Пијалоци (општи дискусии)

  • Автор на оваа тема M@RKO
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
19,982
7,122
113
  • Автор на оваа тема
  • #1
Пошо могу залутавме во темата за реклами околу пијалоците ,еве тука нека има општи дискусии околу секаков вид на пијалоци ,алхохолни ,безалхохолни,газирани и негазирани.

Денес на фејсбук страната на Антена 5 видов слика од Кока кола шишенциња со имиња ,а каде може такви да се најдат ?
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,388
870
113
^
Ова со Кока Кола шишенциња со имиња мислам дека беше актуелно лани во Австралија...
Знам брачед ми имаше слика со неговото име Крис... Хахаха... Interesting thing... :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,982
7,122
113
  • Автор на оваа тема
  • #3
Blagojche напиша:
^
Ова со Кока Кола шишенциња со имиња мислам дека беше актуелно лани во Австралија...
Знам брачед ми имаше слика со неговото име Крис... Хахаха... Interesting thing... :)
А знаеш каде може да се најдат ,или тие се добиваат некако со некоја наградна игра или промоција некаква ?

Но малце им е глупо ,бар да беше изгравирано на шишето името ,вака некако глупо е со глуп фонт пишано :D
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,388
870
113
^
Не, немам појма од каде можеш да ги најдеш. А можеш да ги прашаш од Антена 5 како се добиваат или каде можеш да ги најдеш тие шишенца... :)
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Пуштени се во промет тие етикети за комерцијална употреба, насекаде. На лименките пишува „Сподели Coca-Cola со ДРУГАР“, додека на оние од 0,5 литри се менуваат рандом македонски имиња и поими како дечко, девојка, фраер, шизик, другар... На големите од 2 литра има семејството, комшиите, најблиските...

Еден од појаките маркетиншки трикови видени во последно време кај нас. Кога си го видов во петокот името на шише Кока-Кола, не можев, а да не си го земам. :)

Од друга страна, вчера не можев да се пронајдам, па се изнервирав и решив да земам Пепси. :haha:
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Значи не знам зошто го рекламираат она сокчето play кола, зошто мислат дека е добар бизнис потег да прават бренд од третокласен кола пијалок, на пазарот има доволно кола пијалоци и нивниот секогаш ќе остане третокласен.

И претходно ако се сеќавате ја имаа она идиотската реклама со круговите.

Промашена инвестиција. http://www.facebook.com/playdrink

Само можат да си дозволат интензивни реклами на сител затоа што се на истата компанија како добра вода и ладна вода на ѕинго.

Исто и со пелистерка пијалоците, па и рекламата со Викса за наградната игра колку беше грда, да не спомнувам.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,982
7,122
113
  • Автор на оваа тема
  • #7
На play ми се допаѓа рекламата ,баш е добра ,но скочињата не сум ги пробал никогаш ,и ништо не сум пробал од таа компанија.

Но стварно им е глупо што прават некој слични газирани сокови на кока кола,пепси,фанта,швепс и слично. Дај нека напраат некој сосема различен сок од досегашниве .
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Пелистерка Кола мислам дека колку-толку има успеано да се пробие на македонскиот пазар, а и воглавно нема лош вкус.

Play агресивно се рекламира во последно време (само на Сител, секако), рекламата е прилично добра, ама јас не би купил никогаш.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,982
7,122
113
  • Автор на оваа тема
  • #9
И на скопско шишињата имало име ,ама не само име туку и презиме имало ,во картонска кутија се ставени.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Сте го пробале ли „новиот“ Златен Даб?

Амбалажата е модерна, но многу избегаа од препознатливиот идентитет на пивото. Како и да е, мене ми е најдобро македонско пиво, далеку подобро од преценетото Скопско.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Burrows напиша:
Сте го пробале ли „новиот“ Златен Даб?

Амбалажата е модерна, но многу избегаа од препознатливиот идентитет на пивото. Како и да е, мене ми е најдобро македонско пиво, далеку подобро од преценетото Скопско.
+1 Не сум го пробал уште новото, но се сложувам целосно дека е подобро од Скопско, отсекогаш ми било.
 

Beauty

Администратор
52,411
66,183
113
Што се однесува до Плеј соковите, мене ми се свиѓаат повеќе од другите второкласни и третокласни пијалоци. Особено оној што наликува на Фанта.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Во последно време избегнувам газирани сокови ( не можам само на Пепси да одолеам).
Инаку интересна ми е акцијата на Кока Кола и сеуште сум во потпага по името. Ретко кога барам ама битно се надевам ќе си најдам
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Јас моето нема шанси да го најдам и затоа не го барам :haha: :haha:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Јас кога почна кампањата, успеав од одма да го најдам, во првата трафика, и потоа само уште 2 пати успеав да се видам. Оние стаклените за во кафулиња имаат интересни зафрканции.

Инаку и јас пијам повеќе Пепси од Кока-Кола, поосвежувачки ми е. Фанта вообичаено ми е за преку лето, ама многу ретко купувам. Спрајт никогаш.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Спрајт купував често ама пред некоја година. Сега одамна немам купено
А за името мое често е па го има секако ама сигурно и многу е барано
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,982
7,122
113
  • Автор на оваа тема
  • #17
Burrows напиша:
Сте го пробале ли „новиот“ Златен Даб?

Амбалажата е модерна, но многу избегаа од препознатливиот идентитет на пивото. Како и да е, мене ми е најдобро македонско пиво, далеку подобро од преценетото Скопско.
Maлку копираат од Heineken,Becks.. во шишето да е зелено а и отварањето да е многу лесно и без отварач :D
 
Top