Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Останува да се види утре што одлука ќе се донесе најпрво на состанокот на комисијата за заштита од заразни болести, потоа на координативната средба предводена од техничкиот премиер. Но најбитно е утрешната седница на советот за безбедност во вилата на Водно.
Најверојатно се прават проценки дали да се воведе вонредна состојба на целата територија или не, бидејќи моментално таква состојба има само во општините Дебар и Центар Жупа.
Но ако погледнам каква влада имаме, а со тоа и државен врв, стварно не очекувам многу брзо воведување на вонредна состојба.
Дополнително, вонредна или воена состојба свикува Собранието, согласно член 125 (мислам дека беше) од Уставот, но да не ве буни, Собранието може да се свика во таква состојба иако е распуштено, но имаме и веќе воспоставена пракса на распуштено собрание да се состанува и без вонредна или воена состојба.
Ако ме прашувате мене, да, јас сум за воведување на вонредна состојба и т.н. полициски час на цела територија и затворање на сите копнени и воздушни патишта. Имаме во моментов околу 200 локации што се чуваат од полиција, а околу 170 од нив се навистина можни преносители на зарази.
За крај би рекол само: Господ на помош со ваква власт.
*да не биде дека е тенденциозно против сдс на нашата земја, ама не можам да коментирам како би било доколку ДПМНЕ би било на власт и што би превземало.
 

Beauty

Администратор
49,881
61,899
113
Во моментов мислам дека не ни е е потребен полициски час на цела територија колку што е неопходно затворање на сите копнени и воздушни граници. Да нема прием на никој од било каде. Локално сме дисциплинирани, почитуваме и може да се реши мислам и без полицски час.
 

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Ако се затворат сите граници, ќе помрееме ко глувци, не лупетајте. А дека народот бил дисциплиниран се виде вчера. Денес немаше многу раздвижени ради дождот, да имаше сонце ептен ќе беа дисциплинирани.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Во моментов мислам дека не ни е е потребен полициски час на цела територија колку што е неопходно затворање на сите копнени и воздушни граници. Да нема прием на никој од било каде. Локално сме дисциплинирани, почитуваме и може да се реши мислам и без полицски час.
Дојди кај мене во Топанско, општина Чаир да видиш една дисциплина вчера хахаха... :haha:
Шега на страна, за овој народ сепак треба полициски час бидејќи знам многумина што мантраат „ех ништо не е, нема потреба од дома седење, дај искочи да шетаме, итн итн“...
Штом цел свет се затвора и превзема радикални мерки, не може еден лаик да знае повеќе од експерти епидемиолози и биомедицина.
Во секој случај, за затворањето на сите гранични премини, освен за дотур на храна и производи, да, се сложуваме апсолутно.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Ако се затворат сите граници, ќе помрееме ко глувци, не лупетајте. А дека народот бил дисциплиниран се виде вчера. Денес немаше многу раздвижени ради дождот, да имаше сонце ептен ќе беа дисциплинирани.
Затворањето на границите не значи дека ќе се забрани увоз на производи, тоа значи забрана за шетање на народот, а за камионите за дотур има посебен протокол по кој постапуваат. Нешто како што е во дебарско или пак со нашиот јужен сосед ситуацијата ако читавте соопштението.

*извинете за дупло мислење, ако може споете го.
 

kristijan10

Добро-Познат Член
3,468
4,936
113
Не ми се верува како се богатеат аптеките врз грбот на граѓаните поради настанатата паника! :off:

Гел за дезинфекција - 1600 денари?!? Маските кои до вчера беа 8, сега се 50 денари?!? :off::off:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,103
113
Хрватска направиле замрзнување на цените што значи цените да останат какви што си биле и во нормални денови со цел да не може секоја фирма да ги зголемува како си сака. Такво нешто треба и тука да се направи.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Се сложувам дека Владата треба да ги замрзне цените на производите по примерот на Хрватска, но морам да упатам на две забелешки.
Прво, голем дел од аптеките и маркетите не по своја вина ги зголемуваат цените, туку поради зголемување на цените од добавувачите...
А второ, економската наука вели дека ако производот е ограничен, а побарувачка е зголемена, тогаш логично е и цената да се зголеми...
 

Beauty

Администратор
49,881
61,899
113
Ма што ако зголемиле сиротите кога и тоа се троши. Маски и гел нема ни за лек.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,693
45,246
113
Што е ова бе? :sto zboris:

Да се преименуваме ние TVCartooNetwork.com.mk ?
Јас сум повеќе за ТВБумеранг.ком.мк, на Картун одат само новокомпонирани глупости, Бумеранг има и стари луксузи 334545

А он баш бараше синхронизација за Медо. :smeenje::smeenje::smeenje::smeenje:
+++++++++++++

Повеќе сум за турски цртани филмови од локални телевизии :pie kafe:
 
Top