Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Steff

Добро-Познат Член
34,338
45,908
113
Е не туку така само му текна да падне тркалото :off:
Кој сакаше да го убие, кочници ќе средеше или нешто друго во автомобилот, од едно тркало автомобилско (и тоа задно) не може ништо да се случи

Проблемот очигледно е што не се проверувала тркала, и еве сега најдоа Информер и компанија да урлаат за простата публика дека сакале да го убијат ѓубрево

Толку им се евтини и излижани манипулации да од старт беше очигледно дека од ова ќе направеле дека се работи за атентат
 

alek

Добро-Познат Член
788
256
63
Баш чудно некој да сака да го убие најдобриот диктатор УПС преседател.
 

Beauty

Администратор
50,719
63,409
113
Аман доста со идиотштини веќе, доста!!!

Се убивало со излегување на задно тркало :off: :off: :off:
хахахахахахаахахахаха
достааааааа

Чак ни ја како аматерска за коли не би направила атентат со задно тркало хахахахахахах
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,267
6,547
113
хахахахахахаахахахаха
достааааааа

Чак ни ја како аматерска за коли не би направила атентат со задно тркало хахахахахахах
Па тука си во право. Да беше предно ќе имаше последици.
 

Beauty

Администратор
50,719
63,409
113
Ќе се мењале химна и грб, ова сега било постсоцијалистичка химна и грб. :off:

Ај вака, рагаци.
Прво ова не е плукни залепи па секој ден нешто да се мења во Уставот. Значи престанете со национализмот еднаш и за вечни векови! Доста веќе, се претера, аман! Ваков национализам како што пропагираат Албанците и Бугарите, ја не знам дали во свет некаде постои?

Второ, ВМРО како мнозинска власт каква што сме немале од 2006 мислам, да земе и да си ги среди образование, судство, економија, енергетика, и најбитно здравство и животна средина (очигледно само Полиција и Транспорт нешто се работи), па потоа нека дозволат на оние да зборат за химни и грбови.
Значи логика нема во ова што се дешава, истите глупости ги слушаме 35 години за тој албански национализам, ама аман веќе.
 

nina

Активен Член
186
126
43
Па ти си крива и таквите како тебе, што гласаат за таканаречени одродени македонски партии како ДПНЕ и оние комуњарите СДС.
 

Beauty

Администратор
50,719
63,409
113
Ма те сфаќам и се согласувам, но треба и пошироко да гледаме дека со третата опција Левица може само стапот да го добиеме од САД и ЕУ, и да стопираат секакво можно финансирање, па тек тогаш ќе биде оф леле. ЕУ и САД се најголеми финансиери во земјава, сите проекти идат преку нивни пари. Ние како земја немаме леб да јадеме ако останеме сами на себе, до толку сме покрадени по Југославија.
Иако може и треба да пробаме за инает на овие две, ама .... тогаш мислам поише црно ни се пишува.
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
6,026
9,692
113
Ова со грбов ми личи на пробен балон или дистракција од нешто друго што се спрема.

Албанциве сега ќе засилат со вакви теми пред локалните избори наесен.


А и мене не ми е јасно: Албанциве очигледно не се поистоветуваат со полињата и реките и планините претставени на грбот?
 

Beauty

Администратор
50,719
63,409
113
Е ајде де, ма викам здрава логика нема во овие глупости веќе.
Прво да сме ги сределе етничките прашања, па после економија здравство итн. Боже сачувај ! Ова е про левел на примитивизам.

Грбот и химната да сме ги сределе како најбитни работи на веков, божеееееее
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,105
428
83
@Steff :ludlisi:

Јас би додал на советот од новинарот за писмените изјави дека и македонските велепредавници потпишаа изјави со кои се обврзаа дека нема да воведуваат Тиранска платформа, двојазичност и останати анти-македонски гнасотилаци, па сепак еве каде сме денес поради вредноста на нивниот потпис врз парче хартија.

И воопшто не се согласувам со аргументот изневерена револуција бидејќи државен удар не е исто што и револуција.

https://off.net.mk/vesti/balkan/zoshto-na-srbija-ne-i-treba-zoran-zaev

Зошто на Србија не ѝ треба Зоран Заев

21 февруари 2025 - 13:49

Анатомија на една изневерена револуција


Спротивно на приоритети на граѓаните и учесниците на протестите, Заев почна да спроведува сосема поинаква агенда, да преговара со Алексис Ципрас за името. На Мартин Нешковски повеќе никој не се сети. Западните дипломати го изгубија интересот, бидејќи тоа за што беа испратени беше успешно завршено: Македонија стана членка на НАТО. Памет во глава, Срби, учете од нашето искуство за да не го гледате и вие истиот цртан филм.



