Воопшто не планирам да ги бранам ниту техничарите на Македонски Телеком кои работат на терен, ниту вработените во контакт центрите за техничка поддршка.Зошто? Користев Телекабел оптички 40/40 и ниеднаш не падна во 6 месеци додека работев. Постојано држеше брзина од 37/39
За разлика од Телеком што се тешки непрофесионалци и имам само лоши зборови.
Мене одлично ме служи оптичкиот Интернет на Неотел преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, за мене лично дефинитивно е саглам Интернет. Не бидејќи така ми се погодило, туку бидејќи сам го пуштав оптичкиот кабел кај мене дома, сам го направив поврзувањето и сам си пуштив оптички сигнал пред воопшто да поднесам барање за Нео Трио 50 пакетот од Неотел.Користев пред неколку години и помал пакет на Телекабел, не знам што брзина имаше, го земав ради тоа што можеш да го откажеш кога сакаш без да плаќаш пенали, не ми текнува да имав ни тогаш поплаки, ниту пак да ѕвонам по кол центриве и да се расправам.
За разлика од тоа, Телеком се идиоти невидени. Им ѕвонам, имате можност за оптика на мојава адреса? Имаме дечко, појди во салон, идам таму, потпишувам барање, само што отидов фома, ми ѕвонат немале опција за мојава зграда.
Ок, ајде од фирма ќе сределе имале човек во Телеком, му ги кажуваат брзините што ни требаат за работа, минимум 30/20, не е проблем, ќе направиме, ќе средиме. Го земам пакетот, идам дома, само 17/1 брзина, па оди раскинувај договор, па нареден месец пуштај жалба што ти стигнува сметка, а ти си ја вратил опремата за 1 ден. Живци ми скинаа.
И сега откако се преселив во нов стан, газдата ставил нет од Телеком, посрање интернет немам користено, постојано паѓа.
Така што за мене Телеком се голема нула.
А богами исто мислење имам и за бивши ОНЕ. Пред 7-8 години со нив, поради нивна грешка, менуваа траси или што ти знам, немав интернет цел месец. И ми стигна фул сметка за плаќање, среќа имав познат таму, па ми среди наредниот месец да биде сметката коригирана.
Заклучок, во земјава нема саглам интернет. Сè е на принцип како ќе ти се погоди.
Станот е прилично нов, ама зградата е далеку од нова. Рутерот е ТП линк, ама далеку од нов е. Тие антените што ги има, едната е доста лабава, ко на влакно да се држи. И плус делот кај што треба да е бел напред е пожолтен.Мене одлично ме служи оптичкиот Интернет на Неотел преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, за мене лично дефинитивно е саглам Интернет. Не бидејќи така ми се погодило, туку бидејќи сам го пуштав оптичкиот кабел кај мене дома, сам го направив поврзувањето и сам си пуштив оптички сигнал пред воопшто да поднесам барање за Нео Трио 50 пакетот од Неотел.
Оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком е светлосни години пред оптичката телекомуникациска мрежа на Телекабел - која од гледна точка на квалитет е тапа, имам спомнато во темава дека дефинитивно Телекабел имаат одличен оптички кабел, но за жал тука завршуваат позитивните критики за нивната оптичка телекомуникациска мрежа.
Од контакт центрите, а и од салоните на Македонски Телеком можат се` и сешто да ти понудат и да ти ветат, вистинската ситуација на терен е тотално поинаква. Бидејќи едно време имам местено оптички кабли за Македонски Телеком и имам пријатели и колеги кои работат или за Македонски Телеком или за некој од нивните приватни подизведувачи, можам да ти потврдам дека теренските техничари секојдневно се соочуваат со незадоволни корисници поради приказните и ветувањата кои им ги дале од некој од контакт центрите или салоните на Македонски Телеком.
