Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Kaj мене лани мислам копаја за оптички интернет и наместија сандачиња на секој спрат од А1. Е сега ако се префрлев на А1 ќе земев оптика но тоа изгледа нема да го правам. Останувам на Телеком како што пишав само затоа што некој работи на кој сме се навикнале ги има таму. Има цел пакет HBO со се Cinemax 1, 2, Аrena Sport, месечно се префрла за нареден месец непотрошениот интернет на мобилен..

И да има да речеме опција само дома интернет да земеш од друг оператор а телевизија од Телеком пак би се одлучил се да ми биде да речеме од еден оператор за да не ми доаѓаат посебни сметки барем кога е прашање за интернет, телевизија и телефон.
За секоја навика постои одвика.

И на мене ми беше малку тешко кога го баталив тогашен Ти-Хоум во 2012 година и се префрлив на тогашен Близо, но како што испадна, тоа беше паметна одлука со одлични резултати.

Единствена причина зошто го баталив А1 Телеком во октомври 2019 и се префрлив на Неотел беше бидејќи Близо/Вип ТВ со текот на годините укинаа поголем број на канали од нивната ТВ понуда и за мене лично ја преминаа дозволената граница кога ги укинаа ЕуроСпорт и Discovery каналите.

Оптичкиот Интернет од Неотел преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком е одличен, телевизиската понуда исто така е одлична, нивната Андроид апликација за НеоТВ плаче за понова верзија со отстранување на сегашните грешки и недостатоци, но за месечната сметка која им ја плаќам добивам услуга на многу задоволително ниво.

А кога сме кај сметките, секој поголем телекомуникациски оператор во Македонија - вклучувајќи ги и Македонски Телеком, А1 Телеком, Неотел и Телекабел - нудат опција за плаќање на сметките преку нивните официјални веб сајтови, а исто така постои и траен банкарски налог кој можеш да го потпишеш за банката автоматски да ти ги плаќа сметките веднаш откако истите ќе пристигнат.
 
Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Исто и кај мене каналите во HD мрзнат кога ќе ги пуштам (на МАКС ТВ), што претходно не беше случај. Кога се јавив за да пуштат екипа, од нивните вработени добив информација дека за брзо би требало да не` префрлат сите на оптички интернет и као демек тогаш немало да има проблеми..

Инаку и јас забележав подобрување на каналите кои Марко ги спомна.
 
Џабе ќе им се јавуваш, најдобро е да отидеш директно во најблискиот салон на Македонски Телеком и да им поднесеш барање за репликација од бакарна кон оптичка мрежа. Репликација во превод значи префрлување на постоечки корисник од бакарна кон оптичка мрежа, така што корисникот го задржува постоечкиот пакет, односно не потпишува нов обврзувачки кориснички договор.

Ти објавив слики од изводите за воздушна оптичка телекомуникациска мрежа кои ги користи Македонски Телеком во пост #462.

Од 2019 година па наваму, секој постоечки корисник на Македонски Телеком кој ќе се префрли од бакарна кон оптичка мрежа веднаш добива два пати побрз Интернет во споредба со досегашниот, без никаква доплата или дополнителни обврски на корисникот кон Македонски Телеком.

На пример, тие кои користат Интернет М пакет на бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, ретко ја добиваат ветената Интернет брзина од 30 мегабита (3.75 мегабајти) во секунда, туку вообичаено ја добиваат загарантираната минимална Интернет брзина од 10 мегабита (1.25 мегабајти) до 15 мегабита (1.87 мегабајти) во секунда, бидејќи Македонски Телеком поради ограничувањата на бакарната телекомуникациска мрежа, мора да го подели телекомуникацискиот сигнал на сигнал за Интернет и сигнал за MaxTV.

На оптичката телекомуникациска мрежа нема такви поделби и ограничувања бидејќи истата доаѓа со 5 до 10 пати појак сигнал во споредба со бакарната телекомуникациска мрежа, поради што корисник кој користи Интернет М пакет, без разлика дали станува збор за нов корисник на оптичката мрежа или постоечки корисник кој се префрлува од бакарната кон оптичката мрежа, веднаш откако ќе му проработи новиот рутер на оптичката телекомуникациска мрежа, ќе добие Интернет брзина од 30 мегабита (3.75 мегабајти) во секунда, како што е ветено со самиот Интернет М пакет. Истовремено проблемите со телевизијата стануваат минато со оптичката телекомуникациска мрежа бидејќи како што веќе спомнав, преку оптичката телекомуникациска мрежа секој корисник добива 5 до 10 пати појак сигнал во споредба со бакарната телекомуникациска мрежа, а токму затоа и преку оптичката телекомуникациска мрежа корисниците добиваат техничка можност и за поврзување на трет, четврт и петти телевизор, така што за нив се плаќа дополнително секој месец.