Повод: „Дубравка Стојановиќ: Би сакала Србија да го има Заев (види во: „Сами си ја бараат белјата“)

пишува: Д-р. Ненад Живановиќ - Столиќ

Кој е Зоран Заев? Тој беше премиер на Македонија од мај 2017 до јануари 2020 година. Ако прашате за него во западноевропските дипломатски кругови во Скопје и во македонскиот невладин сектор, кој до неодамна престижно го чуваше логото на УСАИД на своите сајтови, ќе добиете одговор дека тој бил најевропскиот премиер на Македонија, кој успеал да го реши тридеценискиот спор со Грција во врска со името на земјата. Ако разговарате со обични луѓе, било да се негови бивши политички противници или симпатизери, одговорот најчесто би бил пцости, клетви и разочарувања. Рамнодушност речиси и да не постои, а дури и неговиот најголем приврзаник резигнирано ќе изрази разочарување.

За да се разбере политичката траекторија на Зоран Заев од „единствена надеж за спас на Македонија од диктаторскиот режим на Никола Груевски“ до „најголемиот предавник во историјата на Македонија“, треба да се види како дојде на власт и стана премиер.

Меѓутоа, за да се разбере тоа, да го оставиме на кратко Заев на страна и да разгледаме дел од општествениот контекст што постоеше во регионот во изминатите 15-ина години, конкретно во Македонија, Албанија и Република Српска.

Заради подобро разбирање, мало тест-прашање за читателите: Што ги поврзува Мартин Нешковски, Давид Драгичевиќ и Клодијан Раша?

Одговор: Сите тројца (наводно) ги убила полиција. Мартин на смрт го претепал член на обезбедувањето на премиерот Груевски, за Давид родителите тврдат дека полицијата во РС го тепала, малтретирала, силувала и го убила, додека Клодијан смртно беше застрелан од полицаец во Тирана додека одел да купи цигари за време на полицискиот час во пандемијата. Иако сите три случаи имаа иста основа за раѓање на гнев и протест од населението, само случаите на Мартин и Давид предизвикаа повеќемесечни граѓански протести (логистички поддржани од невладиниот сектор, обезбеден со грантови на западните амбасади).

Иако по скопските улици, по кои луѓе шетаа и ги блокираа, се скандираше „Правда за Мартин“ (а во Бања Лука „Правда за Давид“), во воздухот се чувствуваше дека протестите се насочени кон пад на владата на Груевски (и на Милорад Додик). Меѓутоа, во тој момент, во 2011, Груевски беше многу популарен меѓу гласачите, па на политичките инспиратори и организатори на протестите им беше јасно дека нема критична маса за промена на властите, туку дека граѓанското незадоволство е добар капитал за да може на некој следен уличен протест да се урива монолитноста на власта.

Изненадувачки или очекувано, поради сервилноста на албанските власти кон Западот, во Тирана немаше вакви организирани протести, односно незадоволството траеше само 2-3 дена, колку што неорганизирани гневни граѓани имаат капацитет спонтано да се соберат и да протестираат против репресијата на полицијата. Деновиве, често пати спомнуваната албанска невладина организација „Мјафт!“, првата што ги употреби крвавите дланки како симбол, во периодот на застрелувањето на Клодијан не забележала никаква активност во врска со ова убиство, иако на нејзиниот сајт се наведува дека една од главните активности е рехабилитација на мирни протести и други видови граѓански реакции.

