пред стотици години... То е исто како Македонија да сака да ги врати Егеј и Пирин сега...
Украинската држава трпи проблеми од соседите, исто како Македонија... Украинскиот народ не го признавале порано како посебен, исто како Македонскиот... Украинската православна црква не ја признаваат, исто како МПЦ-ОА.
Русија ѝ одзеде дел на Украина, односно го анектираше Крим, исто како шо т.н. западен свет го одзеде Косово од Србија.
За разлика од НАТО, Русија мава само по воени и стратешки позиции, а не по цивилни објекти, што е за поздрав и изненадување.
НАТО во моментов не може да се вмешува, оти Украина не е нивна членка.
Да се разбереме, Русите воопшто не ги сакам, никогаш сме немале ништо со нив историски, сите тие приказни шо ги пласираат овде, се хибридна стратегија за градење на панславјанскиот свет... Најдобро го одсликува нивното одмагање договорот од Сан Стефано и создавањето на Големата татарска творевина што ден денес ја слават татариве... Оние што ја поддржуваат Русија во ситуацијата, нека си се запрашаат, што би било ако реши племенската заедница да се крене и да ни отцепи третина од територијата.
Одлуката на Славјанка пред некое време да прави план за војна, не е за смеење, туку за поздрав. Денешните вонредни седници на Влада и СБ се за поздрав.
Нереагирањето на Србија неќам ни да го коментирам, оти игра на сто столици, па ќе падне кога-тогаш.
Да се разбереме, Косово беше почетната каписла за сите следни немири. Следно може да биде Кина да го окупира Танвај, Турција да окупира делови од Кипар, Израел да си воспостави целосна контрола врз територијата, Турција може да почне да праи проблеми кај Сирија... Да не зборам што на тлото на Европа постојат 100на територии што сакаат независност.
Ние со Украинците си имаме блиска соработка, да се присетиме дека „браќата“ руси одбија помош, но затоа Украинците ни помогнаа во 2001ва со опрема. Украинскат академија на науките смета дека со нив сме дури и доста директно поврзани како народи, но ми треба подетално да се присетам што беа нивните научни студии за поврзувањето, па ќе ми извините што не можам сега да елаборирам подетално за тоа.

Едно од решенијата е да се воспостави модел на федеративно уредување, налик на БиХ, што одма е осудено на пропаст поради нефункционалноста на БиХ.
Но во секој случај, настаните се контролирани засега и не би требало да екскалираат надвор од територијата на Украина.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,248
113
Апсолутно се согласувам со постот, од прв до последен збор.

Нереагирањето на Србија неќам ни да го коментирам, оти игра на сто столици, па ќе падне кога-тогаш.
Срамотилоци тешки. Читав денес дека онаа гнасотија и мизерија наречена Вучиќ тресна нешто дека нема да осудува додека Зеленски не осуди агресијата во 1999 :povraka: а Украина беше една од првите земји кои ја осудија агресијата и плус една од земјите кои дадоа хуманитарна и логистичка помош во текот на бомбардирањето.
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Апсолутно се согласувам со постот, од прв до последен збор.

Срамотилоци тешки. Читав денес дека онаа гнасотија и мизерија наречена Вучиќ тресна нешто дека нема да осудува додека Зеленски не осуди агресијата во 1999 :povraka: а Украина беше една од првите земји кои ја осудија агресијата и плус една од земјите кои дадоа хуманитарна и логистичка помош во текот на бомбардирањето.
... а коментарот на Дачич воопшто не ни треба да се коментира, баш сега го прочитав...

Ау Јефто, конечно пост што ти држи за разлика од твоине провмровски утопии :406389:
А шо, ти демек не си провмро? хахаха Шега на страна, сите досегашни коментари што сум ги пишал, имало причини и биле такви какви што се, но за жал одредени околности ги смениле отпосле. Но во секој случај, фала на пофалбата шефица хаха <3
 
Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,248
113
... а коментарот на Дачич воопшто не ни треба да се коментира, баш сега го прочитав...
Да, да, мада тоа ми е и очекувано, сепак тој е рускиот човек, а и тоа што кажа е нешто што од 2014 наоваму се зборува. Ништо ново.

Ова на Вучиќ е дно дна, ама па и од тој може да се очекува ваква срамота зошто тој и не е човек, туку куга људска што би рекле неговите радикалки.

Ама сепак колку и да е предвидливо и очекувано, секогаш, ама секогаш успева да изненади со неговиот недостаток на било каква емпатија зошто секоја следна срамота е поголема и уште победна од минатата.
 
Не си свесен колку го величаат типов во Македонија. :) Ама иди објасни им на македонскиве ексепрти...

Ја пропуштив и БиХ и ентитетот РС. Тамошниот Додик е посебна петарда што треба да се острани од политичката сцена.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,248
113
Не си свесен колку го величаат типов во Македонија. :) Ама иди објасни им на македонскиве ексепрти...
Знам, знам... Еве имаме на форумот голем фан на Вучиќ, Палма и Дачиќ :pie kafe:

Тамошниот Додик е посебна петарда што треба да се острани од политичката сцена.
Да, но не сум многу оптимистичен гледе тоа. За жал.
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,182
21,626
113
онаа гнасотија и мизерија наречена Вучиќ
Срамота... А на секое ти уплаќа 100€ + 100€ + 100€ + 100€ ...

Имам и порака како лично те информира кога ти ги извршува уплатите, ама ај, да не го објавувам сеа тоа на форум. :haha:
 
Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,248
113
Срамота... А на секое ти уплаќа 100€ + 100€ + 100€ + 100€ ...
И од тоа зема 200€ + 200€ + 200€ + 200€...

Имам и порака како лично те информира
Бахахахахахахахахах ај не измислувај пораки како Аслан што ги измислува имиња.
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,182
21,626
113
И од тоа зема 200€ + 200€ + 200€ + 200€...

Бахахахахахахахахах ај не измислувај пораки како Аслан што ги измислува имиња.
Јас... да измислувам? Ова е навреда веќе. Страшно!

Повелете доказ:

Народ гледа!
 
Top