Dexter26
Добро-Познат Член
- 4,074
- 406
- 83
А зошто па да не ?Зошто мора свечено отварање на бензинска пумпа, маркет и кафетерија митрополит и попови да ја благословуваат?
Особено бидејќи станува збор за приватна инвестиција, инвеститорот може/инвеститорите можат слободно да прави/прават што сака(ат) со сопствениот имот и кого сака(ат) да го покани/поканат на отворање.
Можеби сопственикот е верник/сопствениците се верници, или па е/се во долгови кон владиците/поповите/црквата, можеби е/се во блиски односи со владиците/поповите/црквата, можеби некој близок до владиците/поповите/црквата ги рекетира, или па можеби владиците/поповите/црквата е/се инвеститор(и) во сенка.
Сосема во ред е да се дискутира што бараат попови, оџи, рабини и други лица претставници на религиозни организации при изградба или пуштање во употреба на државни/јавни патишта, мостови, тунели, канали, објекти, но кога станува збор за приватна инвестиција тоа си е целосно право на избор на приватниот инвеститор/приватните инвеститори.