Почеток на револуцијата

Но, да се вратиме на македонскиот случај. Протестите поради смртта на Мартин Нешковски беа иницијална показна вежба за начинот на кој во иднина ќе биде урнат режимот на Груевски и во исто време изградба на политичка инфраструктура, пред сè во граѓанскиот сектор, со која од заднина ќе управува опозицијата, а сето тоа во координација и со поддршка од западните амбасади.
За „судирот на титаните Груевски - Заев“ не чекаше долго, па веќе во јануари 2016 година опозицискиот лидер излезе во јавноста со шокантно откритие за масовно прислушување од тајната полиција, на чие чело беше братучедот на премиерот Груевски, Сашо Мијалков. Откритијата беа застрашувачки: во последните години биле прислушувани илјадници граѓани и направени биле стотици илјади досиеја, бројки што македонското „длабоко грло“ го направија подлабоко и од Вотергејт на Никсон. Во серијалот наречен „бомби“, Заев почна континуирано на интернет да објавува прислушувани разговори, и меѓу членови на владата, и на нејзините противници. Тоа укажуваше дека Груевски нема доверба ниту во своите најблиски соработници и министри.

Јавноста беше шокирана, луѓето почнаа да се прашуваат дали кажале нешто лошо за властите додека разговарале на телефон и дали и тие биле цел на прислушување. Стравот да се спомне името на Сашо Мијалков можеше да се спореди со времето на Александар Ранковиќ. Во земјата настапи масовна психоза на параноја, која сосема оправдано прерасна во антивладин револт, кој македонската опозиција и невладиниот сектор го артикулираа во граѓанско незадоволство и бунт (која опозиција во светот не би шутирала таков пенал!?).

Бев корисен идиот

Спонтаните граѓански протести суптилно почнаа да добиваат своја организациона рамка наречена Шарена револуција, предводени од млади луѓе и студенти, чиј настап се состоеше од фрлање кондоми исполнети со различни бои кон владините згради изградени во неокласичниот стил на проектот на Груевски „Скопје 2014“. Заев и опозицијата уште од самиот почеток ги поддржаа младите организатори, но од далечина (како шетачи и фрлачи на боја по владините згради), за власта да не ги дискредитира граѓанските протести дека се опозициски.

Како еден од револтираните граѓани, чие семејство беше директно засегнато од владеењето на Груевски и неправдата на партизираното судство, бев и јас дел од тие протестни маршеви. Меѓутоа, од самиот почеток на бунтот, нешто не ми штимаше. Додека огромната колона граѓани се движеше од Собранието кон владата, сите се чувствувавме еднакви, компактни, обединети. Но, кога стигнавме пред владата, наеднаш, од нигде никаде, ќе се појавеа некои - за мене и за другите - непознати млади луѓе кои ќе раширеа голем гумен чатал и ќе почнеа да фрлаат кондоми полни со боја кон зградата на Владата.



Во моментот кога ќе ја испразнеа „муницијата“, како што се појавуваа, така незабележано ќе исчезнеа во масата. Набрзо се дозна дека тие биле водачите од сенка на Шарената револуција (иако се тврдеше дека водачи нема), а прв меѓу еднаквите беше едно високо, слабо, брадосано момче, кое за време на целата револуција носеше избледени фармерки и бела маица размачкана со шарени бои. Неговото име беше Павле Богоевски.

Кога протестите ја достигнаа критичната точка, а власта повеќе не можеше да го издржи притисокот од граѓанското незадоволство, целосно искомпромитирана со објавувањето на снимените разговори, мораше да го прифати главното барање на сега веќе обединетата опозиција и Шарената револуција. А, тоа беше формирање ПРЕОДНА ВЛАДА! Посредници беа амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и претставникот на Европската Унија во Скопје, Аиво Орав (сега претставник на ЕУ во Приштина за кој нема да биде чудно ако по македонскиот модел, ја формира и новата широка коалициска влада со или без Албин Курти. За тоа, искуството од Македонија ќе му биде скапоцено).

Триумф на револуцијата

По повеќемесечни преговори на власта и опозицијата, конечно беше прифатен таканаречениот Пржински договор, со кој Груевски прифати да има преодна влада во која тој повеќе нема да биде премиер.

