Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Малце во врска со корона ситуацијата...
Верувам а и лично мислам дека е неопходно да се зголеми полицискиот час, бидејќи сегашното од 21 до 5 е смешка, играчка работа... У најмала рака треба од 18 часот да се воведе полициски час. МВР нема доволно капацитет, затоа мора да се активираат резервните состави... Исто е и со АРМ, наместо да чува Собрание и Влада, да се ангажира на терен и таа со дополнителен резервен состав.
Ако ескалира состојбата, тек тогаш ќе е хаос по улици поради неконтролираната паника кај народов. Во случајов со короната има неколку клучни аспекти: најпрво економскиот кој е пред апсолутен колапс, вториот е медицинскиот кој у моментов колку толку се труди да опстои но и тој ќе пукне, а на крај е безбедностиот за кој што говорам погоре... Не дај Боже да тргне напливот на мигрантите, тек тогаш ќе имаме и четврти аспект во земјава, а тоа е хуманитарниот за кој реално немаме некоја поголема помош од странство, освен странска полиција на границата, но економска донација шипки варени.
Ќе речете дека медицинскиот аспект треба да е прво место, но грешите. Економскиот, од проста причина што ќе испоумрат луѓе од глад... Како? Е па кога ќе се врати нашата дијаспора и гастабајтерите од странство, ќе нема кој да праќа пари за да купуваат луѓево овде. Да не се лажеме, девизите ни ја крепат економијата, а без нив ќе бидеме и те како во колапс допрва. Да не зборувам што дојденциве од странство се голема здравствена закана поради можно пренесување на заразите. Враќањето на нашинциве, ќе е предизвикано од најмалце две работи: прво од немање работа таму, второ немање имот таму за да останат а можеби и како трета опција е: бркање од страна на земјите кај што престојуваат со цел да си се самозаштитат.
Економската борба допрва претстои, можеби у наредни 3-4 години... Да, најбрзо што може да се осетат некои подобрувања у најдобар случај се во месеците октомври-ноември т.е. четвртиот квартал. Но целокупно гледано на подолг рок, дури за некоја година.
Од здравствен аспект, не сум најстручен, но ако успееме да се справиме со вирусов до кај јули-август, ќе биде одлично.
Да не ме сфатите погрешно, неќам да се шири паника, едноставно полека да се спремаме дека работите се менуваат... Економијата е цикличка, се очекуваше криза, но не и со вирус... Но се' ќе се врати на старо, само треба подолго време од утопистичките размислувања. Но за да се врати на старо, треба да се има кадарни личности, што според мене лично, субјективно можеби, немаме премногу во моментов.
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,961
9,599
113
Не сум следел телевизија последниве два дена, ама нели има нови ограничувања за движењето на малолетници и постари лица?
 

kristijan10

Добро-Познат Член
3,468
4,936
113
Не сум следел телевизија последниве два дена, ама нели има нови ограничувања за движењето на малолетници и постари лица?
Да. Постари лица смеат да се движат од 6 до 11 часот, а малолетни лица од 13 до 21 часот.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Не сум следел телевизија последниве два дена, ама нели има нови ограничувања за движењето на малолетници и постари лица?
Да, има, пензионери до 11 саат можат да шетаат, а тие над 18 години можат од 12 до 21.
Полицискиот час од 21 до 5 саатот е (скратен е наместо до 6).

Наместо да превземат сериозни фискални и монетарни потези, они ваучери ќе давале... :off: Им дише мозокот, не се свесни изгледа дека нема да има ни летни одмори, за зимни Господ знае единствено.
Од одмори, само овие сега што ги даваат колективни и амин пак давање фирмиве... Дури наредна година ако преживееме...
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
Се согласувам дека економскиот аспект е најбитен. И јас сметам дека овие две три недели треба да се превземат најрестриктивните мерки, за по еден месец да почне да се враќа се' во нормала, вклучително и економија.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Се согласувам дека економскиот аспект е најбитен. И јас сметам дека овие две три недели треба да се превземат најрестриктивните мерки, за по еден месец да почне да се враќа се' во нормала, вклучително и економија.
Забораваш дека у моментов не се гледа на подолгорочно туку се гледа на ситни политички поени.
Но како што ги дал Господ сегашниве владеачки гарнитури, не се способни ни поени да соберат... Мерката сите 160 илјади административци да работат за минималец, има да ги чини премногу... Дополнително, толку се очајни што државната каса е неликвидна, нема пари, па затоа одат со минималецов... Штом Нина групер рече кревка економија, значи стварно е во колапс системов веќе... Којзнае колку ја пееле штом признава таква работа... :haha:
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
Па до вчера нели сме блескале, економијата била на стабилни нозе конечно и што уште не кажа глупачата со нејзините.
Да, дефинитивно мислам дека ова е најнеспособната влада досега.
Бранко го јадеше за приватизацијата, Љупчо за војната, Груевски за бомбите... ама сите тие беа далеку поспособни од ова сега.

M@RKO,
веста е од пред два дена, нели читаше критики? :smeenje:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,757
6,116
113
Ќе биде тешко уште повеќе сега во економијата.
 

kristijan10

Добро-Познат Член
3,468
4,936
113
Уште една жртва на вирусот. :((

Од денес заболени и во Велес. Се зборува дека жената на еден од заболените работи во брза помош, се надевам дека ова не е точно. :okokoren:
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
Од каде тој нов починат? Трет случај кај нас?

Јас ќе полудам, верувајте, веќе.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,185
21,632
113
Откако Васко Ефтов распука по Мукаетов и Камчев, ете ги двајцата одма со донации.


"Алкалоид" донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

"Орка Холдинг" и "Аџибадем Систина" донираа 325.000 евра за справување со коронавирусот
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Откако Васко Ефтов распука по Мукаетов и Камчев, ете ги двајцата одма со донации.


"Алкалоид" донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

"Орка Холдинг" и "Аџибадем Систина" донираа 325.000 евра за справување со коронавирусот
Колку и да е контроверзен Камчев, малце е наблагодарно да се збори во овој даден момент дека не помогнал Камчев, од проста причина што на располагање стави некои мобилни амбуланти, а да не зборам и за двата хотела што му се полни со луѓе во карантин.

А за Алкалоид и Мукаетов не можам да коментирам за претходно, но браво за потегот.
 
Top