Доколку сеуште нема техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком на твојата адреса на живеење, тогаш друга опција додека не добиеш техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, ти е да поднесеш барање за испитување на техничка можност хибридна линија од Македонски Телеком со која, како што веќе спомнав претходно во пост #479, нема да добиеш нешто многу побрз Интернет, но барем ќе добиеш стабилен Интернет и нема да ги имаш тие проблеми со телевизијата.
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,180
21,623
113
Јас сум на бакар, Интернет М, и брзината варира. Некогаш е околу 15/4, некогаш 20/4, и ретко до кај 25/4мбпс.

Е сега договорот ми истекува за три месеци, и се мислам дали да останам кај Македонски Телеком, со оглед на тоа дека претплатата е многу висока и згора на тоа, во континуитет ја зголемуваат, а притоа не добивам одлична услуга каква што треба за парите.

Во врска со воздушната оптика на Телеком не бев запознаен дека нудат таква можност и знаејќи дека со подземната оптика нема во блиска иднина да добијам оптички интернет, немав поднесено барање за испитување на техничка можност. Меѓутоа, сега, со оваа воздушна оптика, можеби ќе има шанси за тоа. Во прва прилика ќе поднесам барање за да испита техничка можност, а мислам, не сум 100% сигурен, дека имам видено изводи како од сликите во твојот пост #462 на една од улиците блиску до мојата.

Само ќе можеш да ми кажеш, доколку си запознаен, дали Македонски Телеком активно постапуваат по барања на корисници за поврзување со воздушна оптика, или не се замараат многу, многу?
 
Доколку има техничка можност за префрлување на постоечки корисник на Македонски Телеком од бакарната кон оптичката телекомуникациска мрежа, секако дека ќе го поврзат корисникот доколку поднесе барање, тоа е во заедничка корист и на двете страни - од една страна ќе има многу помали шанси за дефекти и пречки кај корисникот, што му е поисплатливо на Македонски Телеком отколку да го одржува и редовно да го сервисира стариот бакарен телекомуникациски приклучок, а од друга страна корисникот ќе биде задоволен и ќе има големи шанси да одлучи да остане претплатник на услугите на Македонски Телеком.

А дури и ако корисникот се исклучи од Македонски Телеком откако му бил наместен оптичкиот телекомуникациски приклучок, сепак преку истиот оптички телекомуникациски приклучок ќе може корисникот во иднина да стави оптички Интернет од А1 Телеком, од Неотел, или некој ден да стави повторно оптички Интернет од Македонски Телеком, а во било кое од тие три различни сценарија, Македонски Телеком ќе остварува профит, ако не директно од корисникот, тогаш индиректно преку новиот оператор на кој корисникот ќе се приклучи преку постоечкиот оптички телекомуникациски приклучок од Македонски Телеком.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
А оптичкиов интернет на Телеком има покриеност во цела држава или сеуште поставуваат?
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
А оптичкиов интернет на Телеком има покриеност во цела држава или сеуште поставуваат?
Е па и ти самиот си кажа дека во твојата станбена зграда веќе имаш техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на А1 Телеком, но не и со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Секако дека допрва ќе треба да се копаат улиците и да се пуштаат нови подземни доводни кабли - таму каде што ќе се оди подземно, а таму каде што ќе се оди воздушно, односно преку бандера, допрва ќе треба да се пуштаат нови воздушни доводни кабли преку бандерите, за да стане достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а истото важи и за оптичките телекомуникациски мрежи на А1 Телеком и на Неотел.

