Топ Шоп, Каталошки продажби-купување, online-шопинг

  • Автор на оваа тема Missy
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,128
450
83
aleksCASKA напиша:
Ме интересира има ли некој купувано од Амазон?
Зошто сакам да купам една книга, па ме интересира коментари дали некој купувал нешто, дали го чинело фазла од предвиденото, и на што да обрнам внимание ;)
Во Македонија од Амазон може да се нарачуваат и испорачуваат книги, филмови и музика, во било каков формат - дигитален или физички, филмовите можат да се најдат дури и на видео ленти, а музичките албуми и на аудио ленти и грамофонски плочи, доколку некој ги продава во таков формат, се разбира.

За сите овие видови на производи, колку се плаќа на Амазон за самиот производ и за испораката, толку се плаќа вкупно, односно нема никакви дополнителни трошоци.

Од неодамна почнаа да се појавуваат и други видови на производи на Амазон кои се испорачуваат во Македонија, но вообичаено за тие производи важи правилото дали продавачот врши испорака во Македонија или не, додека за книгите, музиката и филмовите, самиот Амазон ја гарантира испораката и ги враќа парите доколку не пристигнал нарачаниот производ.
 
Top