Се познава дека ни еден ден не сте биле на протестите во 2015, 2016. Протестите никогаш не беа чисто студентски или средношколски, тоа беше краток период кога средношколците протестираа против екстерното тестирање, потоа кратко се вклучија и студентите со автономни зони, но тоа беше многу краток период, и многу мал број, неодржлив сам по себе.
Не можам да кажам дека тоа го организирале од партиите, ни дека го искористиле како почетна каписла за проектот на бомбите, но тоа се слеа едно во друго. Реалноста беше дека, без партиите и невладините, кои позадински беа организирани како едно, од страна на сдсм, немаше да има промена на власта тогаш.
Тогаш кај нас имаше многу поголема пропагандна машинерија, на која може да и позавидат големи ПР мозоци. Правеа ршум секојдневно. Нели памтите дека имаше контрапротести, контрапленуми, контракампови, во 2016 повторно победи Груевски. Имаше крвав напад во собранието каде што за малку не загинаа луѓе!
Реалноста е дека дури и после такви протести и бомби, немаше моќна и стабилна влада која би имала моќ и авторитет да почне некои промени, па така се што направија беше половично и јалово без никакви резултати освен нато и мало зголемување на перцепцијата за демократија.
А народот веднаш потоа се врати на претходната апатија и одговори со негласање и не се замарам со политика. Мислам дека оваа држава нема капацитет за нешто повеќе.