Во ден кога Кичево е под вода поради децениска негрижа, во ден кога реките ќе се прелеат, во ден кога дознаваме дека си патувале со авионот на Јадранско море, во ден кога дознаваме дека терапија за рак се делела на рака, во ден кога е закажан протест пред влада за плати, .... они се фалат со небитни авионски линии и тоа е главна вест.
Значи стварно не можам да одлучам дали е полоша предавничката СДС или забеганава од реалноста ВМРО.
Си играш бајрам со умот.
Секако дека плавите жолтици се бетер, причината зошто не размислуваш така е бидејќи си дозволуваш на себеси да веруваш дека најлошото со нив поминало и тешко дека ќе се повтори доколку некогаш воопшто се вратат на власт.
Сакаш да веруваш дека пвеводбениците во најмала рака ќе се однесуваат како сериозна власт која ќе се занимава сериозно со решавање на вистинските проблеми на населението, како поплавите кои ти ги спомна, а не да си прават евтин маркетинг со нови авионски линии додека во Кичево и други населени места има цели семејства кои се соочуваат со вистински проблеми за кои им требаат итна помош и вистински решенија, а не празни зборови и евтини приказни.
И во вакви моменти си дозволуваш да го игнорираш фактот дека кога плавите жолтици се на власт имаш полицајци кои самите се удираат во пајак возила, градоначалници ги фаќаат на дело при шверц на цигари и експресно ги ослободуваат истиот ден, премиер свесно и намерно отпушта главен инспектор бидејќи отворено и јавно одбил да вработи лица кои не исполнуваат ниту еден законски критериум за да бидат квалификувани на работна позиција инспектор, но бидејќи се соодветни партиски паразити мораат да бидат вработени, а главниот инспектор нека си лета од работа со отказно решение во рака бидејќи замисли: си ја вршел работата за која бил квалификуван, вработен и платен, за разлика од над 99% од партиски вработените паразити.
А да, ќе заборавев: упад во М-НАВ - контрола на летање, бидејќи се закануваат со штрајк доколку бидат вработени партиски паразити. Си слушнала за друга држава во која се случил ваков настан ?
Кулата на контролата за летање треба да биде еден од најстрого обезбедените објекти во целата држава, а не туку така да може да влезат насилници, да тепаат вработени, и да не одлежат ниту ден затвор поради такво злосторство.
Вистината е дека и едните и другите се исти ѓубриња, со разликата што функционираат на различни начини.
Пвеводбениците се обидуваат да глумат некакви си борци за некакви си вредности и традиции, за разлика од плавите жолтици кои во пракса само велат "дајте ни власт и ќе се стишаме" - така што токму кога се тивки се најопасни и извршуваат најголеми злосторства и велепредавства против македонскиот народ.
Во пракса ниту на едните ниту на другите им е гајле за секојдневните проблеми со кои се соочуваат обичните македонски граѓани, ако бидат фатени во било каков криминал или лага не им е жал за извршеното криминално дело или за кажаната лага, жал им е единствено бидејќи биле откриени.
Очекуваш обѕир од премиер кој зема плата од 2200 (ДВЕ ИЛЈАДИ И ДВЕСТОТИНИ) евра месечно, а одбива да воведе законска миминална плата од 500 (ПЕТСТОТИНИ) евра месечно за обичните македонски граѓани ?
Ништо позитивно не треба да очекуваш ниту од едните, ниту од другите.