Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Јас верувам дека секаде е исто во школи, дали Европа, дали Америка, за Азија да не зборувам.
Ова се случува и во други земји и во други школи, само е разлика во тоа што (барем во европските земји) власти не се однесуваат неодговорно и скандалозно како тука, постои притисок на јавноста, ред механизми кои можат да ги намалат или барем спречат вакви страшни работи и во вакви ситуации кога ќе се случат законите се пооструваат.

И тоа е најстрашно од сѐ, што ништо нема да се смени или ќе се донесе некоја најидтиотска можна одлука. Ниту достапноста на оружие нема да се намали, а за друго пак да не зборуваме.

педагози и психолози јас од кога памтам и кога учев , па и моите кога оделе на школо, секогаш било така, еден двајца и толку. И мислам дека ништо не работат.
Па тоа можеби така изгледа од страна, но сигурно не се тука за џабе. Така и другите велат за професори дека само имаат плата, ништо не работат, имаат два месеци годишно одмор и ред други будалаштини. А не е така.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088

Не знам јас кога одев и основно и средно педагозите, директорите и што и да се има буквално само ако правиш проблем во школо и наставниците ќе те пратат кај таму на разговор. Јас воопшто не сум видел педагог, психолог или пак директор воопшто да се шета низ школото да види што прават децата.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Што е со србиве? Утрово уште една вест за убиство.
Како што е, како што кажав, масовни убиства во школата е само почеток.

Сега и официјално сме европската Колумбија.

Не знам јас кога одев и основно и средно педагозите, директорите и што и да се има буквално само ако правиш проблем во школо и наставниците ќе те пратат кај таму на разговор. Јас воопшто не сум видел педагог, психолог или пак директор воопшто да се шета низ школото да види што прават децата.
Па ни јас, ама тоа не значи да ништо не работат. Не се тие дадилки па да одат од училница до училница за да ги чуваат децата.
 
Beauty

Администратор
49,857
61,843
113
Епа затоа не се само тие фактор што треба да ги воспитува децата. Да, треба да влијаат и да бидат повеќе ангажирани во школите (а не се дефинитивно), но тука се и наставници заедно со нив во тој образовно ВОСПИТЕН процес, и најбитно родители, баби, дедовци, блиски. Битно е сите овие фаци да го пратат детето од мало во какво друштво е, што гледа на тв и по интернет, дали има нешто сомнително во однесувањето итн.
 
Па секако, многу фактори влијаеле на тоа што се случува последните денови.

Ама ни тоа што напиша не е доволно, механизми, социјални институции, почитување на закони, тоа е предуслов за сѐ. И обавезно, достапност на оружието практички да се намали на нула. Но се знае дека од тоа нема ништо.
 
Beauty

Администратор
49,857
61,843
113
Ќе се намали, зависи од геополитика. Западен Балкан е една збирштина на луѓе што не почитуваат ништо. Не е само Србија, тука се и Црна Гора, Босна, Мк, Албанија, све е тоа дно дна. Но треба време и години години за да не стегнат и доведат во ред.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Намалување на оружје е добра работа ама па тогаш наместо пушки, пиштоли, бомби луѓето ќе се колат со кујнски ножеви, со секири со кој сечат дрва по дворови.

Народов е таков за жал на овие простори. Не му доаѓа паметот.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Намалување на оружје е добра работа ама па тогаш наместо пушки, пиштоли, бомби луѓето ќе се колат со кујнски ножеви, со секири со кој сечат дрва по дворови.
Ма да видиш како ќе се смират кога ќе се тресне по џебот или кога ќе се опнат вишедецениски казни за тешки злосторства. Луѓето не знаат за друго.

Плус, со оружје од тој тип не е можно да се убие ваков број на луѓе (или е барем далеку потешко да се изведе) како со пушки и пиштоли.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Ма да видиш како ќе се смират кога ќе се тресне по џебот или кога ќе се опнат вишедецениски казни за тешки злосторства. Луѓето не знаат за друго.

Плус, со оружје од тој тип не е можно да се убие ваков број на луѓе (или е барем далеку потешко да се изведе) како со пушки и пиштоли.
Се сложувам дека казните се само спасот ама и во тоа се наоѓа дупки во законот.

Го слушав Вучиќ и се што кажа денешниов ден беше во право. Јас сум за смртна казна како што сакал Вучиќ иако се кае што го предложил тоа. Можеби е Хитлерски или како и да е ама колку сакаат нека се бунат луѓе. Е тогаш да видиме дали на некој ќе му текне на вакви работи.
 
TVman

Добро-Познат Член
16,691
13,066
113
Јас сум за смртна казна
E тоа е најлошо од сè.

Разни обиди за ресоцијализација, општествено корисна работа - да, ама посегнување по туѓ живот од страна на органи на државна власт кои се должни истото да го санкционираат е парадокс истовремено колку и лош пример за населението.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Го слушав Вучиќ и се што кажа денешниов ден беше во право. Јас сум за смртна казна како што сакал Вучиќ иако се кае што го предложил тоа. Можеби е Хитлерски или како и да е ама колку сакаат нека се бунат луѓе. Е тогаш да видиме дали на некој ќе му текне на вакви работи.
Па ајде да се вратиме во камено доба, тоа е најубаво, како животни да се однесуваме, каква црна цивилизација. Никој нема право да му одземе животот на некое човечно битие. Сега гледам, ТВмен подобро го појасни ова.

Вучиќ е еден голем имбецил, примитивец, диктатор, популист и криминалец. Политички идиот кој управува со неандерталната нација и која веќе 30 години е деградирана максимално поради радикаливе и лажниве социјалисти.

Смртна казна е само уште еден неговиот трик, навреда на интелигенција. Колку е опседнат со коментари по социјалните медиуми, сто посто сфати дека многумина луѓе кои не знаат да го изговорат зборот цивилизација, а не па да ги разберат цивилизациските досегнувања, зедоа да трескаат за смртната казна па и овој исто така тресел зелени како вид на контролата на штетата.

И демек се каел, предлагал, што сѐ не, како па да не, тој е сушество што лаже и кога лаже. Во еден момент една приказна, следен момент пат сосема спротивно зборува, и така бесмислено хистеризира и додатно ја слудува оваа веќе полудена нација.
 
Beauty

Администратор
49,857
61,843
113
Ок, онда кажи ајде што имавте за ручек вчера, имавте ли нешто лудо и интересно или класика ?
 
Top