Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
54,274
69,291
113
Од белиот слон наречен проект Скопје 2014 единствено не се доизградени факултетите кај семафорите кај Мавровка, судска палата и Национална Библиотека Климент Охридски.
+ Народна Банка карши Дирекција на А1 во Центар.
+ Официрски дом на плоштад
+ Хотел на плоштад
+ мислам Мајка Тереза спомен куќа или што и да е тоа на плоштад
+ едно зградиште кај Кале таму, којзнае што е па тоа.
Во иста состојба се сите овие како факултетите.
Не е малку, за огромни зградишта се работи кои се почнати и во кои се вложени милиони милиони наши пари. И се така оставени, скапуваат.

Се` останато е отприлика завршено, панорамското тркало воопшто не беше потребно и добро направија со тоа што го откажаа, единствено позитивно е тоа што Скопје доби уште еден мост над Вардар.
Мост кој не функционира, плус таму дремат огромни бетони што и да се тоа планирани за тркалото.

И не треба да се гради, праксата покажа и докажа на дело дека без разлика дали станува збор за нов објект или стар објект, истиот ќе биде сведен на ниво на руина доколку не е добро одржуван, а Македонците по навика сакаат се` да биде гага. Некој ги излажал дека да се има македонска држава во превод ќе значи се` да биде и достапно за сите и бесплатно за сите, нешто слично како ѓупците кои сакаат да возат без возачки дозволи.
Ееее така, ова е нешто кое никој не го размислува, освен пар аналитичари кои сум ги чула досега, и кои комплетно ги поддржувам.
Пари за одржување мора да се планираат, и тоа мора убаво да му се објасни на народот, дека тоа мора, и дека тоа е приоритет.
Одржување на све, не само да се чисти прашина, како што некој си мисли.
 
dallavera

Добро-Познат Член
3,819
4,563
113
Она до Мериот го веќе изградија, ако мислиш на тоа под хотел на плоштад. И боље што го завршија пошто беше грдосија недоградено.
 
Beauty

Администратор
54,274
69,291
113
Она до Мериот го веќе изградија, ако мислиш на тоа под хотел на плоштад. И боље што го завршија пошто беше грдосија недоградено.
Три се тие едно до друго, едно е спомен куќа на санта Тереза, тоа сто посто не е доизградено и така стои два века, мислам дека е мало како и да е.
Другото е хотел, измеѓу, а тоа до кејот најблиску што е, е Официрски дом и не е Државно, но пак треба да е такво грдо. Мада не верувам дека е готово. Инаку ти веројатно мислиш на Официрски дом, нема шанси, тоа само од надвор мислам е, внатре не верувам да е завршено иначе ќе беа зурли и тапани.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,152
478
83
+ Народна Банка карши Дирекција на А1 во Центар.
+ Официрски дом на плоштад
+ Хотел на плоштад
Од трите Народна Банка е при крај, мислам дека и тарабите се отстранети, офицерскиот дом на плоштад исто така е при крај, единствено хотелот сеуште не е при крај, но веќе има до некаде фасада.

+ мислам Мајка Тереза спомен куќа или што и да е тоа на плоштад
Ич да не го завршат, слободно нека го рушат. Ма да поминав пред некој ден и од задната страна има некакви детали од фасадата веќе поставени.

Беше осмислен исклучиво за перење пари како и повеќето објекти од проектот Скопје 2014. Само што братот Субрата Рој/во лој/преку мој заврши во затвор во Индија, па им пропадна шемата, инаку планираа и Свети Наум во Охрид да го сардисаат со хотелски гнасотии и останати елитистички идиотизми.

+ едно зградиште кај Кале таму, којзнае што е па тоа.
Две згради беа предвидени, и двете се завршени.

Првата беше нова зграда на Водовод Скопје и во функција е од поодамна.

Втората требаше да биде ново седиште на Град Скопје за градоначалникот и градскиот совет, како и за повеќето градски служби, за конечно да се срушат бараките кај Зоолошката Градина и да се прошири Градски Парк.

