Честит празник

Dexter26

Добро-Познат Член
4,070
404
83
Честит празник, фацки !

Да живее вечно споменот на оние поради кои денес имаме навистина преубав и комплетен јазик!
За многу години нека ни е` празникот, мир на нас и на сите наши православни браќа и сестри !!!

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

Тропар
Богомудри Кирил и Методиј, еднакви по дух со апостолите и учители на словенските земји, Владиката на сите молете Го, словенските народи да ги утврди во Православието и едномисленоста, да го смири светот и да ги спаси нашите души.

Кондак
Почит да и` оддадеме на свештената двојка наши просветители, кои со преводот на Божествените Писма ни го дадоа изворот на Богопознание; црпејќи од него до денес неисцрпно, ве славиме вас, Кириле и Методие, кои стоите пред престолот на Севишниот и топло се молите за душите наши.
 
NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
  • Автор на оваа тема
  • #50
Честит празник на македонските просветители. 334545
 
Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
А Србите и Црногорците зашто не празнуваат ?
Нели и они користат кирилица покрај лудине од источна страна.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
А Србите и Црногорците зашто не празнуваат ?
Нели и они користат кирилица покрај лудине од источна страна.
Кај нас се празнува РАДНО :religiozen: каков е тој празник кога се работи?
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Кај нас се празнува РАДНО :religiozen: каков е тој празник кога се работи?
Србите и не почитуваат кирилица многу. Повеќето од книгите, весниците, списанија, приватните телевизии користат латинично писмо.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Србите и не почитуваат кирилица многу. Повеќето од книгите, весниците, списанија, приватните телевизии користат латинично писмо.
Страшно, и камен би заплакао.

Јас велам дека се работи и покрај тоа што е празник, ти запна дека не се почитувала ќирилица.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Страшно, и камен би заплакао.

Јас велам дека се работи и покрај тоа што е празник, ти запна дека не се почитувала ќирилица.
Па тоа и ми беше поентата. Не се почитува кирилицата а сакаш ти да се почирува празников.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Бидејќи нели сме учеле дека кирилицата е именувана по Св Кирил.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Па тоа и ми беше поентата. Не се почитува кирилицата а сакаш ти да се почирува празников.
Како бре не се почитува? Ете РТС само ќирилица има, што и треба да има државна тв. Србија има и ќирилица и латиница како званично писмо, така да секој приватен медиум, организација или компанија може да бира што сака од тоа.

Генерално државни институции користат и ќирилица и латиница (дури мислам и повеќе ќирилица), ама ете, Марко од Македонија знае што се почитувало во Србија или не.
 
Државните да користат кирилица ама приватниве кој како сака така си тера.

Телевизии како Pink, B92, Prva си користат латиница. Некој производи во маркет на пакувањето е латиница, книги од познати српски издавачи најчесто се на латиница.
 
Top