Македонски радио станици

  • Автор на оваа тема M@RKO
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
19,982
7,122
113
  • Автор на оваа тема
  • #1
Темава за да ја отворам ме потикна ,новото радио што денес почна со работа на поранешната фрекфенција Радио Равел. Слободна Македонија .

Дали воопшто слушаате радио ? Ако слушате кое радио ви е омилено и често го слушате ?

Јас го слушам Метрополис радио секој ден од 9 до 12 часот. Тој термин има емисија Петар за појадок и пауза со Петар Ѓошев,Ана и Биљана.
 

alek

Добро-Познат Член
792
260
63
јас слушам само кога работам нешто за побрзо да ми помине времето и да го слушам радио кавадарци таму дават секаква музика народна турбо фолк поп со еден збор се и свашта :)
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Ретко слушам, освен ако сум во кола или пешачам некаде, инаку прв избор ми е Антена 5, а ако пуштаат некоја лоша песна, во меѓувреме префрлам на Сити радио или Радио 2 најчесто.
 

Beauty

Администратор
52,411
66,183
113
Најмногу ги слушам спортските радија кога нема спорт :) , потоа Антена, некогаш вртам и на Скај.
Сити не можам да го слушам. Метрополис ретко. Фортуна го слушав пред неколку години, веќе не.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,982
7,122
113
  • Автор на оваа тема
  • #5
Пред некој ден случајно на фејсбук ми излезе некој од пријателите што ги имам на фејсбук имаше лајкнато страна нс едно ново радио со име Индекс. Ај си викам сум по слушање музика, сакам радио дај да го слушнам да видам што радио ќе е.

Влегов на сајтот на радиото и го слушав дента радиото, ми се допадна што има повеќе ретро постара музика од 80-тите, 90-тите а има и нешто од поново време. Пуштаат и по нешто македонско ама колку што приметив доста помалку и малку постари хитови.

http://www.radioindex.mk/

Правев на фејсбук моабетче со од радиото (кој и да ми пишуваше) и ми пиша засега дека е интернет радио и дека од септември ќе почне со целосна програма.
 
Top