Старите биле во друго време растени и би рекла биле домаќини кога се работи за бизнис. Камчев, Стојменов, Ѕинго, Панделевски, Зегин, оној на Европски, и милион други. Сите тие нивни наследници ги занима само парата и ништо друго. Ради бизнис се врзуваат со политичари, прават огромни обрти, кога ќе им текне, ја носат фирмата у стечај или препродаваат, и никој за ништо не одговара освен сиромавиот работник што мора да чека плата и да моли за свои пари.
Грешка си, поуката е друга:
Крадецот знае да краде, но ако неговите потомци не го научат неговиот занает, нема долго време да уживаат во пленот.
Сите тие луѓе кои ги наброја се збогатија или преку крадење или преку уништување на државни/јавни имоти/компании, но изгледа не планирале нивните деца да бидат крадци и измамници како нив, туку верувале дека ќе ги израснат во пристојни граѓани со професии со високи заработувачки: банкар(к)и, лекар(к)и, адвокат(к)и, суди(јк)и, директор(к)и, менаџер(к)и, или па јавни личности како што имаме видено од поодамна во македонскиот етер.
Еве ја имаш Марјана Станојковска која нема баш некој талент, но има свои амбиции - и секако си има кој да ја спонзорира бидејќи во спротивно тешко дека досега ќе стигнеше до тука каде што е денес, и од друга страна ја имаш ќерка му на Живко Мукаетов која е таму каде што е` поради татенце нејзин.
Колкав и да е анти-талент Марјана, не може да и` се негира дека е упорна и амбициозна - со неверојатно глупави впечатоци кои ги остава - додека оваа татинава ќерка само треба да му каже на татенце што сака и ќе го добие посакуваното.
Но кога би морала да бираш помеѓу една од нив двете да води некоја емисија на било која телевизија, која би ја одбрала - искусниот анти-талент која сепак мораше да брка секакви лични спонзори за да стигне до тука каде што е сега, или татината ќерка ?
Јас лично би ја одбрал спонзорушата, колку да е анти-талентирана.
За жалење е тоа што сме доведени до ова дереџе: да бираме помеѓу анти-талентирани спонзоруши и татини ќерки.
Но можеш да се кладиш дека и децата на Марјана - доколку некогаш ги има - нема да го имаат нејзиниот анти-талент и нема да знаат како да се однесуваат како јавни личности и како да настапуваат на јавна сцена.
Истото важи и за децата на Мукаетов, ако не ги воспитал и научил да знаат да лажат, да манипулираат и да крадат како него, неговата фармацевтска империја на крајот или ќе пропадне или ќе биде купена од некоја друга компанија.