Дечки, околу короната сакам да пишам нешто кратко.
Младиот дечко што почина на 31 година, од кај мене беше во маало... Лазар се викаше, не го познавам лично.
Ќе ви кажам само да се чувате, гледајте да го засилите имунитетот, да внимавате на здравјето, поради здебеленост изгледа имал шеќер и имунитетот му бил ослабнат.
Вежбајте дома, хранете се здраво, хигиената да не ја споменувам оти се подразбира...
За да не доаѓаат комбиња како кај мене во маало... :/ И да, можам повторно да напоменам дека бројките во јавност и бројките што ми пристигнуваат не се исти, многу заболени има, а не се кажуваат во јавност, а мапите што се направени, не се точно лоцирани заболените, логично бидејќи не се регистрирани.