Гурман chat

  • Автор на оваа тема Missy
  • Датум кога е започната темата

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #41
Сосот солен е инаку на старт мислев дека ќе има многу јак вкус ама кога се испече целосно има навистина добар вкус и не е јак( зависи кај секого ова).
А некаде од 33-35 ден. е зависи од маркетот, јас од Тинекс го купив. Има уште 2 вкусови со зачини и со печурки. Инаку во прав е и се меша со павлака за готвење барем овај. На сите има кои се потребни состојки за да се спрема и колку
Павлака/хопла инаку неутрална по вкус за готвење се купува

Имаше и ваква во Тинекс

ама не знам дали е потечна оваа или исто густа, немаме купено
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,563
6,776
113
А дали јадете пуканки ,често ли ги правите ?

Јас вчера си направив овие од Макс Струмица

со маслиново масло и беа вкусни :)
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Јас во последно време ги јадам едни Тазе пуканки, ги купувам, оти ме мрзе дома да правам такви ствари. Ептен се пресни, и жива зараза :smeenje: :smeenje:

П.С бев некња во Мекици на стража, ме бендисаа, дебели и ентериерот е предобар а и тие чашите за јогурт. 70 денари е мекица + јогурт, ако сакаш плус сирење 90 ќе ти испадне.

Иначе ептен ми е чудно мекици, ние во Кавадарци пешии ги викаме :hehe:
 

Beauty

Администратор
51,395
64,483
113
Пешии или пишии јас мислев дека се други, едни потенки и не толку мрсни.
Тазе пуканки мора во микробранова да се прават?
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
За микробранова има посебни спакувани во ќеси што се бутаат внатре.
Овие може и на рингла, во тенџере.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,563
6,776
113
Видов слики од Мекиците од стража ,ми се допаѓа ентериерот внатре дрвено што е и што сакаат како што е за хамбургер Бургер кинг, Мекдоналдс и сл да си го напраат бренд .

Beauty напиша:
Тазе пуканки мора во микробранова да се прават?
Јас тие ги правев во тенџере , и затвораш капакот да не летаат пуканки на сите страни :haha:
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Beauty напиша:
Пешии или пишии јас мислев дека се други, едни потенки и не толку мрсни.
Тазе пуканки мора во микробранова да се прават?
Не бе, исти се, баба ми ги праве истите такви како во Мекици на стража :haha:

Иначе Тазе пуканки ги има во продавници направени за 30 ден се мислам, ептен се пресни, баш како тазе да се направени.

Иначе мене Мекици на стража однадвор и внатре ме потсеќа на Старбакс. :)
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Мекиците од Стража стварно изненадија со продавницата на улица Македонија, делува светски (баш како Старбакс). Уште ги немам пробано во Скопје зошто секогаш ќе отидам (навечер) никогаш нема останато.

Инаку веднаш до Мекиците од Стража во пекарата 10-ка (моментално најдобра во Скопје) има take-away пица 2 парчиња за 65 денари, или едно парче за 35 денари и вкусот е НЕВЕРОЈАТЕН, една од најдобрите што ја имам пробано воопшто.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,563
6,776
113
DarkShadow напиша:
Не бе, исти се, баба ми ги праве истите такви како во Мекици на стража :haha:
И мајка ми прави такви мекици или како и да ги викаат во другите драдови :D

додека сеуште се топли ,тазе со кравјо сирење и јогурт многу се вкусни.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #50
И кај нас во Прилеп се викаат мекици
да нема забуна за што се работи и со сликче


Инаку ги сакам и со шеќер во блага варијанта, а и солени

За пуканки знам само во микробранова да направам. Од КАМ едни купуваме ( само такви има)
мислам 51 денар или 55денари беа 3 внатре во пакувањето. Плави Popz пишува
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
А мекици а пишии исто е, во Штип ги викаме пишии. :)
 

alek

Добро-Познат Член
789
256
63
мекиците ги викат таганици кај нас во кавадарци а пешии е сосем трета работа :) таганиците се благи и обично одат со шеќер во прав а пешиите се солени и одат со сирење и патлиџан (домат). :D :D
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,563
6,776
113
alek напиша:
мекиците ги викат таганици кај нас во кавадарци а пешии е сосем трета работа :) таганиците се благи и обично одат со шеќер во прав а пешиите се солени и одат со сирење и патлиџан (домат). :D :D
И во тетовско некој така ги викаа ,само не таганици туку тиганици.

Денес мајка ми беше во Прилеп и на стража нормално како што е редот на секој што ќе помине таму да си купи мекици .Донесе неколку дома и можам да кажам дека доста се променети откако почнаа да ги продаваат и во Скопје ,малку поголеми се и помрснички.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #54
Мојата нова зараза





Сите пари за сладолед си ги давам

Гледам на интернет многу различни вкусови од 1л и од 2,5л од овие па се надевам ќе донесат во КАМ
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Е вакви cookies од КАМ Маркет купени бидејќи само таму ги има најубавите германски колачи + Кока Кола Зеро, ау свршувачко чувство :ehh:

 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #56
Ќе испадни ептен како реклама на маркетот ама навистина има преубави работи
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Missy напиша:
Ќе испадни ептен како реклама на маркетот ама навистина има преубави работи
Нели? Јас одам само ради благите работи, другото горе-долу редовно од Тинекс пазарувам, и кога сум во Скопје, Тинекс во Аеродром ми е редовна дестинација, ама за благи работи се знае Кам Маркет :smeenje:
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #58
Мене ми е 90% од таму се, не за друго најблиску ми е па да не вртам по цел град се од едно место
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Алпико чоколадите во КАМ се прејаки. Само тоа од карамел е ептен ужасно.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,325
774
113
И јас не можам да им одлеам на cookiesот од Кам... :) Но има и едни потемни т.е. мислам во плаво жолто паковање се, и тие некако мн ми се јаки не ми се убави... :)
 
Top