Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Се качува контрола велат билет и викам ја забобравив скопската. Дај лична карта и јас велам немам, а и не носам со себе лична карта и вика кај одиш и викам на психијатар одам и они дома се тргнаа, ме оставија на мир.

Ми се има случено се кажувам во 57 ца за накај дома и се качува контрола и ме симнаа на следната постојка и викам ајде ќе се качам во 50 ка до битпазар па ќе си фатам 57 ца. Се качувам во 50 ка на следната станица пак истите контролори што ме симнаа од 57 ца и се кријам по автобусот во двокатен и успеав да им избегам.

Се качувам во автобус се качува контрола се качија на спрат горе . Ми бараат карта јас немам потоа лична карта немам им кажави и вика имаш лична карта. Јас велам луѓе ви кажав немам и така нервозно вадам се од педерката и викам ете немам. Велат симни се на следната станица и јас се симнав одозгора доле и стојам на врата за да се симнам . Ми викаат од кај си јас каќав и вика дојди седни овде има место и велам не ќе се симнам. Се симнав и они се симнаа со мене. Ми викаат на автобуска да не не снимаше со тел дај да видиме а јас во рака го држев и викам штооо нормални ли сте вие цело време со мене бевте, а автобусот уште на постојка се спрема да тргне. Им велам ова нема да остане на ова ќе видите вие многу убаво , а и не носеа они маска. Велат контролорите на шоферот почекај мајсторе и ми викаат качи се во автобусот ќе те однесе кај што треба. Буквално ме молеа да се шверцам хаха
 

Developerv2

Администратор
337
751
93
Овој ресивер ми се допаѓа ама од али експрес ништо немам купенно до сега. Како оди тоа за колку дена би стигнал ресиверот, треба ли дополнителни пари пример испорака, како се плаќа кога ќе стигне ли или со картичка?
Јас имам искуство со пазарување од Алиекспрес и онлајн продавници, на Али сигурно имам над 300 нарачки до сега и се е ок, се случувало да ми вратат пари за пратка што не стигнала(заглавила во некоја пошта) а после месец дена да ми стигне и пратката :406389:

Имам нарачано до сега се и сешто, облека, телефони, андроид боксови, иптв итн...многу е битно да обрнете внимание на фидбекот(на производите) и секако на доставата. Во последно време доставата е качена драстично благодарение на Македонски пошти..
Постапката е едноставна за секој, бираш производ го ставаш во кошничка и наплаќаш со кредитна картичка..
 

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Мене ме имаат фаќано многу пати без карта ама јас или ќе избегам на контрола или ќе матам некои работи ќе измислувам ќе лажам и ќе ме остават на мир :haha:
Никогаш немам платено карта во јсп и во приватни автобуси ни казна, а ме фаќале
Криминалец со тапија. :smeenje:
 

Steff

Добро-Познат Член
33,703
45,248
113
И што е филмов сега со новиот корона вирус? :off:
Абе ајде, ова мене ми личи како некој да си игра играчки со светов, стварно ќе почнам да верувам во теории на заговор веќе.
Абе какви црни теории на заговор, нормално е да се појавуваат нови верзии, мутации на вирусот. Е сега, дали тие мутации ќе бидат подобри, или уште полоши од досегашна верзија, можеме само да се надеваме на подобро.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
И што е филмов сега со новиот корона вирус? :off:
Абе ајде, ова мене ми личи како некој да си игра играчки со светов, стварно ќе почнам да верувам во теории на заговор веќе.
Е па и самата си кажа дека мразиш историја, а баш кога сме кај пандемијата на корона вирус, не мораш да бидеш нешто многу заинтересирана за историјата за да бидеш барем малку информирана за развојот на актуелните настани од почетокот на 2020 година па наваму.

Јуни 2020 не беше толку далеку, само што имаш слабо помнење.

https://forum.tvpaket.com.mk/threads/Политика-и-економија.7706/post-177267

Второто ќе да е - задруга.

Од Чарлс Дарвин па наваму, современата наука се темели врз општо прифатениот став дека сите живи организми мутираат, односно еволуираат.

Општо е познат фактот дека вирусите - кои исто така се живи организми - исто така мутираат, односно еволуираат. Токму како последица на ваквата еволуција, вакцина против грип од пред 10 години нема да помогне нешто многу против денешниот грип, бидејќи како што човечкиот организам се прилагодува на околностите и по пат на еволуција стекнува до некаде ограничен имунитет против грипот, така и грипот се прилагодува на околностите и по пат на еволуција стекнува имунитет против одредени вакцини.

Истото важи за сите живи организми, вклучувајќи ги и сите вируси.

Но во балканската задруга, министер за здравство отворено и јавно изјавува дека пандемиски вирус мутирал - еволуирал - и како последица на тоа ослабел, односно повеќе не предизвикува иста штета врз човечкиот организам како што предизвикувал кога за прв пат се појави и кога беше прогласена пандемија од истиот вирус.

Научната заедница под мутација подразбира природни промени кои предизвикуваат еволуција, а не де-еволуција. Природна промена е преминувањето од зима во пролет, кога грипот не слабее, туку нема услови за да продолжи да се шири, што не значи дека му се случила де-еволуција, туку запрело неговото ширење, што не значи дека не живее во некој друг организам кој му служи како домаќин и ја чека наредната зима за да се пренесе повторно во нечиј човечки организам за повторно да почне да се шири.

Во нормална држава научната заедница веднаш јавно би реагирала со цел да ги оспори ваквите тврдења на министерот за здравство, нешто слично како што во САД научната заедница редовно ги оспорува приказните на Доналд Трамп од типот "станува збор за обичен грип", "лек за маларија помага против корона вирус", "треба да се обидеме да изнајдеме начин да им пружиме терапија со средства за дезинфекција на заболените од корона вирус" и слични бисери. Но во балканската задруга научната заедница или молчи - а како што знаеме, молчењето значи одобрување - или глуми лудило велејќи дека не се согласуваат со министерот за здравство, но сепак ги прифаќаат неговите одлуки.

Патем, има ли научна заедница во балканската задруга ?
Тие кои не си ја знаат историјата осудени се истата да им се повтори.
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
Ма каква историја, ми притребала, па и ти.
Дaj нешто како Ендош, Естрамботика... историја па и ти :haha:

Се шалам, ама стварно немам ни време ни живци за да памтам дека сме дискутирале за еволуцијата на Чарлс Дарвин.
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
Турчинка е секако сестра на зет ми е. Зет ми е маж на братучетка ми од страна на мајка ми . Она е уште мажена за еден бедник турчин е тој маж и имаат и дете.
:haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha:

На вакво семејство и Аргунови може да позавидат.
 

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
:haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha:

На вакво семејство и Аргунови може да позавидат.
Не се шегувам Дано. Поради ковидов свадба веселба нема да праиме само потпис матично ама после ковидов ќе направиме свадба каква што ни доликува
 
Top