Гурман chat

  • Автор на оваа тема Missy
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Ana-Marija напиша:
Миси сликај тој украсот да го видиме. Инаку, топло ладно се прејадов кога бев во Македонија во Фуфо (најубаво го прават) и во Ања исто,така да сега ми се лоши коа ке ми текне на него :haha:
Јас го имам во Гурмет јадено, и во еден ресторан во Кавадарци :) ама и дома го имаме направено, има се продават готови и само ги печиш :)
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Баш ке пробам да го правам,само калапи да купам треба. Многу е декоративно за угостување.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #24


Еве слика од тоа со солта. Уште цвет лотос треба да ставам горе ... Многу блиску е сликано инаку не се познава дека е сол од подалеку + плус и зумирано е

Инаку за рецепти ќе пишам покасно некои што најдов, а ми текна и на најобична торта што често ја правиме

Бисквити (некои подебели) обично планирам со број да се точно пример за 3 или 4 реда
пудинг - ако имам време после варење го мешам често на 5-10мин за да се излади и да не фаќа кора или пак ако немам време од кога ќе се здрви скроз со миксер разматувам
шлаг + овошје по желба, ореви, лешници што и да е

и така ред бисквити, па пудинг и над тоа кокос или ореви/лешници што и да е
повторно ред бисквити па шлаг и најчесто банани или рендано чоколадо ( најнеутрален вкус добивам)
ако правам со 3реда бисквити и се останато од пудинг шлаг, а ако е со 4 реда пак пудинг, па бисквити и целосно шлаг
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #25
За да не биди предолг последниот пост еве и неколку рецепти за слатки, за именден и празници најчесто ги правиме

Слатки со крем банани

300 гр сецкани крем банани
100 гр шеќер во прав
300 гр мелени бисквити
100 гр сецкани ореви
1 јајце
1/2 маргарин
Сето ова е меша додека се добие хомогена смеса и се става во калап или ако се многу ситно сецкани крем бананите можи и како топчиња ( бомбици) да се оформат. Украсување по желба

Страчатела

За темен дел
100 гр мелени бисквити
100 гр мелени ореви
100 гр шеќер во прав
1 лажица какао
60-70 гр маргарин
малку рум
млеко или шербет за замесување по потреба
Бел дел
1 маргарин се бие со 250гр шеќер во прав и се додава 150 гр чоколадо ситко сецкано или претходно замрзнато, а потоа изрендано на крупно
Исто се става во калап

Мињони

100гр млечно чоколадо - се топи на пареа
125 гр шлаг се бие со 200мл млеко
50гр еурокрем
250 гр мелени бисквити
250 гр мелени ореви
Се меша стопеното чоколадо со шлагот и потоа се додаваат останатите состојки. Се формира по желба
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #26
Еве уште една стана со готвење. Сега ја најдов па не знам што има и дали има нешто интересно и лесно
http://www.egotvac.com.mk/
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #27
На 24Kitchen започна емисија со Џејми Оливер - Food revolution

Не знам дали е сценски смислено ама деца на 6 години ( од втората епизода) да не знаат ниту еден зеленчук да препознаат не ми е многу веројатно. А сепак ако е вистина тоа мислам многу работи барем во Америка треба да се сменат
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Верувај можно е. Тука да отидеш во мцд/бургер кинг/кфц и слично накај 3-4-5 часот попладне, полно е со деца и мајки. Тие само тоа знаат да јадат и затоа има обисити.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
http://www.facebook.com/pages/O-la-la/140529089377608

Го има некој посетено О ла ла во ГТЦ? Кој не бил веднаш да оди! :) Три пати кога одам во Скопје последниве два месеци имам обичај да навратам таму, можеби скапи слатки, но вредат за тие пари, и неверојатно квалитетно чоколадо.

Посебно го препорачувам чоколадниот тарт, чизкејк со чоколадо и американските палачинки со бел крем... :guskam:

 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #30
Е како гледам вакви слики во 23:00 или по полноќ, кога нема од кај да купам или да си правам нешто. А тек ако сум пред и во колоквиумска како сега кога само на јадење мислам е тоа е веќе многу лоша комбинација :)

Инаку ретко идам во Скопје, а кога идам најмногу во Веро-Џамбо поминувам/е време и од таму купувам/е јадење и не е лошо
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #31
Бевме во Тинекс со мајка ми па ги видовме боиве за јајца



http://www.sonar.gr/en/images/portfolio ... _eggs2.jpg

Дали имате користено и дали се добри или да со продолжиме со користење на бои Танимак и Палета7 како и секогаш

