Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Some Special

Добро-Познат Член
15,170
21,595
113
Ама он мислам од сам старт кажа дека би гласале за уставни измени само ако тоа е последен услов и ако има европска гаранција за јазикот, историјата и идентитетот.
Не знам зашто беше поинаку сфатен, освен ако не кажал нешто што сум пропуштила?
Па нели цело време се трубеше "ВМРО-ДПМНЕ нема да глава за уставни измени", се организираа протести, се потпишуваа нотарски изјави, во Собрание исто нели се правеа скандали, се носеа маици со "НЕ", се палеше/кинеше францускиот предлог, итн, за сега сепак тоа да се прифати.
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Па нели цело време се трубеше "ВМРО-ДПМНЕ нема да глава за уставни измени", се организираа протести, се потпишуваа нотарски изјави, во Собрание исто нели се правеа скандали, се носеа маици со "НЕ", се палеше/кинеше францускиот предлог, итн, за сега сепак да се прифати.
Па ни сега не го прифаќаа, условот е гаранции да има од Европа како дополнение, зашто вака како што е, има голема шанса за ревизија на историја и барања на Бугарија во тек на преговорите.

Малку конфузно стана ова за јавноста зашто и двете партии хаос направија со тие измени, но генерално мислам дека е јасно сега што е работата и зошто не се прифаќа.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,170
21,595
113
Па ни сега не го прифаќаа, условот е гаранции да има од Европа
Ма кој верува во гаранции од нив? Плус и тие изјавија дека не можи одложено да важат измените. Така да, никој не го прифати тоа. Но она што го разгневи народот е што воопшто сакаа да гласаат.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,691
13,066
113
Ма Мицко менува ставови како чорапи што би рекол народот, слично и со референдумот беше. Трета опција е мајката, ама дефинитивно не Димче, баш чекам да видам што има Максо да понуди.
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
И зашто одложено да не можеле да важат измените, толку е тоа ултра битно да Бугари влегле во Уставот сега и веднаш? :hehe: Светот ќе се сврти ако они сега не влегле во наш Устав?
Толку еве не може да почекаат - да влеземе во ЕУ, па нека влезат во Устав со зурли и тапани. Ама не, они друго и многу повеќе сакаат. Тоа треба да ни е јасно
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Ма Мицко менува ставови како чорапи што би рекол народот, слично и со референдумот беше. Трета опција е мајката, ама дефинитивно не Димче, баш чекам да видам што има Максо да понуди.
По најновите анкети, паѓа рејтингот на Левица, воедно Левица нема и нема да има никаква поддршка од било која европска партија.
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Без врска интервјуво на Данела, мислам дека новинариве стварно не можат со оваа алапача. :hehe:
Моментот е на крај кога кажува дека тој мостот што изгоре во Скопје ќе се пушти во употреба иднава недела, само требало да се направи козметичко рефреширање на бетонот.

Кзметичко рефреширање на бетон, речееееееееее :smeenje::smeenje::smeenje::smeenje::smeenje::smeenje:
 

Delux

Добро-Познат Член
688
850
93
И зашто одложено да не можеле да важат измените, толку е тоа ултра битно да Бугари влегле во Уставот сега и веднаш?
Затоа што нашите се глупави (или сите глупави се правеа). Ова требаше СДС да го договара пред да се дефинираше преговарачката рамка. Моментот кога ќе влеземе во ЕУ, мислам дека на никој не ни мене ништо ако Бугарите се во устав.
Касно запали Мицко, тоа требаше пред да се обврземе на уставните измени да се дефинира.
Проблемот не ни се уставните измени на никој мислам, проблемот ќе биде тоа што ќе следува после (историја и учебници).
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Па Бугарите им ја тупнаа преговарачката рамка преку тн француски предлог, и овие прифатија.
Ни А, ни Б :off:
 

TVman

Добро-Познат Член
16,691
13,066
113
Сега го пуштив Мицко во последната емисија со Васко 360 степени. Одличен е тука, добри поенти даде. Многу е подобрен од минатите изјави, кога не знаеше дали да бојкотира или не референдум/попис, или само се контраше колку да се рече, без добра аргументација.

