Што слушате во моментов?

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
20,611
7,615
113
Хахаххаа само Маркич знае дека денес има Макфест хахахаххах
Ќе се дава на МРТ, Марк ?

На Тамара каверот ми е далеку боље.
Не е денес туку утре вечер почнува. Ќе биде три вечери од кој третата е одбележувањето 40 години и ќе пеат повеќето што некогаш настапувале на фестивалот.

МРТ ќе пренесува.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
20,611
7,615
113
Па Маркич вика јубилеј било па ќе било навала од познати во недела
Четврток, петок и сабота е.

Во 2025 година, фестивалот го одбележува јубилејот со три гала вечери – на 23, 24 и 25 октомври. Секоја вечер има своја приказна: Првата е посветена на младите таленти, кои со нови композиции ќе се обидат да ги освојат срцата на публиката. Втората е резервирана за докажаните уметници, кои подготвија песни специјално за штипската сцена. Третата вечер е големо финале, гала што ќе ја прослави историјата на фестивалот и ќе ги врати на сцената песните што сите ги пееме.



Макфест трета вечер (25. октомври)
1. Осамен – Трајче Манев 1987
2. Признавам –Росана 1988
3. Самба во Штип –Питер Џон Босе 1988
4. Ангели ме носат – Силви Бенд – 1991
5. Моја гитара –1992 Гиш 1992
6. Свирете ја зајди зајди – Олгица Христовска 1992
7. Тања – Емил Канаваро и Дарко Андоновски 1992
8. Сонце за 3 светови – Мики Јовановки – Џафер 1993
9. Твоите очи сине – Тања Кочовска 1993
10. Еден бакнеж – Владо Јаневски 1994
11. Виолина и гитара – Коки Јанков 1996
12. Таму кај што си – Ристо Самараџиев 1997
13. Љубов се пишува – Бојана Скендеровски 2003
14. Магија / Ти ме сакаш знам – Јован Јованов и Маја Саздановска 2005
15. Не планирам – Ламбе Алабаковски – 2010
16. Бела – Пајак и Лара Иванова 2022

Водители на сите три вечери повторно ќе бидат Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски, кои веќе неколку години ја носат енергијата на фестивалот.
Со повеќе од 40 години традиција, стотици песни и десетици музички ѕвезди, „Макфест“ останува најголемиот македонски фестивал на забавна музика. Во наредните денови, Штип повторно ќе стане срцето на македонската песна, место каде ќе се слави музиката, креативноста и емоцијата што ја обединува цела Македонија.
Македонската телевизија, на првиот канал, ќе врши директен пренос од сите три вечери со почеток во 20.10 часот.
Доколку сакате добра музика каква што ќе понуди годинешниот „Макфест“ четврток, петок и сабота одвојте ги за македонските убави песни.

 

Beauty

Администратор
53,224
67,618
113
Хахахахахахахах

Познати да ти биле па уште навала на такво нешто
Така Маркич претстави хахахах

Иначе овие што се на јубилејната вечер се едни од најпознатите мк евергрини, но се локални евергрини, така да сто посто не се знаат ван
 

M@RKO

Добро-Познат Член
20,611
7,615
113
Штета што Тоше во листава го нема, барем некој да ја испееше Морска Ѕвездо, фали тука Игор Џамбазов со Време за плачење, фали да испее некој Кога те нема од Хелена Благне, да испее некој Летај ми летај гулабе од Слабинац, од Бојс Валерија...

И ваква трета вечер треба да биде редовна а не само за јубилеј годишнини. Треба да се изведуваат песни од минати изданија.
 

Steff

Добро-Познат Член
37,392
49,594
113
фали тука Игор Џамбазов со Време за плачење, фали да испее некој Кога те нема од Хелена Благне, да испее некој Летај ми летај гулабе од Слабинац, од Бојс Валерија...
Ма да бре како да не а од Сузе и Благица ништо
 

M@RKO

Добро-Познат Член
20,611
7,615
113
Зезајте се колку сакате ама стварно Макфест е нешто најдобро македонско што опстоја од фестивали каде се промовира ново компонирана забавна мак музика и пеење во живо. Можеби го нема тој интерес за фестивалот како некогаш бидејќи се менуваат времињата но секоја чест во вакви времиња што опстои и се одржува секоја година редовно.
 

Steff

Добро-Познат Член
37,392
49,594
113
Треба да има фестивали, ама џабе кога естрадата е непостоечка, песните се медиокритетни ради автори заглавени во 1995та, а и самите пејачи немаат сенс за шоубиз, ниту харизма за да имаат фанбаза која ќе слуша тие песни

Тоа е проблемот, и нема да има промени све додека не постои свест да треба да дојде до промена.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
20,611
7,615
113
Давид Темелков ќе пее како гостин вечерва на Макфест после ревиалниот дел.
 
Top