Деца, ова е пример не за победа на вистината туку за бришење на лагите.
Кога во иднина повторно ќе измислат некоја нова пЛандемија, повторно ќе ги вадат истите лаги во одбрана на тоталитаризмот кој ќе го практикуваат на дело.
https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/ivermektinot-vekje-ne-e-opasen
Ивермектинот веќе не е опасен
26 март 2024 - 14:56
Американската федерална агенција за храна и лекови, чии упаства и препораки за време на пандемијата беа „све и свја“, со согласи да ги избрише сите свои пораки на веб страници и социјални медиуми со кои бараше луѓето да престанат да користат ивермектин. ФДА ова не го прави доброволно, туку затоа што ја тужеа доктори и немаше каде.
Бришењето е дел од вонсудската спогодба меѓу Агенцијата и тројца доктори од Тексас кои ја тужеа дека незаконски им се мешала во нивната медицинска пракса и советувала граѓани што да не користат.
Ќе се бришат и веб страници и постови на социјални медиуми.
Веќе е избришан дијалогот:
„ - Дали да земам ивермектин за да превенирам или третирам ковид-19?
- Не. “
Ќе биде избришана и Интернет страницата која носи наслов: „ Зошто не треба да користите ивермектин за треман или превенција на ковид “.
Агенцијата долго време упорно настојуваше дека не постојат податоци за ефикасноста против ковид, иако и во тоа време постоеја релевантни студии кои сугерираа поинаку.
Кога беше најјака, среде пандемиското едноумие, Агенцијата и брутално го напаѓаше ивермектинот, вклучувајќи и пораки како што е:
„ Не си коњ. Не си крава. Сериозно, престанете со тоа. “
Случајот кој се одолговлечи четири години е битен и затоа што е прв со кој
се ограничува упадот на ФДА во односите меѓу лекарот и пациентот.
„ Ивермектинот беше најнапаѓаниот и најомаловажуваниот лек во времето на пандемијата. Корпоративните западни медиуми систематски му правеа хајки, надмено оцрнуваји го како „лек за глисти кај коњи“ а еден од главните гревови му беше што имаше поддршка од нивниот архи-непријател - Доналд Трамп. Но, Трамп беше само фасада на приказната. Кај парите е финтата “, пишавме во статијата „
Ивермектинот не чинеше затоа што беше евтин “ .