Накратко, еве што значеше преодната влада во случајот на Македонија:

1. Преодната влада ќе има мандат од 100 дена, со единствена цел да организира нови избори;
2. Премиерот на преодната влада го предлага владејачката ВМРО-ДПМНЕ;
3. Опозицискиот СДСМ предлага министри за внатрешни работи и за социјална политика;
4. Опозицискиот СДСМ ги предлага замениците-министри за финансии, за информатичко општество и јавна управа и за земјоделство, шумарство и водостопанство. Овие заменици-министри имаат право на вето на одлуките на министрите од ВМРО-ДПМНЕ;
5. Со оваа спогодба СДСМ, која го бојкотираше парламентот, ќе се врати во него и ќе го предводи анкетниот одбор формиран за аферата со прислушувањето;
6. СДСМ престанува да објавува каков било прислушуван материјал. Штом СДСМ ќе се врати во Собранието, сите материјали што ги поседува СДСМ или кој било друг, ќе бидат доставени до јавното обвинителство по итна постапка;
7. Државната изборна комисија ќе добие поголеми овластувања за да обезбеди слободни и фер избори, како и еднакви услови за сите партии;
8. Сите препораки од ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат спроведени, вклучувајќи ја и верификацијата на избирачкиот список, во склад со договорената нова методологија. Пред идните избори, Владата ќе побара јакнење на долгорочниот и краткорочен мониторинг од страна на ОБСЕ/ОДИХР.

Наспроти вака испреговараниот Пржински договор, со кој беа исполнети сите барања на опозициската СДСМ, на изборите во 2017 година повторно победник беше ВМРО-ДПМНЕ, со двајца пратеници повеќе од СДСМ. Тогаш на сцената настапија западните амбасади, пред сè на САД, кои на победничката албанска партија ДУИ, која во претходната влада му беше коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ѝ забранија да прави коалиција со победничката македонска партија и ѝ наредија да формира влада со на изборите поразениот СДСМ.

Децата ја јадат својата револуција

Ова му го отвори патот на Зоран Заев да стане нов премиер, но не со изборната волја на гласачите, туку со американска наредба. Во пратеничките клупи како член на СДСМ седна и водачот на Шарената револуција, споменатиот Павле Богоевски, чие слабичко тело полека почна енормно да добива на тежина, па повеќе не може да запетла ниту едно копче на сакото (ниту да го види својот врсник додека мокри). Славниот „шарен револуционер“ почна уште повеќе да ги иритира своите следбеници и јавноста со објавувањето фотографии од егзотични патувања, на кои често во рацете држи томпуси. Неговиот крај, сепак, е неславен: Фатен е како купува кокаин, по што и исчезна од политичката сцена.

Меѓутоа, што се случува со бившиот опозициски лидер, а сега премиер Зоран Заев? Веќе во првите сто дена од владеењето, во јавноста почнаа да излегуваат афери за непотизам и корупција. Во Србија добро познатата фолк-пејачка Цветанка Ласкова му стана советник за култура. Она што Мира Марковиќ не успеа да го постигне во деведесеттите години, па да ја постави Зорица Брунцлик за министерка за култура, Заев беше на добар пат да го направи, само ако не се побунеа граѓаните.

Десетте најприоритетни барања од гласачите и од сите оние што го поддржаа на протестите, и кои опозиционерот Заев вети дека ќе ги исполни кога ќе стане премиер (како независно судство, слободни медиуми, укинување на институционалната репресија врз граѓаните, подобрување на економската ситуација, кривична одговорност за сите оние од претходната власт што прекршиле закон, судска разврска за аферата со прислушувањето, департизација на јавните институции, борбата против корупцијата, правда за жртвите на претходниот режим преку ревизија на сомнителни судски пресуди, расветлување на аферата за милионското финансирање на проектот Скопје 2014 и враќање на стариот изглед на зградите, како и за она што сите потајно се надеваа дека Заев ќе го направи - не од реваншизам, туку врз основа на непобитни докази - затворска казна за Никола Груевски), беа игнорирани.

Спротивно на овие приоритети на граѓаните и учесниците на протести, премиерот надвор од сите очекувања почна да спроведува сосема поинаква агенда, која за мнозинството граѓани воопшто не беше битна: почна преговори со грчкиот премиер Алексис Ципрас и преку ноќ го промени името на државата во Северна Македонија, не само за надворешна, туку и за внатрешна употреба, иако како опозиционер пред телевизиските камери ставеше рака на срце и ветуваше дека додека дише македонски воздух, нема да го промени уставното име на земјата. Промената на името значеше експресен прием во НАТО, иако на референдумот мнозинството граѓани беа против влегување во НАТО, ако цената за тоа би била промена на името.

