Не. А зарем со моменталните околности можат да го направат тоа? Исто не.
А нема ни потреба Македонски Телеком целосно да се мигрира кон Магента ТВ.
Телевизискиот сигнал и понатаму доаѓа од истите извори од кои и MaxTV платформата го превзема и го емитува истиот, разликата е во тоа што кристално истиот производ е поинаку препакуван во Магента ТВ платформата.
И секако тие кои не се баш запознаени со техничкиот дел, прв аргумент за Магента ТВ кој ќе го извадат од ракав е поддршката за 4K, односно Ultra HD резолуција кај новите Магента ТВ рисивери, која прво: ја има и кај најновите MaxTV рисивери кои за жал ги увезоа во многу мали количини во 2022 и 2023 година во исчекување на Магента ТВ рисиверите, и второ: Македонски Телеком нуди само 1 (ЕДЕН) ТВ канал во 4K/Ultra HD резолуција, а тој ТВ канал е ЕуроСпорт 1.
Е да, вториот аргумент за Магента ТВ држи малку повеќе вода, а тоа е опцијата за безжично поврзување на Магента ТВ рисиверите преку Wi-Fi. Ова не е изводливо кај MaxTV рисиверите, но Македонски Телеком препорачува, односно инсистира и покрај Wi-Fi опцијата, сепак Магента ТВ рисиверите да се поврзуваат преку мрежен кабел бидејќи Македонски Телеком гарантира услуга преку кабел, а безжичната опција е бесплатна, опционална и Македонски Телеком не нуди никакви гаранции за истата.
Андроид апликациите се последниот аргумент во корист на Магента ТВ, но тие се баш и најнепотребниот аргумент, повторно бидејќи Македонски Телеком нуди ТВ услуга која ја наплаќа, а не пристап до апликации како услуга кој е чист нус производ кој Македонски Телеком воопшто не го наплаќа. Ако некој толку многу сака да може да користи апликации на телевизор нека си купи понов телевизор кој поддржува апликации или нека си купи Андроид рисивер и завршена работа.
А да, и најважниот аргумент во корист на MaxTV, а не во корист на Магента ТВ: директорите, раководителите и поголемиот дел од вработените во Македонски Телеком и понатаму ја користат MaxTV платформата наспроти Магента ТВ платформата. Очигледно знаат некоја информација за која не сакаат да биде општо позната за пошироката македонска јавност.