А на Васко да му се даде да работи само меѓународна политика или такви некои неутрални теми во кои се зборува за изборен законик и изборни единици..од авион се гледаше пристрасноста негова. Мицко добро го сомеле, очаен беше тука.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Ало влада македонска и градоначалничке на Скопје учете од Србија.

После оној масакар кој им се случи, Србија и градот Белград организираат за прв пат Белградски денови на семејството. На многу локации има разно разни случувања од фестивалчиња со детски песнички, спортски активности, работилници, претстави, музеите се достапни за семејствата и многу други содржини за децата и родителите да може да ги зближат повеќе заедно да поминат денови во разно разни активности.
Ова им е за почит.

 

Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
После оној масакар кој им се случи, Србија и градот Белград организираат за прв пат Белградски денови на семејството
Не, Србија треба да уредува систем, да се почитуваат закони за да систем и институции функционираат, не да се прават смешни манифестации како ова.

Што има да смени одржување на вакви манифестации, освен што се прави лажна слика дека сѐ функционира? Општеството е затруено со секакви глупости и лаги, насилство, криминал и копрупција се промовираат како нешто пожелно, и во такво општество поради вакви манифестации ќе профункционираат семејствата и децата ќе почнаат да се штанцаат?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Не, Србија треба да уредува систем, да се почитуваат закони за да систем и институции функционираат, не да се прават смешни манифестации како ова.

Што има да смени одржување на вакви манифестации, освен што се прави лажна слика дека сѐ функционира? Општеството е затруено со секакви глупости и лаги, насилство, криминал и копрупција се промовираат како нешто пожелно, и во такво општество поради вакви манифестации ќе профункционираат семејствата и децата ќе почнаат да се штанцаат?
Па нема да смени да има помалку корупција, криминал, насилство тоа си во право ама ќе имаат барем во текот на годината некоја позитивна манифестација. Децата ќе имаат можност да се дружат, спортуваат, да гледааат претстава, да одат во музеј, золошка да научат нешто.. Најверојатно тие денови е бесплатно за да ги посетуваат сите овие работи.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
ама ќе имаат барем во текот на годината некоја позитивна манифестација.
Во Белград има еден куп манифестации кои не се експонираат толку, за разлика од оваа. Оваа е класична Вучиќ / Шапиќ (градоначалник на Белград) контрола на штета поради убиствата во Рибникар и Младеновац. Да се покаже на Пинк дека е сѐ во ред, дека децата се множат од како Вучиќ дојде на власт и ред други будалаштини и измишљотини, пример дека има повеќе луѓе во споредба со протестите итн.

Децата ќе имаат можност да се дружат, спортуваат, да гледааат претстава, да одат во музеј, золошка да научат нешто..
А иначе немаат таа можност? Пред манифестацијава не знаеле ништо за тоа, родителите не ги шетаа по музеји, зоо вртови, представи, кино итн? Вучиќ и Шапиќ ли им донесоа тоа во Србија?

Најверојатно тие денови е бесплатно за да ги посетуваат сите овие работи.
Мене само интересира колку пари турија во џебови од ова, чим ја прогласија за манифестација од значај за градот, кој знае колку пари украдоа менталниве термити.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
А иначе немаат таа можност? Пред манифестацијава не знаеле ништо за тоа, родителите не ги шетаа по музеји, зоо вртови, представи, кино итн? Вучиќ и Шапиќ ли им донесоа тоа во Србија?
Добро сега има и родители кој не можат да си дозволат децата да им одат почесто во музеји, зоолошка, кино, претстави да се гледаат, да ги носат на разно разни работилници..

Туку колку што видов на РТС повеќето работи меѓу кој и претставите се на отворено.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Туку колку што видов на РТС повеќето работи меѓу кој и претставите се на отворено.
Џабе, врне дождот како ненормален. Минатата недела требало да биде па беше откажано поради тоа, и еве сега пак повторно, зли јазици би рекле карма :pie kafe:
 
Top