Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
21,838
8,427
113
А нели имаше некаква си во Скопје забрана за фрлање ѓубре навечер или денски мислам? :hehe:
 

Beauty

Администратор
56,073
71,896
113
А нели имаше некаква си во Скопје забрана за фрлање ѓубре навечер или денски мислам? :hehe:
Ма какви забрани, нити нешто се поштува нити нешто функционира. Кога нема казни, нормално е да не се поштува
 

M@RKO

Добро-Познат Член
21,838
8,427
113
Ма какви забрани, нити нешто се поштува нити нешто функционира. Кога нема казни, нормално е да не се поштува
Само пендрекот по газот и ќе видиш како ќе се поштува. Пред кантите полиција и ако не го фрлиш директно во канта да те удрат по газот. Ако имаш повеќд ѓубре а не ти е во вреќа за ѓубре ставено исто да те мавнат по газот со пендрек.
На секое ќоше во градот камера исто како Safe City и одма казна да ти стига за фрлено ѓубре на улица.

Може е смешно а може и брутално ова со пендрекот ама само вака ќе намали ѓубре по улиците.
 

Beauty

Администратор
56,073
71,896
113
Си ја пратам жената на Апасиев, е она ми е доста добра, ги кажува работите на многу подобар, појасен, посуштински начин од мУж и.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
21,838
8,427
113
Tинекс тоне во долгови. Конто е веројатно некаков спас на Тинекс да не пропадне фирмата.

 

Beauty

Администратор
56,073
71,896
113
Тинекс долго време е прилично слаб маркет.
Рамстор го одбегнувам како скап.
Ја сепак си ги сакам срцките Кам и Стокич :cuvaj se:
 

TVman

Добро-Познат Член
17,778
14,552
113
Тинекс долго време е прилично слаб маркет.
Рамстор го одбегнувам како скап.
Ја сепак си ги сакам срцките Кам и Стокич :cuvaj se:
Или Зур хаххахах

Во Рамстор влагам само за Нутела, во поевтините нема тоа :haha:
 

Beauty

Администратор
56,073
71,896
113
Не знам кај има Зур
Има мислам кај Универзална ама никогаш не сум била, ок е ?
 

TVman

Добро-Познат Член
17,778
14,552
113
Не знам кај има Зур
Има мислам кај Универзална ама никогаш не сум била, ок е ?
Има и во Аеродром

Да, да, преевтино е, а не се ствара толку гужва како во Кам (затоа и го избегнувам колку што можам)
 

Beauty

Администратор
56,073
71,896
113
Кам е страхота хахаххаха
И увек имаш Ајде уште една касаааа, Уште една каса ќе можееее ???
Дада господине, еве викнав

хахаххахахахахха
 

Beauty

Администратор
56,073
71,896
113
Каснењето на плата во еден од многутте супермарлети, за Марко е клучно политичко прашање хахаххаха
 

M@RKO

Добро-Познат Член
21,838
8,427
113
Каснењето на плата во еден од многутте супермарлети, за Марко е клучно политичко прашање хахаххаха
Не знаев кај е соодветно да пишам. Темата е и за економија плус газдата е вмровец од времето со Грујо и беше градоначалник на Центар а сега веројатно му пропадне бизнисот.
 

Beauty

Администратор
56,073
71,896
113
После Момировски, еве и овој од Алфа се пикна.
Само директор на што? На нешто што не е изградено и што веројатно ќе биде изградено за две години.
И не само он, ене уште директори има, па дури со години таму има вработени што си земаат солидни државни плати.
 

Beauty

Администратор
56,073
71,896
113
Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе го завршиме во рокот. Ова е првата Влада која целосно се посвети на изградбата
Дали може еден ден да не помине, а да не читам нешто од овој и неговите ретардирани патишта. Посебно овој за Охрид се вергла секој Божји ден по портали. Нели сфаќаат дека овој агресивен ПР е контра продуктивен.
Освен ако стварно гласачите не веруваат во се што се сервира
 

Steff

Добро-Познат Член
42,425
54,307
113
Освен ако стварно гласачите не веруваат во се што се сервира
Ова и е наменето за простата раја

Чекај само да почнат со изјави дека Мицкоски лично ги градеше автопатишта, од свој џеб ко во СРБ што луѓе мислат тоа за Вучиќ
 

M@RKO

Добро-Познат Член
21,838
8,427
113
Дека ќе го направат автопатот ќе го направат овие од Дпмне штом запнале да биде. Проблемот е што се вергла често време дека ќе се заврши во рок. Напрај го скроз па нека ни покажат а не метро по метро да не известуваат до кај се што се.
 
Top