Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Зошто? Користев Телекабел оптички 40/40 и ниеднаш не падна во 6 месеци додека работев. Постојано држеше брзина од 37/39

За разлика од Телеком што се тешки непрофесионалци и имам само лоши зборови.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Зошто? Користев Телекабел оптички 40/40 и ниеднаш не падна во 6 месеци додека работев. Постојано држеше брзина од 37/39

За разлика од Телеком што се тешки непрофесионалци и имам само лоши зборови.
Воопшто не планирам да ги бранам ниту техничарите на Македонски Телеком кои работат на терен, ниту вработените во контакт центрите за техничка поддршка.

За жал позитивното или негативното искуство со Македонски Телеком доаѓа претежно и исклучиво од тоа каков техничар или каков телефонски агент ќе те услужи, некои си ја сфаќаат сериозно работата, а некои само се шлепаат врз роднински или пријателски врски, типично македонски идиотизам.

Тие кои сериозно си ја сфаќаат работата ќе направат се што можат за да ги решат твоите проблеми - се` додека е во нивните можности, се разбира, додека тие кои се шлепаат врз роднински или пријателски врски вообичаено или ќе бидат крајно груби и некултурни кон тебе, или нема да се посветат посериозно за да ги решат твоите проблеми.

Еве баш вчера бев кај син на пријател на татко ми, кој направил преселба на постоечка претплата на оптички Интернет од Македонски Телеком, на старата адреса ги имал симетричните Интернет брзини 100/100 кои доаѓаат со Интернет L пакетот, а на новата адреса не му оди погоре од 60/60.

Од контакт центарот на Македонски Телеком му рекле дека тоа е максимумот што следува со пакетот, што е чиста лага, бидејќи максимумот на Интернет L пакетот е 100/100, како што и било на старата адреса на која живеел дечкото. Јас го советував да продолжи да им се јавува во контакт центарот и да им се жали, бидејќи или проблемот е кај нив во централата, или оптичкиот кабел не е добро наместен и поврзан, поради што не може да се достигне очекуваната Интернет брзин.

Но кога сме кај Телекабел, верувал(а) или не, ти си првата личност од која читам позитивни критики за Телекабел.
 
dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Користев пред неколку години и помал пакет на Телекабел, не знам што брзина имаше, го земав ради тоа што можеш да го откажеш кога сакаш без да плаќаш пенали, не ми текнува да имав ни тогаш поплаки, ниту пак да ѕвонам по кол центриве и да се расправам.

За разлика од тоа, Телеком се идиоти невидени. Им ѕвонам, имате можност за оптика на мојава адреса? Имаме дечко, појди во салон, идам таму, потпишувам барање, само што отидов фома, ми ѕвонат немале опција за мојава зграда.

Ок, ајде од фирма ќе сределе имале човек во Телеком, му ги кажуваат брзините што ни требаат за работа, минимум 30/20, не е проблем, ќе направиме, ќе средиме. Го земам пакетот, идам дома, само 17/1 брзина, па оди раскинувај договор, па нареден месец пуштај жалба што ти стигнува сметка, а ти си ја вратил опремата за 1 ден. Живци ми скинаа.

И сега откако се преселив во нов стан, газдата ставил нет од Телеком, посрање интернет немам користено, постојано паѓа.

Така што за мене Телеком се голема нула.
А богами исто мислење имам и за бивши ОНЕ. Пред 7-8 години со нив, поради нивна грешка, менуваа траси или што ти знам, немав интернет цел месец. И ми стигна фул сметка за плаќање, среќа имав познат таму, па ми среди наредниот месец да биде сметката коригирана.

Заклучок, во земјава нема саглам интернет. Сè е на принцип како ќе ти се погоди.
 
Мене одлично ме служи оптичкиот Интернет на Неотел преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, за мене лично дефинитивно е саглам Интернет. Не бидејќи така ми се погодило, туку бидејќи сам го пуштав оптичкиот кабел кај мене дома, сам го направив поврзувањето и сам си пуштив оптички сигнал пред воопшто да поднесам барање за Нео Трио 50 пакетот од Неотел.

Оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком е светлосни години пред оптичката телекомуникациска мрежа на Телекабел - која од гледна точка на квалитет е тапа, имам спомнато во темава дека дефинитивно Телекабел имаат одличен оптички кабел, но за жал тука завршуваат позитивните критики за нивната оптичка телекомуникациска мрежа.

Од контакт центрите, а и од салоните на Македонски Телеком можат се` и сешто да ти понудат и да ти ветат, вистинската ситуација на терен е тотално поинаква. Бидејќи едно време имам местено оптички кабли за Македонски Телеком и имам пријатели и колеги кои работат или за Македонски Телеком или за некој од нивните приватни подизведувачи, можам да ти потврдам дека теренските техничари секојдневно се соочуваат со незадоволни корисници поради приказните и ветувањата кои им ги дале од некој од контакт центрите или салоните на Македонски Телеком.

Доколку живееш во нов стан, или подобро кажано во комплетно нова станбена зграда, тогаш најлесно ќе откриеш дали има техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во твојата зграда со проверување дали низ ходниците на катовите има катни сандачиња со логото T-Home или логото T на Македонски Телеком.

Доколку ги има овие сандачиња во твојата станбена зграда, тогаш биди сигурен/сигурна дека има техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а преку истата можеш да користиш и оптички Интернет од А1 Телеком и/или од Неотел.

На газдата можеби не му чини рутерот доколку го користи Интернетот преку безжична Wi-Fi мрежа, лекот за тоа е пријавување на дефект во контакт центар и барање за промена на рутерот со нов. Доколку му дале рутер од француските циркузанти Сажем, чудо е како воопшто му функционира Интернетот, а не тоа што Интернетот му е срање.

https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/Sagemcom F@ST 5655V2 AC.pdf

Од друга страна, доколку само станот ти е нов, а станбената зграда нема ниту н од нова, тогаш можеби газдата го поврзале на бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, и најверојатно сигналот е катастрофален, поради што ниту нов рутер нема да го реши проблемот со срање Интернетот, туку само репликација од бакарната кон оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - доколку е технички изводливо во станбената зграда.

Инаку можеш да земеш Интернет пакет од Македонски Телеком без обврзувачки договор и да го раскинеш истиот кога сакаш, само што во таков случај ќе мораш да им платиш 1.999 денари за монтажата и ќе плаќаш поскапа месечна претплата за пакетот. Но битно ќе можеш да го откажеш кога сакаш, а ако сепак бидеш задоволен/задоволна од пакетот, тогаш ќе ти дозволат било кога да потпишеш обврзувачки договор на 12 месеци или на 24 месеци за било кој пакет, бидејќи нели полесно е да го држиш корисникот врзан со обврзувачки договор, па макар и за некој поевтин пакет, отколку корисникот да може било кога да се откаже без разлика кој пакет го користи.
 
NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Гледам дека тука сте поактивни вие што се разбирате во технологија, ама не би сакал да спамирам. :406389:

Помош?

Не ми е важен моделот, нити ми треба ХД квалитет. Битно ми е само да функционира и да е со нормална цена. :)
 
Станот е прилично нов, ама зградата е далеку од нова. Рутерот е ТП линк, ама далеку од нов е. Тие антените што ги има, едната е доста лабава, ко на влакно да се држи. И плус делот кај што треба да е бел напред е пожолтен. :cekam:

Невозможна мисија е да се поврзеш на рутерот преку вифи на мобилен. Се поврзува, дава извичник и дека интернет можно е да нема, па го рестартирам рутерот преку телефонот, па тогаш после 5 минути се поврзува.

Низ ходниците имам видено кутија само од Телекабел, а деновиве ги видов Телеком дека се низ маалово, газдата викаше дека пуштиле кабел до влезот на зградата.

Се надевам ќе среди газдава до крај на месецов и пушти оптика, ако не ќе барам јас да си пуштам. Не можам да кинам живци со тоа.
 
