Од стручен аспект ќе се обидам најпластично да објаснам.
Со НАТО не се добива никакви економски бенефити, баш напротив, трошоци... Треба да платиме годишно...
Единствено ако не' нападнат, можеби и ќе скокнат сојузниците на помош... Ама убаво рекоа и погоре, коа ќе се мерка некоја локација за напад, нашите би биле меѓу првите борбени редови...
Од политички партии, Левица јасно искажува противење за НАТО членство, додека пак квази-партијата на Бачев (Единствена Македонија) исто така глумеше нешто а у.
За промена, малце е доцна, единствено промена би одела преку референдум за отстапување од членството во НАТО.
А со ЕУ, е тоа е друго... А Брекситот и излегувањето на Британија, тоа е исто тешко прашање, длабоко... Накусо, излегува поради геостратешки политики.
А да, во ЕУ, ако опстане во ваков или некој сличен облик, ние можеби и би влегле за најмалце 15 години. Ама би влегле ако за тоа пројават интерес лидерите на земјите членки но и ако имаме способни политичари. Ако не... Е тогаш ќе го имаме турското сценарио.
У нешто подобра варијанта, би биле како мини-шенгенот, мини ЕУ која би била во одредени односи со ЕУ, но не и членство, нешто како Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд. Најверојатно и Британија би имала некој посебен статус, но зависи што би договориле до крајот на годинава.
А во поглед на гласањето, запомнете, политичката психологија вели: луѓето најчесто не гласаат за партијата што ја сакаат, туку гласаат против партијата што ја мразат. Во 2006та луѓето не гласаа за ДПМНЕ, гласаа против СДС. Исто и во 2017та, не гласаа за СДС, туку гласаа за ДПМНЕ, со напомена дека сепак и на овие избори ДПМНЕ издвои победа, минимална, но сепак ги победи другиве.
Во поглед на Омладината и нивната светија: партијата... Јбг, тоа е клиентелизмот во северен фиром. За жал, остаток од претходниот систем, социјализмот, луѓето сакаат на државно да бидат и се верни на партијата. Но да сме социо-економски независни, нема да бидеме потчинети на партиските главатари и да се замараме толку со политика. Ок, ја ќе се замарам јер струка, ама од друг научен агол, а не како експертите од пазар, што немаат допирна точка со политиколошката наука, но сепак поради нив не можеме ние дипломираните политиколози да дојдеме до израз на форуми (мислам на настани) и медиуми.
Инаку да, јес да е право шо се сака да се објавува, но македончето треба да му се забрани пристап до нет! Јер тоа забегува, независно од која провиниенција е.
*извинете за долгото и широко, може субјективно, но мислам дека должев неколку километри личен коментар.