Пијанство

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #1
Дали често пиете и дали се „начукувате“? Што ви се случува тогаш?
Зошто го правите тоа, и дали го правите свесно или несвесно?

Јас лично алкохол пијам најчесто само на некакви прослави, на обични излегувања ретко. Знам да бидам „потфатен“ и може да ми се случат две опции. Едната ми е комплетно да се смирам и да не зборувам ништо определено време, другата е да зборувам секакви глупости, ама свесно. А да сум се начукал онака ептен никогаш ми се нема случено. Знам каде да запрам и до каде ми се границите.

Па, споделете искуства. :)
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
И овде негативен одговор. Се немам опијането, а и алкохол не консумирам многу. За излегување не пијам алкохол освен ако не е некоја поголема прослава и тоа од типот веридба или нешто слично значи да има голема причина за прослава и тогаш само за честитање, наздравување и такви работи. После со сок си продолжувам. Бидејќи се немам опијането и не знам како се однесувам во таква ситуација за свадби, Нова година и слично не пијам да не правам глупости после тоа.
За дома со некаков ручек ми се случува вино да пробам ама и тоа во мали количини
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Не пијам често алкохол и тоа со добра причина. Кога излегуваме навечер свесно правам глупости како да имам 15 години, а не 21, признавам дека воопшто не сум сериозен, и останатите од друштвото го прават тоа но само кога добро ќе се начукаат. Причината поради која не пијам често е една случка во Струга која никогаш нема да ја заборавам, можам дури да кажам и дека се срамам од тоа што се случуваше.

Ми беше роденден и наполнив 18 години, не дека бројката беше причина за да откачам, но ете одлучив таа вечер да пијам паралелно со пријателите. Почнавме да кршиме приколки, да се дереме како луди иако тоа беше фамилијарен камп, се сеќавам дека на едни им влегов во дворчето и им ги бутнав на земја сите алишта што им се сушеа. Навредував неконтролирано по кампови заедно со другарка ми, а на крајот од вечерта намерно се затрчавме во приколката каде што престојувавме и буквално се залепивме за неа. Од ова последното имам и видео, ќе го пронајдам до вечер и ќе го пуштам тука, браво за темава се потсетив на неверојатни моменти. :haha::haha::haha:
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
Ах алкохолот прави чуда... На излегување скоро секогаш консумирам алкохол, на дешавки (концерти, стадион), на прослави... Знам дека алкохолот никогаш нема да ме изневери :haha: Обожавам џин тоник, виски миски и пиво ( скопско). Али и покрај се не можам да се декларирам како пијач.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Никогаш ја немам поминато "онаа" граница. Консумирам често при излегувања но најчесто тоа е пиво, и тоа во баш нормални количини. Два пати само кога бевме собрано класот ме има "потфатено" како што кажа Дарко, и тоа од вино, но никогаш не сум се однесувал неприкладно, само ситни зборувања глупости, но ништо повеќе од тоа. Секогаш свесно сум го правел тоа, и сум памтел наредната ден на повеќето работи. А за поминување на граница не ни сакам да го правам тоа, непријатно ми е а и не ми делува убаво.
 
Top