Дали си 100% сигурен/сигурна за ова со ТП Линк ?

Македонски Телеком воопшто не дава такви рутери на користење, што говори дека погрешно си информиран(а). Даваат свичеви од ТП Линк на корисници кои користат MaxTV на повеќе од 3 телевизори, но свичевите се жични и ниту имаат антени, ниту емитуваат било каков безжичен сигнал, а истовремено Македонски Телеком дава и Wi-Fi екстендери од ТП Линк, но тие не доаѓаат со антени, што значи дека најверојатно газдата не користи Интернет од Македонски Телеком.

Еве ти ги упатствата за трите најкористени рутери кои Македонски Телеком им ги дава на корисниците на нивната оптичка телекомуникациска мрежа - без разлика дали се корисници на Македонски Телеком или на А1 Телеком/Неотел. Единствено црниот рутер од Сажем од чие што упатство објавив линк погоре во пост #504, го даваат само на корисници на Македонски Телеком бидејќи истиот не може да се конфигурира за да се поврзи со централите на А1 Телеком и/или на Неотел.

https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/Овозможување на WPS копчето кај HG8245 (црно) и поврзување репетитор.pdf

https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/Овозможување на WPS копчето кај HG8245H (бело) и поврзување репетитор.pdf

https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/Овозможување на WPS копчето кај HG8145V5.pdf

Доколку рутерот кој газдата го користи не е како трите модели прикажани во упатствата, тогаш слободно можеш да дојдеш до заклучок дека газдата воопшто не користи Интернет од Македонски Телеком.

Кога сме кај катните сандачиња од Македонски Телеком, тоа треба да провериш дали го има во станбената зграда низ ходниците.

На едно катно сандаче може да се поврзат до 12 корисници, што значи дека доколку зградата ги има помалку од 12 стана во влезот, тогаш би требало да има само едно или максимум две сандачиња.

Доколку има до 4 станови на еден кат, вообичаено има едно сандаче на секои 2 или 3 ката, доколку има до 6 станови на еден кат, вообичаено има едно сандаче на секои 2 ката, а доколку има повеќе од 6 станови на еден кат, тогаш би требало да има сандаче на секој кат.

А доколку газдата користи Интернет преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш еве ти линкови од упатствата за рутерите кои Македонски Телеком ги дава на корисниците на неговата бакарна телекомуникациска мрежа - и ниту еден од нив не доаѓа со антени.

https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/Fritz!Box Fon WLAN 7270.pdf

https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/ZTE ZXV10 H201L.pdf

https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/ZTE ZXDSL 931 VII.pdf

https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/Speedport W 503V.pdf

https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/Speedport W 101 Bridge.pdf

https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/Speedport Plus.pdf

https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/Speedport Entry 2i.pdf
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
...

А доколку газдата користи Интернет преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш еве ти линкови од упатствата за рутерите кои Македонски Телеком ги дава на корисниците на неговата бакарна телекомуникациска мрежа - и ниту еден од нив не доаѓа со антени.

https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/Fritz!Box Fon WLAN 7270.pdf

...
Мала поправка:

Сепак првиот рутер од списокот - Фриц Боксот, доаѓа со антени, поточно понекогаш доаѓа со антени, а понекогаш не доаѓа со антени, но сепак не е ТП Линк, и како што веќе спомнав, се дава на корисници на бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а не на корисниците на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
 
dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Ме мрзи да ти сликам па да ги намалувам сликите другар, ама ТП линк е рутерот. Не реков дека им е даден од Телеком, може си го купиле, а како знам дека имаат Телеком интернет е што ми го праќашр газдата договорот со Телеком, а во станот има и ресивер за Телеком телевизија.
 
Се тоа е во ред другар, но најверојатно газдата користи Интернет од Македонски Телеком преку старата - бакарната - телекомуникациска мрежа, а не преку новата - оптичката - телекомуникациска мрежа.