Доколку живееш во нов стан, или подобро кажано во комплетно нова станбена зграда, тогаш најлесно ќе откриеш дали има техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во твојата зграда со проверување дали низ ходниците на катовите има катни сандачиња со логото T-Home или логото T на Македонски Телеком.
Доколку ги има овие сандачиња во твојата станбена зграда, тогаш биди сигурен/сигурна дека има техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а преку истата можеш да користиш и оптички Интернет од А1 Телеком и/или од Неотел.
На газдата можеби не му чини рутерот доколку го користи Интернетот преку безжична Wi-Fi мрежа, лекот за тоа е пријавување на дефект во контакт центар и барање за промена на рутерот со нов. Доколку му дале рутер од француските циркузанти Сажем, чудо е како воопшто му функционира Интернетот, а не тоа што Интернетот му е срање.
https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/Sagemcom F@ST 5655V2 AC.pdf
Од друга страна, доколку само станот ти е нов, а станбената зграда нема ниту н од нова, тогаш можеби газдата го поврзале на бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, и најверојатно сигналот е катастрофален, поради што ниту нов рутер нема да го реши проблемот со срање Интернетот, туку само репликација од бакарната кон оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - доколку е технички изводливо во станбената зграда.
Инаку можеш да земеш Интернет пакет од Македонски Телеком без обврзувачки договор и да го раскинеш истиот кога сакаш, само што во таков случај ќе мораш да им платиш 1.999 денари за монтажата и ќе плаќаш поскапа месечна претплата за пакетот. Но битно ќе можеш да го откажеш кога сакаш, а ако сепак бидеш задоволен/задоволна од пакетот, тогаш ќе ти дозволат било кога да потпишеш обврзувачки договор на 12 месеци или на 24 месеци за било кој пакет, бидејќи нели полесно е да го држиш корисникот врзан со обврзувачки договор, па макар и за некој поевтин пакет, отколку корисникот да може било кога да се откаже без разлика кој пакет го користи.
Дали си 100% сигурен/сигурна за ова со ТП Линк ?Станот е прилично нов, ама зградата е далеку од нова. Рутерот е ТП линк, ама далеку од нов е. Тие антените што ги има, едната е доста лабава, ко на влакно да се држи. И плус делот кај што треба да е бел напред е пожолтен.
Невозможна мисија е да се поврзеш на рутерот преку вифи на мобилен. Се поврзува, дава извичник и дека интернет можно е да нема, па го рестартирам рутерот преку телефонот, па тогаш после 5 минути се поврзува.
Низ ходниците имам видено кутија само од Телекабел, а деновиве ги видов Телеком дека се низ маалово, газдата викаше дека пуштиле кабел до влезот на зградата.
Се надевам ќе среди газдава до крај на месецов и пушти оптика, ако не ќе барам јас да си пуштам. Не можам да кинам живци со тоа.
Мала поправка:...
А доколку газдата користи Интернет преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш еве ти линкови од упатствата за рутерите кои Македонски Телеком ги дава на корисниците на неговата бакарна телекомуникациска мрежа - и ниту еден од нив не доаѓа со антени.
https://moj.telekom.mk/Upload/ProductDocument/Fritz!Box Fon WLAN 7270.pdf
...
Се тоа е во ред другар, но најверојатно газдата користи Интернет од Македонски Телеком преку старата - бакарната - телекомуникациска мрежа, а не преку новата - оптичката - телекомуникациска мрежа.Ме мрзи да ти сликам па да ги намалувам сликите другар, ама ТП линк е рутерот. Не реков дека им е даден од Телеком, може си го купиле, а како знам дека имаат Телеком интернет е што ми го праќашр газдата договорот со Телеком, а во станот има и ресивер за Телеком телевизија.
Нова година. После ќе ги пакетираат за доплата можеби.Наеднаш пуштиле многу канали. Што вака?
На Неотел не е во пакет Nova S и IDJTV a таму ни Grand 1, Grand 2 не се во пакет.Нова година. После ќе ги пакетираат за доплата можеби.