Од 2019 година па наваму, А1 Телеком е во офанзива низ Скопје, копаа и пуштаа подземни црева низ Ченто, Хиподром, Маџари, Автокоманда, Кисела Вода, Центар, Карпош, Влае и низ други скопски населби. Но тоа се само празни црева, дури сега во 2020 година пуштаа доводни оптички кабли низ тие црева и населбите кои спаѓаат под реон Ченто - Ченто, Хиподром, Маџари, Триангла, Сингелиќ, Стајковци, нешто над 60% имаат техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на А1 Телеком. Иронично, има станбени згради и улици во кои е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на А1 Телеком, но не е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Но доколку оптичката телекомуникациска мрежа на А1 Телеком веќе е достапна на некоја улица, тогаш прашање на време е кога и оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком ќе стане достапна на истата таа улица.
 
dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308

А има и улици кај што некои броеви имаат оптика, а некои не. Сулуда работа.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
А има и улици кај што некои броеви имаат оптика, а некои не. Сулуда работа.
Доколку се однесува на станбени објекти - да, има безброј такви случаи.

Но кај тие безброј такви случаи проблемот е или во инвеститорот бидејќи не договорил поставување на доводни кабли во објектот додека сеуште бил во изградба, или ако станува збор за постара станбена зграда, проблемот е во станарите и/или во куќниот совет и/или компанијата која ја одржува зградата, бидејќи не дозволуваат бушење по вертикала, не дозволуваат дополнително пуштање на нови доводни кабли и останати градежни работи, иако кај таквите зафати телекомуникацискиот оператор - без разлика дали станува збор за Македонски Телеком, А1 Телеком, Неотел, Телекабел или било кој друг оператор - се обврзува откако ќе заврши со техничкиот зафат да го врати објектот во првобитната состојба во која бил пред почетокот на изведувањето на техничкиот зафат и се разбира, сите трошоци ги покрива телекомуникацискиот оператор и/или приватните подизведувачи кои истиот ќе ги ангажира за техничкиот зафат.

Дури и денес слушам од пријатели и колеги кои работат за некои од приватните подизведувачи кои се во партнерство со Македонски Телеком и останатите телекомуникациски оператори, за нови станбени згради среде Центар кои биле завршени и пуштени во употреба оваа 2020 година, а во кои сепак морало да се избуши дупка кај влезната врата од станот бидејќи инвеститорот или не им дозволил на приватните подизведувачи да пуштат доводни кабли до становите додека сеуште се градела зградата или барем да пуштат празни црева до становите, па потоа низ истите тие празни црева во иднина да може да се пушти оптички кабел од станот до главната вертикала каде што треба да се направи поврзување со доводниот кабел.

Инвеститорот си ги задоволил своите интереси и потреби - завршил со изградбата на објектот, ги распродал становите, си ја остварил својата посакувана заработувачка, а станарите нека му ја мислат откако ќе се вселат и кога ќе им дојде екипа од Македонски Телеком или од некој од приватните подизведувачи и ќе ги информира дека во тазе нов стан од штотуку завршена нова станбена зграда сепак ќе мора да се буши и да се пуштаат кабли низ станот.

Новоградба е одличен пример за катастрофален инвеститор, од секогаш важеле за една од најлошите градежни компании, а сите нивни станбени згради - ама баш сите, вклучувајќи ги и сите најнови станбени згради на Новоградба - се одлични примери за тоа дека на директорите, менаџерите, инженерите и електричарите од оваа компанија не им доаѓа памет и најверојатно никогаш нема да им дојде памет.

Во нивните нови станбени згради не мора да се буши - тој дел тие веќе го завршиле, оставиле празно црево буквално или над влезната врата или до влезната врата, па на екипата од Македонски Телеком или од некој од приватните подизведувачи им останува да направат продолжеток на тоа црево, кој секако дека ќе поминува низ станот, а завршува таму каде што корисникот сака да биде наместен оптичкиот телекомуникациски приклучок, односно рутерот кој Македонски Телеком му го дава на користење на корисникот. На крајот повторно корисникот останува со домашна инсталација речиси иста како кај стара станбена зграда - кабелот е фиксиран за ѕидовите, но тоа не го менува фактот дека кабелот е видлив низ станот, а повеќето луѓе кои купуваат станови во нови станбени згради не сакаат да им се гледаат кабли низ ходниците или низ собите, особено не низ дневната соба.