Но во 2017 година плавите жолтици победија на локалните избори и зградата штотуку завршена ја продадоа - за ништо друго и не ги бива, да бидеме искрени, да можат и воздухот би го продавале.

Мост кој не функционира, плус таму дремат огромни бетони што и да се тоа планирани за тркалото.
Здравје Боже, можеби ќе профункционира во блиска иднина. Подобро да профункционира како мост за пешаци отколку како мост за панорамско тркало.

Ееее така, ова е нешто кое никој не го размислува, освен пар аналитичари кои сум ги чула досега, и кои комплетно ги поддржувам.
Пари за одржување мора да се планираат, и тоа мора убаво да му се објасни на народот, дека тоа мора, и дека тоа е приоритет.
Одржување на све, не само да се чисти прашина, како што некој си мисли.
Точно, но повеќето партиски паразити не знаат што е метла и за што служи, а лепат плакати и разнесуваат флаери, маички и капи за време на изборна кампања бидејќи за возврат очекуваат да загреваат фотеља во канцеларија, а не да бидат вредни работници.

А остатокот од населението очекува парите од неговите даноци да се трошат ефикасно и одговорно, а не да нема возила за Брза помош или авиони за гасење на пожари во лето, додека истовремено лимузините за политичарите да ги има во изобилие.

Умртвен народ сме, без свест и совест, ако трагедијата од 16 март 2025 во Кочани не пробуди никого, тешко дека во блиска иднина ќе и` дојде памет на рајава.
 
Beauty

Администратор
54,274
69,291
113
Не бевме такви мислам.
Не бевме ма сигурна сум.
Оваа негатива, злоба, себичност, индиферентност, аљкавост, сељачизам, ароганција е од последниве години, а што влијаеше точно да е вака, не знам.

Она што највише ми смета е тоа што нема повеќе еден пријатен пријателски однос меѓу луѓето, не постои тоа. Све е страшно негативно
 
dallavera

Добро-Познат Член
3,819
4,563
113
Голем дел од тие згради и изградени се грдосии, да не се лажеме. :406389:
Не викам не, али кога веќе ја дигнале зградата нека ја завршат или да ја срушеа да може ветар да дувне накај ГТЦ :904400:
 
Beauty

Администратор
54,274
69,291
113
А што е срушено тука ? Секој гради што му душа сака, нити нешто е срушено нити некој за нешто одговара.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
21,197
8,049
113
Галијата кај Холидеј Ин. :904400: Не целосно ама руинирана е
Галиите беа тотално непотребна работа што ја направија. Можеби не знам како ресторан биле супер за некого но бродови не го личи тоа на Вардар.
 
Beauty

Администратор
54,274
69,291
113
Ма тоа не вреди да се дискутира, тоа беше перење пари. Ок е да се реконструираат и изградат нормални згради, ама непотребно да се градат музеи, споменици, галии, такви габарити од градби и чуда, нема здрава логика. Ниту треба да се дискутира. Галии, па уште ресторани на таква смрдлива река што не се способни ни да ја исчистат и средат, а не па ресторани да имало.
 
Aбе и за Ајфелова кула колку што сум читал викале французите дека не треба и што ја знам ама ете од како се изградила ден денес носи посетители од други држави во светот. Сеа нешто веројатно носи посетеност од тоа што е изградено во Скопје.
 
Steff

Добро-Познат Член
39,397
51,687

Идиотлуциве со Ајфеловата кула ли се споредуваат???
 
Beauty

Администратор
54,274
69,291
113
A со што да се споредат жити се?
Марко ти да земеш со татко ми да живееш, и он брани све живо и диво што се изградило, гледа РТС и Пинк вести, со таа разлика што он гледа спорт цел ден наместо мк поп музика која мислам дека ја презира.
 
Steff

Добро-Познат Член
39,397
51,687
113
Top