Бидејќи велиш дека станува збор за стара станбена зграда, можеш и ваквата мистерија да ја разрешиш - дали над влезната врата има пластичен канал за сместување на кабли, како каналите прикажани на Интернет страниците кон кои водат наредните линкови ?

http://www.loging.mk/384/173325/0/ShowProduct/Plastichen_Kanal

http://www.loging.mk/384/171454/0/ShowProduct/Plastichen_Kanal

Доколку има ваков канал над влезната врата од станот, дали од истиот канал излегува кабел кој влегува внатре во станот, а на крајот истиот евентуално да завршува кај главната телекомуникациска линија од Македонски Телеком, односно кај самиот рутер кој од Македонски Телеком му го дале на газдата на користење ?

Доколку го нема каналот или доколку нема таков надворешен кабел кој завршува кај рутерот, тогаш слободно можеш да заклучиш дека газдата воопшто не користи оптички Интернет од Македонски Телеком, што секако дека придонесува за слаб Интернет, бидејќи бакарната телекомуникациска мрежа нема баш многу за да понуди во конкуренција со оптичката телекомуникациска мрежа.

Од друга страна, сега кога се разбравме дека газдата користи безжична Wi-Fi мрежна врска преку втор рутер од ТП Линк, слободно можеш да ги отпишеш Македонски Телеком како главен виновник за лошата безжична Wi-Fi мрежна врска, лекот е газдата да си купи нов и асален рутер за подобра безжична Wi-Fi врска или да се поврзете на безжичната Wi-Fi мрежа од рутерот од Македонски Телеком - доколку знаете како да се снајдете за да се поврзите со истата.

@Beauty, @Developerv2 Ве молам да се префрлат сите коментари од оваа тема од пост #498, заклучно со овој пост, во темата Интернет провајдери во Македонија, бидејќи ептен отидовме оф-топик на оваа тема. Има и други оф-топик коментари поназад, но подобро е да не се префрлуваат во други теми бидејќи сепак директно или индиректно се поврзани со оваа тема.
 
Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Ако го активирам овој HBO пакетот поради 5 години од Магента дали после ќе ми го наплатат во месечната сметка? Прочитав на нивната мобилна апликација, но се предомислив нешто не ми штимаше, пишеше дека ќе го наплатат во месечата претплата.
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,180
21,623
113
До 15.01.2021 година е гратис. Ако не го деактивираш до овој датум, после тоа ќе ти го наплатат.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Изгледа ќе има начин да ги гледаат Аrena Sport каналите и оние кој не се на Телеком МК МаxTV.

Arena Cloud услуга на претплата каде може да се гледаат сите Arena Sport канали плус уште неколку тв канали, радио канали и видеотека со српски серии и филмови. Според веста на линкот ова ќе биде достапно и во Македонија затоа пишав погоре дека ќе има начин да ги гледаат овие спортски канали и оние кој не се на Телеком МК освен ако не им текне во некое време да ја направат само за корисници на Телеком МК, Телеком Србија и други оператори кој ги имаат Аrena Sport пакетот канали.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Нови канали на Макс тв:
71 Nova S
108 Brainz
124 Brainz HD
222 Pikaboo HD
223 Vavoom HD
315 SK Esports
326 Fight channel
339 SK 7
340 SK 8
341 SK 9
342 SK 10
348 SK 4 HD
349 SK 5 HD
350 SK 6 HD
401 IDJ TV
452 IDJ TV HD
721 Nova S HD

Ајде сега да видиме што ќе прават А1. Али А1 од одамна го имаат Fight channel и IDJ
 
Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Од кога е Nova S и тоа во HD во понудата на Магента 1? Вечерва случајно ја „открив“ додека менував канали.
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,180
21,623
113
Од средата. Марко веќе објави тука, можеш да видиш погоре. Во неговиот пост ги има и сите други новододадени канали.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Се надевам ќе пуштат уште тв канали бидејќи има некој канали на кој им завршуваат правата за емитување. Некој можеби ќе ги пдодолжат ама за некој можеби и нема па ќе мора замена.
 
Top