Но за жал во Македонија - земјата на чудата - ваквите идиотизми се редовно секојдневие на крајот од втората деценија и на почетокот од третата деценија од 21-от век.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Јас имам слушнато за случај во зграда каде што инвеститорот не дозволува воопшто да се стави интернет и телевизија од А1 или Македонски Телеком.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Јас имам слушнато за случај во зграда каде што инвеститорот не дозволува воопшто да се стави интернет и телевизија од А1 или Македонски Телеком.
Во такви околности на станарите ќе им остане да чекаат да се вселат над половина од сите станови во станбената зграда, па да формираат куќен совет или да ангажираат приватна компанија за одржување на зградата, па потоа истиот тој новоформиран куќен совет или приватна компанија ангажирана за одржување на зградата ќе треба да им го одобри на Македонски Телеком/А1 Телеком истото тоа што инвеститорот не го дозволувал.

За жал ова вообичаено значи дека откако куќниот совет/фирмата која ја одржува зградата ќе го одобри техничкиот зафат на Македонски Телеком/А1 Телеком за пуштање на доводни кабли низ зградата, најверојатно ќе мора да се буши дупка кај влезната врата од секој стан за да може дополнително да се пушти оптички кабел до крајниот корисник.

Има ретки исклучоци кај новоизградени станбени згради кај кои може откако ќе заврши изградбата на станбената зграда, дополнително да се пуштат нови доводни кабли од било кој телекомуникациски оператор, а сепак да не мора да се буши по вертикала и да се бушат дупки кај влезните врати од становите, но тоа е изводливо единствено ако електричарите поставиле црева низ ходниците на зградата и од секој стан до ходникот.

Некои од овие ретки исклучоци се цревата за домофоните или за алармите кои ги вградуваат во становите, доколку цревото е дебело барем 2 (ДВА) сантиметри и доколку нема нагло превиткување на цревото под агол од 90 степени или помал, тогаш изводливо е да се пушти оптички кабел низ истото црево од станот до главниот извод за домофонот/алармот, кој вообичаено го има ако не на секој кат, тогаш на секој втор или трет кат, а во такви околности како е направено поврзувањето на домофонот/алармот, така може да биде направено и поврзувањето на внатрешната оптичка телекомуникациска инсталација во станбената зграда.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Од 01 часот полноќ до 06 часот рано наутро ќе има одржување на системите и нема да има телевизија и не смее тогаш да се рестартираат ресиверите.

Само што ми се појави ова известување додека гледав телевизија.
 
Видов и јас, ама еве 02.04 е и има телевизија.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Дали тоа Телеком почнуваат со подобрување на сликата на SD каналите? Гледам Ал Џазира, Виасат документарните канали, Спорт клуб 1 имаат доста подобрена слика кој се HD но со доста намален квалитет битрејт или како и да се вика тоа на македонски. Разликата на овие канали во SD и истите во HD e што на SD кога се менуваат кадри и брзи движења се приметуваат пиксели т.е се губи тој чист квалитет на слика.

Браво за ова. Ако воопшто ваквото подобрување е направено од страна на Телеком тогаш би било добро ова да го направат и на други тв канали кај што може тоа да се направи.
Денес истово се приметува и на Fox каналите Fox Movies, Fox Crime, Fox Life исто и на 24 Kitchen, National Geographic.
На сите тие канали на логото има HD.
 
dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Има ХД, ама не пуштаат ХД програма. Вчера Фокс Мувис ко имаа акционен филм, кога ќе замавнеше ЖКВД сликата квадратчиња се правеше. Ебати Хадето
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Има ХД, ама не пуштаат ХД програма. Вчера Фокс Мувис ко имаа акционен филм, кога ќе замавнеше ЖКВД сликата квадратчиња се правеше. Ебати Хадето
Мое мислење е ако пуштат за сите добар квалитет HD канали ќе биде зезнато. Не знам колку се спремни сите со квалитетот на интернет линијата што немаат оптика. Пример во семество се четворица со два приемника и таткото сака да гледа фудбал на Arena sport во HD a мајката и едното дете филм на Fox во HD додека пак другото дете решило да гледа HD видеа на Youtube. Ќе настане хаос со интернетот.
 
dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Мое мислење е дека треба да си најдат начин да пуштат ХД, а не само да имаат знакче HD на екранот, а сликата благо речено крш.

Колку што знам каналиве на A1 не им се поврзани со интернетот, без разлика што и да гледаш на ТВ, интернетот не губи брзина. Можда треба и Телеком да размислат на таков чекор наместо да се бламираат.
 
