Оваа па оффф. Лекции за деца.
Имам впечаток дека ја управуваат и ќе ја управуваат државава со вакви филозофии и глупости небитни (претседател) и фалби на дневно ниво по сто пати за патишта и економии (премиер и тие два тројца министри).
Толку ти е краткотрајна меморијата ?
Забораваш кој циркузант беше на нејзина позиција од 2019 до 2024 година ?
" И јас би се иселил ", " Драги мои, ситуацијата ни е маф " и други глупости од уста на универзитетски професор избран за претседател на држава, наспроти неговата колешка која пред се` мора да и` се признае дека има одличен дијалект и усен правопис, веројатно може да се споредува само со покојниот Киро Глигоров по писменост.
Да, глупости тропаат, и да, народот нема никаква корист од нивните лаги.
Но едно е да тропаш глупости, а друго е да правиш глупости. Во САД на власт имаат еден трампав дибек кого го игнорираат кога тропа глупости, но алармот пишти на сите страни кога ќе направи некоја глупост.
Ваму кај нас барем засега баба Гоца нема направено никаква глупост.
Дека не направила ништо асално - не направила, но - барем засега - нема направено ниту една глупост поради која би се срамеле да кажеме дека дишиме ист воздух со таа личност, во споредба со нејзиниот претходник.