Додека не се докаже дека и Апасиев е како досегашниве две страни на паричката, мојот глас ќе оди за него.
Ако не седи мирен и се насочи кон рушење на невакцинираните, ќе се докаже нештото...
Рано е па и ти за гласови, тек за три ипол години ќе одиме на парламентарни хахаха.
Слаба си со предвидувањата... Еве да речеме нешто есенско се прогнозира во пакет со локалните... На големо партиите праат анкети не само за локалните, туку и за парламентарни избори.
А опозициската партија дури и има веќе некои фигури што би ги номинирала, еден од нив е универзитетски професор, поранешен вицепремиер и амбасадор... Но рано е уште да се каже дали тој ќе биде конечно решение или не...
Па нели Боки болен беше? Цело време се жалеше на судењата. Абе ајде банана држава
Како што се шпекулира, мотото на кампањата што ќе ја води Боки-13 за иден лидер на СДСМ е „Декриминализација на СДСМ“.
plusinfo.mk
Не вреди да се коментира ова...
Но вреди да пецнам околу безбедносните НАТО сертификати...
Еве да речеме дека Заев, Пендаровски, Шеќеринска, Спасовски, Маричиќ, Димитров, Османи, Џафери... Сите овие се одбиени по основ на „можна корупмпираност“ или „можна соработка со странски контаминирани ентитети“ или пак по основ на двете заедно.
После ова ќе ви стане јасно зошто сме банана експериментална територија и имаме проблем за почеток на преговори со ЕУ или пак испраќаме воени лица во НАТО што имале непријавени контакти... Да биде иронијата поголема, еден шеф на директорат во една од нашите агенции има афера со „ластовица“ од друга служба, а со тоа секако не поминува ни полиграфско тестирање...
Од друга страна, еве да прашам, шу мислите, зашто Еролд Муслиу (на АР) 12 години неќе да праи полиграфско тестирање... Или Виктор(ио) Димоски (на АНБ) во документи на американсата дипломатија е квалификуван како „во џебот на Белград“... Или Горан (од ССВБиР) не може да добие безбедносен сертификат?
После сето ова, ќе сфатите зошто лесно се продаде името и кој не' води во пропаст... Најголемите вршители на нужда (си ја сакам кованицава) што гракаат за антизападно влијание, всушност се најрадиоактивни со тоа влијание...
Ај доста е тука куцање, следна прилика нешто плус.