Да дадам краток коментар, оти темата не ми е специјалност но и е долга и широка...
Русија сака да си земе територии што некогаш ѝ припаѓале, пред стотици години... То е исто како Македонија да сака да ги врати Егеј и Пирин сега...
Украинската држава трпи проблеми од соседите, исто како Македонија... Украинскиот народ не го признавале порано како посебен, исто како Македонскиот... Украинската православна црква не ја признаваат, исто како МПЦ-ОА.
Русија ѝ одзеде дел на Украина, односно го анектираше Крим, исто како шо т.н. западен свет го одзеде Косово од Србија.
За разлика од НАТО, Русија мава само по воени и стратешки позиции, а не по цивилни објекти, што е за поздрав и изненадување.
НАТО во моментов не може да се вмешува, оти Украина не е нивна членка.
Да се разбереме, Русите воопшто не ги сакам, никогаш сме немале ништо со нив историски, сите тие приказни шо ги пласираат овде, се хибридна стратегија за градење на панславјанскиот свет... Најдобро го одсликува нивното одмагање договорот од Сан Стефано и создавањето на Големата татарска творевина што ден денес ја слават татариве... Оние што ја поддржуваат Русија во ситуацијата, нека си се запрашаат, што би било ако реши племенската заедница да се крене и да ни отцепи третина од територијата.
Одлуката на Славјанка пред некое време да прави план за војна, не е за смеење, туку за поздрав. Денешните вонредни седници на Влада и СБ се за поздрав.
Нереагирањето на Србија неќам ни да го коментирам, оти игра на сто столици, па ќе падне кога-тогаш.
Да се разбереме, Косово беше почетната каписла за сите следни немири. Следно може да биде Кина да го окупира Танвај, Турција да окупира делови од Кипар, Израел да си воспостави целосна контрола врз територијата, Турција може да почне да праи проблеми кај Сирија... Да не зборам што на тлото на Европа постојат 100на територии што сакаат независност.
Ние со Украинците си имаме блиска соработка, да се присетиме дека „браќата“ руси одбија помош, но затоа Украинците ни помогнаа во 2001ва со опрема. Украинскат академија на науките смета дека со нив сме дури и доста директно поврзани како народи, но ми треба подетално да се присетам што беа нивните научни студии за поврзувањето, па ќе ми извините што не можам сега да елаборирам подетално за тоа.
Едно од решенијата е да се воспостави модел на федеративно уредување, налик на БиХ, што одма е осудено на пропаст поради нефункционалноста на БиХ.
Но во секој случај, настаните се контролирани засега и не би требало да екскалираат надвор од територијата на Украина.