Наместо в затвор, Никола Груевски на контроверзен начин побегна од земјата во Будимпешта, за што ни најнаивните не веруваат дека не било договорено да се спроведе со помош од владата на Заев. Кадрите на бившата власт продолжија да добиваат владини тендери. Архитектонската грдотија од антички споменици и градби остана без да биде реставрирана ниту една стара фасада. Корупциските афери на претходната власт, како и аферата со прислушувањето, почнаа да се разводнуваат и застаруваат во наместени судски постапки, а специјалната обвинителка Катица Јанева, доведена со мандат да ја испита и да ја процесуира аферата со прислушувањето, заврши во затвор поради корупција и рекет. На Мартин Нешковски повеќе никој не се сети. Западните дипломати го изгубија интересот за политичкиот процес во земјата, бидејќи тоа за што беа испратени беше успешно завршено: Македонија стана членка на НАТО.

Враќање на предреволуционерната состојба

Разочаран и изневерен, народот повторно се сврте кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која, наводно ребрендирана и дистанцирана од Никола Груевски, ја презеде да ја води универзитетскиот професор Христијан Мицкоски, кој вети дека кога ќе дојде на власт ќе го врати уставното име на државата. Набрзо беше повикан во американската амбасада, по што никогаш повеќе не му падна на ум да го повтори тоа ветување.

На последните избори ВМРО-ДПМНЕ убедливо го победи СДСМ со двојно повеќе пратеници, а Мицкоски стана премиер, најавувајќи дека ќе се пресмета со криминалот и корупцијата од претходната власт. Како и Заев, така и тој најдалеку што дофрли во апсењата беа партиски експоненти од третиот и вториот ешалон. Зоран Заев, далеку од очите на јавноста, инкогнито се пресели да живее во Дубаи, каде што во октомври 2024 година за неговиот 50-ти роденден, му пееше Харис Џиновиќ за огромен хонорар. Неговиот главен сојузник во уривањето на Груевски, Радмила Шеќеринска, пред неколку месеци стана заменик на генералниот секретар на НАТО и замина да живее во Брисел, додека главниот осомничен во аферата за прислушување Сашо Мијалков е на постојана релација меѓу отвореното одделение на затворот во Струга и монденските Монте Карло и Кан.

Памет во главата Срби!

Зашто сè ова ви го пишувам вам во Србија? Би се повикал на Новак Ѓоковиќ, кој вели: „Не сакам да давам совети, само го споделувам своето искуство, па кој сака нека прифати“. Ова не е совет до вас туку наше македонско искуство кое има сличности со она што се случува во Србија, но и со тоа што допрва би можело да ви се случи. Како и ние, и вие со право барате правда, владеење на правото, одговорност, крај за корупцијата и, конечно, смена на власта што сето тоа не го спроведе.

Ама дали имате план за потоа, за сто дена потоа, за година дена потоа, за четири години потоа? Дали сте сигурни дека она што сега се ваши приоритети ќе бидат и приоритетите на идната влада што ќе ја поддржите? Дали сте сигурни дека судските постапки против одговорните за уривањето на настрешницата нема да се разводнат и дека Горан Весиќ, кој од демократ стана напредњак, нема да му се врати на своето старо јато за да се заштити? Кој ви гарантира дека „Нова С“ и „Н1“ нема да „стишаат емоции“ и извештаите од судските рочишта за настрешницата нема да ги емитуваат некаде пред спортските вести? Наспроти тоа, од нигде никаде, како приоритет на вашата влада ќе станат признавањето на Косово, санкциите за Русија, изолацијата на Република Српска, признавањето на „геноцидот“ во Сребреница, Војводина Република!? Затоа будите мудри и не верувајте им на ветувањата на опозициските политичари - што сè ќе направат кога ќе дојдат на власт, туку инсистирајте да потпишат писмена изјава во која ќе наведат што нема да прават!

Учете од нашето искуство, за да не го гледате како нас истиот цртан филм. Ќе ве потсетам на сцената кога Том, вообичаено насамарен од глупава фора на Џери, очајнички се гледа во огледало, а таму наместо сопственото лице гледа измамено магаре. Нема сомневања дека ќе дојде ден кога и вие ќе мора да се погледнете во огледало.

Или, ако уште ве тресе адреналинот што Мадона ви го вшприца дека сте најголем студентски протест после 1968 година, секогаш имајте ги на ум зборовите на духовниот водач на бунтот од 1968, Жан Пол Сартр, кој на егзалтираните студенти, убедени дека прават нешто важно и историско, цинично им порача:

„ Сите ве презирам, зашто знам дека за десет години ќе бидете исти како оние против кои сега се борите! “

На Зоран Заев не му беа потребни ни десет месеци, затоа и тој не ѝ треба на Србија.

