igorao85 напиша:
Кога јас бев средно, пред нешто повеќе од 8 години, нешто вакво се случи во реалност со мома која што даваше крв за Црвен крст во училиштето, ден пред да добие.
Наредниот ден, кога доби, и тоа баш бели панталони, оф оф оф, едно црвенило.
За нејзина среќа, еден од дечките со длабоки џебови, кој тогаш си купи тазе нов автомобил, беше од поодамна "запален" на нејзе, па ја однесе дома, во спротивно, дали автобус, дали такси, едно е сигурно, а тоа е дека ќе ја памтеа.
Но најсмешниот дел е фактот дека баткава со длабоките џебови на крајот не доби ништо од нејзе, туку баш се погоди на матурска, после заедничката прослава со професорите и останатите класови, заминавме во Македонска Куќа.
Па момава му го побарала клучот од колата, бидејќи таму и останала ташната, за да се нашминка и досреди.
А тука, кај колата, ја чека другар мој, од ние кои бевме ситни риби тоа време, и си поминаа убави меѓусебни интимни моменти во возилото, едно 20-30 минути, а овие другиве го држат зафатен баткава со длабоките џебови во ресторанот, му вадеа муабети и досадуваа, се со цел да го задржат внатре.
Ај дека делува глупаво денес, ама друго е на 18 години, на матурска прослава, па уште и во туѓ автомобил.
Подоцна баткава со длабоките џебови дознал за ова, ама тоа било веќе месеци после матурската, и на крајот другаров мој му вели:
"Види, што се однесува до мене, ти слободно вози ја, а јас слободно ќе ја д*пам".
Со сета почит кон припадничките на женскиот пол, целта воопшто не ми беше да навредам никого.