Инаку јас само сметам во процесот на вапцување јајца ама можи година ќе се обидам да направам несто
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #32
Бидејќи никој не одговори за бојата да ви кажам искуство. Купивме црвена и плава од овие грчкиве. Утрово мајка ми и тетка ми заедно ги вапцуваа и прво нашите во пола од бојата. Мислам никогаш подобра и појака црвена и плава не излегла. По 15тина минути од тетка ми ги ставаат (бидејќи едно пакетче е за 50 јајца, а ние по 10-15 направивме такви) бојата бледа не фаќа воопшто. Пак одново уште пола од бојата што остана и истото ништо. Сепак мислам до јајцата и кристалите беше, а не до бојата. Кај нас барем е позитивно искуството
 

Beauty

Администратор
51,398
64,485
113
До јајцата е пред се друго, бели јајца фаќаат подобро од другите. Иако мислам дека македонските бои не ни се нешто квалитетни.
Миси, ги фарбавте со грчкава боја што испаднаа толку добри?
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #34
Да ама одделни имавме, посебно црвена, посебно плава. Ова на слика е 3 во 1

Инаку пишав дека со истите бои од истото пакетче кај тетка ми не излегоа. Некои 5-6 нијанси се посветли од нашите.
Сега мојот „уметнички“ аспект следува. Прво правев со лак за нокти, печати ( имаше мислам сите видено како огледалце и издлабено ). Бели печати на црвените јајца, и сребрени на плавите. Да најдам низ дома некои подречливи лакови па и на другите бои ќе ставам

После направивме бубамари со маркер за CD.

И сега сакам да пробам со салфетки. На часови по готвење имаше пример

Ај малку ЕДИТ: Со салфетки пробав да се залепат со белка. Плавите делчиња и шари ( кај мене пеперутки сите се погодија) што ги пресеков се супер и се гледаат најмногу на обоените јајца. За жолти цветови сега за сега е влажно и не се познава ќе видам до утре што ќе биди ако не некоја друга лепенка одозгора и толку

А за овие грчкиве бои гледам по други форуми се жалат па не знам дали ние имавме среќа да излезат така или се добри :neznam:
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Миси како можеш лак за нокти да ставаш на јајцето? Не ти е шубе некако??

Кај мене мајка ми е како детенце кога станува збор за декорирање на јајцата па она е околу тоа, јас мн не се мешам.. Тука има една грчка боја што се става на ладни јајца, т.е оладени да бидат, па може така поубаво ке фати..ама мајка ми од Македонија и донесоа па не ризикува со нови :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,570
6,780
113
кога сме кај јајцата денеска јас добив едно јајце од препелица тие малечките со дамки црни офарбано црвено беше а дамките не се офарбале останале црни и баш изгледаше интересно

еве најдов неколку слики на интернет за убаво ишарани јајца ,па ако сака некој нека му послужат како предлог за вапцањето







 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #37
Ana-Marija напиша:
Миси како можеш лак за нокти да ставаш на јајцето? Не ти е шубе некако??

Кај мене мајка ми е како детенце кога станува збор за декорирање на јајцата па она е околу тоа, јас мн не се мешам.. Тука има една грчка боја што се става на ладни јајца, т.е оладени да бидат, па може така поубаво ке фати..ама мајка ми од Македонија и донесоа па не ризикува со нови :)
Ана имам порано и низ цело јајце ставано и воопшто немаше никаков мирис или нешто слично кога го скршивме. Е сега ставав од вакви печати
не знам дали имаш видено бидејќи не си во МК. Печатот е мал и лакот скоро сув кога го нанесувам така да си викам кога со лакирани нокти се јади и спрема јадење значи доаѓа директно во допир, сигурно и вака нема да има штета на лушпата. Можеби не сум во право

Инаку и тие со салфетките што ги украсив се многу интересни. Како насликано на нив изгледа шарата. Ама сепак најдобри се темна боја на украсот, а светла на јајцето инаку многу не се познава
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Да,ги знам печативе ги има и тука :) Мене сепак ми е шубе со тоа да праам :D Сеа мајка ми ги вапца ама јас ке испарам па коа ке дојдам ако уште ме фати некоја имагинација ке направам нешто интересно,ако не на неа и препуштам :D
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #39


Да се навратам на готвењево. Одамна се мислевме на новиве Маги производи посебно овој одлично изгледа на реклама и го пробавме денес. Превкусно барем за нас.

Пишува да се измеша со 250 гр павлака за готвење.


Имавме ваква (200мл)која е поприлично густа (како мајонез) значи целосно поразлична од на реклама па ја разредивме со млеко ( не знам колку точно) за да стане течна и да се нанеси над месото. Наредно или од друга марка некоја или пак барем 500мл зошто сосот е превкусен а со 250 мл барем нас ни е малку. Можевме само од него да јадиме
 

Beauty

Администратор
51,398
64,485
113
Каков е овој сосот на Маги, густ, солен, сладок, и колку пари е?
 
Top