* авторот е новинар од Скопје
 

Steff

Добро-Познат Член
34,338
45,908
113
Србија не сака Зоран Заев, Србија сака функционални институции и правна држава

Ништо друго

И секако не сака никакви прдежи што ништо асално не направија да им држи лекција што треба, а што не треба да прават

А Зоран Заев ни е од 2012 на чело
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,105
428
83
Србија не сака Зоран Заев, Србија сака функционални институции и правна држава

Ништо друго

И секако не сака никакви прдежи што ништо асално не направија да им држи лекција што треба, а што не треба да прават

А Зоран Заев ни е од 2012 на чело
Поентата е во тоа да ја разбереш поуката од македонската трагедија:

Ова не е совет до вас туку наше македонско искуство кое има сличности со она што се случува во Србија, но и со тоа што допрва би можело да ви се случи. Како и ние, и вие со право барате правда, владеење на правото, одговорност, крај за корупцијата и, конечно, смена на власта што сето тоа не го спроведе.

Ама дали имате план за потоа, за сто дена потоа, за година дена потоа, за четири години потоа? Дали сте сигурни дека она што сега се ваши приоритети ќе бидат и приоритетите на идната влада што ќе ја поддржите? Дали сте сигурни дека судските постапки против одговорните за уривањето на настрешницата нема да се разводнат и дека Горан Весиќ, кој од демократ стана напредњак, нема да му се врати на своето старо јато за да се заштити? Кој ви гарантира дека „Нова С“ и „Н1“ нема да „стишаат емоции“ и извештаите од судските рочишта за настрешницата нема да ги емитуваат некаде пред спортските вести? Наспроти тоа, од нигде никаде, како приоритет на вашата влада ќе станат признавањето на Косово, санкциите за Русија, изолацијата на Република Српска, признавањето на „геноцидот“ во Сребреница, Војводина Република!? Затоа будите мудри и не верувајте им на ветувањата на опозициските политичари - што сè ќе направат кога ќе дојдат на власт, туку инсистирајте да потпишат писмена изјава во која ќе наведат што нема да прават!

Учете од нашето искуство, за да не го гледате како нас истиот цртан филм. Ќе ве потсетам на сцената кога Том, вообичаено насамарен од глупава фора на Џери, очајнички се гледа во огледало, а таму наместо сопственото лице гледа измамено магаре. Нема сомневања дека ќе дојде ден кога и вие ќе мора да се погледнете во огледало.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,105
428
83
ЗЗ е најпростото најнеобразовано најапашко и најлажливо створење евер, така да нема конкуренција никаде тоа нешто.
Но очигледно сепак доволно интелигентен и итар за да си живее убаво во Дубаи, обичните простаци тоа не можат да си го дозволат.
 

Steff

Добро-Познат Член
34,338
45,908
113
Поентата е во тоа да ја разбереш поуката од македонската трагедија:
Македонската трагедија ние веќе 13 години ја доживуваме

Вие од 2006 додуша, ние од 2012, тоа е точно

Само што Александар е микс на ЗЗ и Грујо, што е најлоша можна комбинација

Затоа и го поддржуваат сите надвор од Србија
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,105
428
83
Македонската трагедија ние веќе 13 години ја доживуваме
Грешка си побратиме, мислиш дека ја доживувате, слично како што и ние мислевме дека го доживуваме Слободан Милошевиќ помеѓу 2006 и 2016 година.

Не испадна така.
 

Steff

Добро-Познат Член
34,338
45,908
113
слично како што и ние мислевме дека го доживуваме Слободан Милошевиќ помеѓу 2006 и 2016 година.
Вие имавте лајт варијанта на Александар Вучиќ

Груевски беше нешто помеѓу Борис Тадиќ и Александар Вучиќ, Александар е хибрид на Груевски и Заев и затоа сите го поддржуваат надвор.

Има сличности со македонската и српската политичка сцена, ама колку има сличности, има и разлики во двете држави, особено ако се земаат во контекст последни 35 години.

И џабе е да се објаснуваме сега, македонската гледна точка и српската се сосема спротивни.
 
Top