Погрешно си информиран(а), коаксијалниот сигнал кај А1 Телеком, исто како и кај било кој друг кабелски оператор, секогаш трпи загуби од дигитални канали во висока резолуција High Definition (HD).

За да не го оптоваруваат сигналот дигиталните канали, на коаксијалниот кабел се поставуваат филтри со цел да се добие подобар сигнал за кабелски Интернет, но како последица на ова трпи дигиталната телевизија, бидејќи на една иста фреквенција може да има максимум 10 дигитални канали во стандардна резолуција и максимум 2 дигитални канали во HD резолуција. Во пракса може да има повеќе од 10 дигитални канали на една иста фреквенција, но сите би биле со катастрофална слика, а максималниот број на дигитални HD канали на една иста фреквенција останува 2 (ДВА).

Ваквиот проблем се решава со поставување на појачала за фреквенциите, кои чинат пари, а за да се опслужат десетици или стотици корисници на една иста улица, се поставуваат поголеми појачала кои бараат сопствен извор на струја, а тоа само дополнително ги чини кабелските оператори. А1 Телеком, Телекабел и другите кабелски оператори таму каде што копаат не само што пуштаат доводни коаксијални кабли, туку истовремено му плаќаат и на ЕВН за да пушти и кабли за струја за појачалата, кои вообичаено се сместени во вакви ормари.

Оптичките кабли од друга страна нудат речиси неограничен квалитет, единствени компоненти кои бараат струја се опремата во централата и рутерот кај крајниот корисник, додека оптичките кабли по пат се целосно 100% пасивни, односно ниту губат од сигналот, ниту има потреба од појачала за нивниот сигнал. Добро, ова со загуба на оптичкиот сигнал не е баш најточно - секаде каде што има превиткување на доводниот оптички кабел по пат има загуба на сигналот, но доколку превиткувањето не е под многу остар агол, тогаш загубата е минимална, односно речиси непостоечка. Дури на крајот кога се поставува разделник на крајот од доводниот оптички кабел има загуба на оптичкиот сигнал, но повторно таквата загуба е минимална, поради што можностите за десетици, стотици, па дури и илјадници дигитални HD канали се на дофат.

Но најдобар доказ за незаменливоста на оптичките кабли е фактот дека А1 Телеком исто така масовно инвестира во сопствената оптичка телекомуникациска мрежа низ Скопје и низ Македонија, а деновиве добив информација дека почнале да нудат понови оптички Интернет пакети преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком со симетрични Интернет брзини 100/100, наспроти досегашните оптички Интернет пакети со симетрични Интернет брзини 40/40.

Наводно А1 Телеком престанаа да поврзуваат нови корисници преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во октомври 2020, додека всушност испадна дека воведоа нови оптички Интернет пакети преку истата таа оптичка телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Главен проблем кај Македонски Телеком, а и кај други телевизиски оператори - ова со HD лого, а слика катастрофа лично го имам посведочено и кај Телекабел - е нивната (не)заинтересираност за воведување на HD канали за постоечките ТВ канали кои веќе ги имаат.

За жал тука не е прашање на квалитет на сигналот, туку на (не)заинтересираност и (не)сериозноста на телевизиските оператори.
 
dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Ова 40/40 претпоставувам го велиш за Телекабел. Телеком колку што гледав скоро почнуваат од 100/100.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ова 40/40 претпоставувам го велиш за Телекабел. Телеком колку што гледав скоро почнуваат од 100/100.
Грешка си, симетричните Интернет брзини ги спомнав за А1 Телеком.

Македонски Телеком и Неотел нудат оптички Интернет со симетрични Интернет брзини 100/100, а А1 Телеком до ноември 2020 нудеше оптички Интернет со симетрични Интернет брзини 40/40, а од ноември 2020 па наваму нуди оптички Интернет со симетрични Интернет брзини 100/100.

Интернет L пакетот на Македонски Телеком кој доаѓа со симетрични Интернет брзини 100/100 е дури трет најевтин пакет на Македонски Телеком, првиот најевтин Интернет S пакет доаѓа со несиметрични Интернет брзини 20/5, а вториот најевтин пакет Интернет M пакет доаѓа со несиметрични Интернет брзини 30/5.

Телекабел слободно заборави ги дека постојат кога станува збор за оптички Интернет.
 
Top