Интернет и ТВ оператори

M@RKO

Добро-Познат Член
20,113
7,250
113
  • Автор на оваа тема
  • #101
Добар дел од локалните кабелски оператори имаат сопствени оптички телекомуникациски мрежи, но главното прашањето гласи:

Колку квалитетен Интернет нудат преку тие нивни оптички телекомуникациски мрежи и дали нивните услуги вредат за тие пари ?

Еве Телекабел имаат сопствена оптичка телекомуникациска мрежа која ја шират насекаде како ќе им текне, на најфушерајски и најшверцерски начин, но најголемиот проблем е во тоа што нивната услуга преку нивната оптичка телекомуникациска мрежа е тапа. Ако заврне или загрми, експресно снемува ТВ сигнал кај Телекабел, .

Тука не станува збор за монопол, туку за одбивност кон инвестирање во поквалитетна опрема со цел да се обезбеди поквалитетна услуга за крајните корисници.

А кога сме кај цената, непотребно е да се дискутира за истата, откако беше одобрено незаконското спојување на Оне и Вип цените во мобилната телефонија ги диктира дуопол, а крајните корисници се најголемите ако не и единствените губитници.

Но за фиксна домашна оптичка линија за Интернет и/или за ТВ услуги, од поодамна на повеќе населени места низ Македонија нема ниту монопол, ниту дуопол.

Каде има оптичка телекомуникациска мрежа од Македонски Телеком, преку истата може да се поврзат корисници не само од Македонски Телеком, туку и од А1, од Неотел, од Кабелнет, деловните корисници можат да се поврзат на Интерспејс, на Актон, а ги има и други оператори кои ги нудат своите услуги преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком. Истите овие телекомуникациски оператори во некои места имаат сопствена оптичка телекомуникациска мрежа и ги нудат своите услуги независно од Македонски Телеком.

Телекабел си функционира независно преку сопствена кабелска и/или оптичка телекомуникациска мрежа, што секако дека е за поздрав и покрај катастрофалната изведба на завршната инсталација кај крајните корисници, но тоа што е за срам и резил е НЕквалитетот на нивните услуги, но токму бидејќи ги нудат преку сопствена мрежа целата вина и одговорност се нивни, а не на некој друг.
Ќе пробаат Телеком Србија во Македонија изгледа да го купат Neotel и со тоа ќе имаат оптика барем така ми седи работата. Едно време имаше такви најави по портали ама не зна тогаш што се случи.

Ништо не би ме чудело еден ден да се случи Телеком Србија да купи и поголем оператор дали тоа ќе е Телеком или А1.
 
Top