Dexter26
Добро-Познат Член
- 4,074
- 406
- 83
За секоја навика постои одвика.Kaj мене лани мислам копаја за оптички интернет и наместија сандачиња на секој спрат од А1. Е сега ако се префрлев на А1 ќе земев оптика но тоа изгледа нема да го правам. Останувам на Телеком како што пишав само затоа што некој работи на кој сме се навикнале ги има таму. Има цел пакет HBO со се Cinemax 1, 2, Аrena Sport, месечно се префрла за нареден месец непотрошениот интернет на мобилен..
И да има да речеме опција само дома интернет да земеш од друг оператор а телевизија од Телеком пак би се одлучил се да ми биде да речеме од еден оператор за да не ми доаѓаат посебни сметки барем кога е прашање за интернет, телевизија и телефон.
И на мене ми беше малку тешко кога го баталив тогашен Ти-Хоум во 2012 година и се префрлив на тогашен Близо, но како што испадна, тоа беше паметна одлука со одлични резултати.
Единствена причина зошто го баталив А1 Телеком во октомври 2019 и се префрлив на Неотел беше бидејќи Близо/Вип ТВ со текот на годините укинаа поголем број на канали од нивната ТВ понуда и за мене лично ја преминаа дозволената граница кога ги укинаа ЕуроСпорт и Discovery каналите.
Оптичкиот Интернет од Неотел преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком е одличен, телевизиската понуда исто така е одлична, нивната Андроид апликација за НеоТВ плаче за понова верзија со отстранување на сегашните грешки и недостатоци, но за месечната сметка која им ја плаќам добивам услуга на многу задоволително ниво.
А кога сме кај сметките, секој поголем телекомуникациски оператор во Македонија - вклучувајќи ги и Македонски Телеком, А1 Телеком, Неотел и Телекабел - нудат опција за плаќање на сметките преку нивните официјални веб сајтови, а исто така постои и траен банкарски налог кој можеш да го потпишеш за банката автоматски да ти ги плаќа сметките веднаш откако истите ќе пристигнат.