Dexter26
Добро-Познат Член
- 4,074
- 406
- 83
После ваквите коментари од твоја страна, слободно можам да ги отпишам твоите извори на информации како главни причинители на твоите речиси тотално погрешни ставови. Проблемот очигледно не е во твоите извори на информации, туку во тебе - бидејќи упорно размислуваш како политиколог, а не како политичар.Со Силјановска, Апасиев, Крмов и евентуално Мизрахи, Собранието доби нов тек...
Може да им држат лекции на црпнативе што немаат ни п од право ни п од политичка култура.
Да не го заборавам и Ацко од Охрид и тој е опасен лик, премачкан со сите бои, исто им лупа на баграва криминална, но не е на ниво на овие другиве.
Срамно е да се исмеваат на Силјановска пред некој ден зошто зборела повеќе од 10 минути... Сите комуњари и рамковни у пакет да ги стаиш имаат помало IQ од нејзиното... Но тоа е, тоа говори за нив...
Не дека го обожавам Јанушев или го бранам, но типов лупал на маса и бил опоменат... Нека видат што е британски парламент, нека дојдат на Правен факс да видат што значи симулација на британска демократија (сум учествувал, не да се фалам).
А бидејќи ја решив македонската политичка сцена (хехе да се нашалиме малце на своја/моја сметка де), да прокоментирам за во Црна Гора.
Ќе биде весело... После 30 години, Мило паѓа, а со тоа и криминалната мрежа што ја има секаде на Балканов. Следуваат потреси во подземјето, посебно во Србија, а можни се промени и во БиХ и Албанија.
Исто така, интересен е фактот што белоглавите орли не успеаа да долетаат во ЦГ и исто како кај нас, во нивните средини немаше излезност.
За изборните резултати, интересно е што исто како НАТО членката Северен ФИРОМ, така и НАТО членката Монтенегрото имаше хакерски напади и такви заврзлами.
Мило можеби и да има најголем број пратеници, но не ќе да ќе формира влада...
И да, за народ за кој се вели дека е најмрзлив, добро е што искочиле масовно на гласање, а не како македончето што неќе да се разбуди и да стане како Македонец и да искочи да гласа, па после зашто едно малцинство добива повеќе пратеници и контролира мнозинство.
Кога би размислувал како политичар, би знаел дека Мило Ѓукановиќ веќе еднаш беше на тапет во меѓународна истрага за шверц со цигари, па сепак типот не само што извади жива глава, туку и си остана на власт во Црна Гора. И еве ти сега повторување на севернофиромистанското сценарио - два пратеника повеќе во Парламент и типот повторно е победник, а ти упорно велиш дека Мило паѓа, а со него паѓа и криминалната мрежа што ја има насекаде на Балканов.
Дали воопшто си запознаен со криминалните структури на Балканот ?
И уште поважно, дали си воопшто запознаен со криминалните структури кои раководат со ЕУ ?
Бидејќи кога барем малку би бил запознаен со историјата на Балканот и на ЕУ од изминатите 30 години, би знаел дека ЕУ ја водат корумпирани политичари на кои и во нивните матични држави им е` забрането да држат јавни функции бидејќи веќе биле осудени за корупција, па затоа тука им е` ЕУ како утешна награда бидејќи им нуди меѓународни јавни функции - со уште поголеми плати и уште поголеми поткупи во споредба со платите и поткупите кои ги земале во своите матични држави, а во ЕУ институциите нема ниту п од правна функционалност, доволен доказ е фактот дека на банкарските сметки на ЕУ веќе 26 (ДВАЕСЕТ И ШЕСТ) години по ред не им е направена ревизија од страна на Европскиот ревизорски суд - за вакво функционирање приватна компанија ја чека блокирање на банкарските сметки и речиси сигурно затворање, а нејзините директори ги чекаат кривични пријави и притвор за затајување на финансиски средства и перење пари.
Криминалци секогаш ќе си најдат заеднички јазик со други криминалци, што мислиш, зошто и власта и опозицијата не само во северенфиромистан, туку и во сите останати балкански држави, се крстат во ЕУ ?
Па затоа што чекаат да се закачат на ЕУ бунарот на поткуп и корупција, поголем пазар = поголема корупција = поголема криминална заработувачка. Токму од ваквите причини Мило Ѓукановиќ не само што извади жива глава од меѓународна истрага, туку и остана на власт во Црна Гора, а најверојатно и ќе си остане на власт и после 30 август 2020.
Злосторниците против човештвото од Косово ги судат во Хаг, за да излезат од таму како слободни луѓе, повторно бидејќи криминалци секогаш си наоѓаат заеднички јазик со други криминалци.
Злосторниците против човештвото во Македонија не само што си добиваат амнестија, туку добиваат и државни и јавни функции, а од САД, НАТО и ЕУ само ни честитаат за ова, бидејќи криминалци секогаш си наоѓаат заеднички јазик со други криминалци.
Од тотално истите причини, без разлика кој е на власт во Германија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, па дури и Велика Британија која неодамна излезе од ЕУ, секогаш кога ни доаѓа во посета министер за надворешни работи, премиер, претседател или било кој друг дипломатски претставник од било која држава членка на ЕУ, најгласно ги поздравуваат про-ЕУ "реформите" на владата - без разлика кој е на власт во Македонија, бидејќи секогаш успеваат да си најдат заеднички јазик со своите криминални колеги од Македонија.
Сериозно прими го мојот совет: почни да размислуваш помалку како политиколог, а повеќе како политичар, бидејќи политиколозите се добредојдени во македонскиот политички систем исто колку што и лекторите - кои се со Устав задолжителни - се добредојдени за вработување во македонските државни и јавни институции.