Steff
Добро-Познат Член
- 33,695
- 45,248
- 113
Неутрална како Белорусија, да.Па повелете смејте му се на претседателот на една од малкуте држави во Европа која се држи неутрална наместо да и` глуми лудило на Русија.
Не сфаќате дека тука се најбитни само неговите лични интереси и на најблиските од партијата и владата, најјако дека Вучиќ тоа прави затоа што е во интерес на државата.
Тој знае како заврши Милошевиќ и каде заврши неговото семејство. Во братската Русија, а ако се сврти против Путин, може да избега само во братска Кина, а и тоа е под прашалник.
Александар Вучиќ дојде на власта 2012. зошто им беше прифатлив на сите, и на Европа, и на Русија, сѐ живо и диво ветуваше само да дојде на власта. Затоа и владата направи со проруската СПС, чедото на српските комунисти и Милошевиќ и ете така тераат 10 години.
А нормално, и на бриселските бирократи и на руски диктатори им е тоа најбитно, да поддржуваат будали кои ќе работат во сечија полза, освен на народот.
Е сега пак се крена паника што да прави со целата војна во Украина, дали да воведе санкции, дали да ќути и да се прави улав. Секако, не затоа што тоа може да биде лошо по Србија, туку затоа што на 3ти април се избори. По избори, следуваат санкции, само гледајте. Па дури и проруските весници почнуваат полека да зборуваат лошо за агресијата, а до вчера не смееше лош збор за Путин да се каже.
Александар Вучиќ е синоним за нешто најдолното, болно, одвратно, најголемото зло што нѐ снајде заедно со неговите радикали и СПС. Тие партии се 30 години на политичката сцена, прават што сакаат, убиваат и трујат ова болно општество како српско. Али добро, тоа е ништо за вас очигледно, гоу гоу диктатори.
Неутралноста требаше да заврши пред 30тина години кога падна Берлинскиот ѕид и кога бившата СССР се растури. Тоа преспиевме и си плаќаме 30 години лудило со мизерии и ужаси како СПС и радикали.И ја тоа викам цело време.
Заврши неутралноста и непризнавањето на Косово во моментот кога Вучич ќе го сменат. Буквално мислам дека истото како тука ќе се деси доколку се смени он.
А непризнавањето на Косово нема шанси да се случи, кој и да е на власта. Не е сепак збор за име на земјата со некаков префикс, туку дел од територијата. Не ме разбирајте погрешно, ама не се исти ситуации.
Европа нема намера да го смени Вучиќ, буквално на опозицијата им велеа бирократите кога беа оние договори за изборни услови да го пуштат да прави што сака, очигледно затоа што е доволно кооперативен.
И така испотпиша сѐ живо и диво поврзано со Косово, со НАТО се максимално соработува, односите со Европа се супер, доаѓаат тука најдолни инвеститори кои во нормалните земји не можат ни да влезат, така да нема зошто ни да го сменат од надвор. Да се "балкански касапин" во 90тите вака однесуваше, веројатно ќе беше "фактор мира и стабилности" цело време како и колега му Џукановиќ.
Ако и падне Вучиќ, тоа нема да биде поради поддршката на Европа. А можеби е така и подобро, минатиот пат со 5ти октомври и поддршката на Америка не се баш прославивме.