JeftoMKD
Добро-Познат Член
- 724
- 1,545
- 93
Останува да се види утре што одлука ќе се донесе најпрво на состанокот на комисијата за заштита од заразни болести, потоа на координативната средба предводена од техничкиот премиер. Но најбитно е утрешната седница на советот за безбедност во вилата на Водно.
Најверојатно се прават проценки дали да се воведе вонредна состојба на целата територија или не, бидејќи моментално таква состојба има само во општините Дебар и Центар Жупа.
Но ако погледнам каква влада имаме, а со тоа и државен врв, стварно не очекувам многу брзо воведување на вонредна состојба.
Дополнително, вонредна или воена состојба свикува Собранието, согласно член 125 (мислам дека беше) од Уставот, но да не ве буни, Собранието може да се свика во таква состојба иако е распуштено, но имаме и веќе воспоставена пракса на распуштено собрание да се состанува и без вонредна или воена состојба.
Ако ме прашувате мене, да, јас сум за воведување на вонредна состојба и т.н. полициски час на цела територија и затворање на сите копнени и воздушни патишта. Имаме во моментов околу 200 локации што се чуваат од полиција, а околу 170 од нив се навистина можни преносители на зарази.
За крај би рекол само: Господ на помош со ваква власт.
*да не биде дека е тенденциозно против сдс на нашата земја, ама не можам да коментирам како би било доколку ДПМНЕ би било на власт и што би превземало.