Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,875
61,886
113
И како што можеш да видиш соборувањето на "режим" со пенкало донесе само уште поголема и помасовна корупција и уште поголем и помасовен криминал, овој пат масовно поддржани од страна на истите тие западни хиени кои на тебе ти делува како да не им смета Александрето во Србија, а прашање на време е кога ќе му организираат српско издание на шареноликиот идиотизам во Македонија.
Никој ниту тука не беше сменет со пенкало. 2016/2017 народот и покрај се, го одбра Груевски. Но, Западот притисна и човекот не можеше да формира влада иако убаво напомена на многу тогашни митинзи дека не' чека промена на име, промена на историја, двојазичност. Првото се оствари, другите се во процес. Доколку процесот потрае до 2024, ни одговара на сите, да ја смениме оваа моментална ненародна, неспособна и бесмислена власт.
Само да не се избутка све ова следнава година, следнава е клучна година да ја пребродиме политички како оваа - држ не дај.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Да, да, симболите на мир и антифашизам.

Мислам дека единствено посмешно од фанатиците на НАТО се фанатиците на "миротворци" како Путин и Орбан.

Да не те задржувам повеќе, а ни ти мене.
Повели најди си други миротворци кои нема да ти ги поткопуваат темелите на државата.

И јас да не те задржувам повеќе.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Никој ниту тука не беше сменет со пенкало. 2016/2017 народот и покрај се, го одбра Груевски. Но, Западот притисна и човекот не можеше да формира влада иако убаво напомена на многу тогашни митинзи дека не' чека промена на име, промена на историја, двојазичност. Првото се оствари, другите се во процес. Доколку процесот потрае до 2024, ни одговара на сите, да ја смениме оваа моментална ненародна, неспособна и бесмислена власт.
Само да не се избутка све ова следнава година, следнава е клучна година да ја пребродиме политички како оваа - држ не дај.
Погрешно го толкуваш општественото уредување во една држава.

Рамковнистите и плавите жолтици се повикуваат на Уставот само кога тоа им одговара. Ако навистина се толкави почитувачи на Уставот, тогаш би ги почитувале македонскиот јазик и македонското знаме пред се`, а една од уставните обврски која речиси ниту една државна и јавна институција или установа не ја почитува до денешен ден, е задолжителното вработување на македонски лектори за уредување на службената документација.

Проблемот не е во тоа што велат законите, туку како луѓето ги толкуваат и кои луѓе ги почитуваат тие закони, а кои луѓе не ги почитуваат истите тие закони.

Дури и ако се изгласаат сите тие анти-македонски реформи во текот на 2023 или 2024 година, населението е тоа кое треба да ги поништи со тоа што воопшто нема да ги почитува и нема да ги спроведува на дело. Тука лежи коренот на секоја револуција - народната непослушност - а не во балони и кондоми наполнети со боја и со песок.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ај нека ви е најНЕсреќна новата 2023 година на сите вие тастатурски херои кои не гледате подалеку од носот.

За да ви биде среќна новата 2023 година, споделете го линков насекаде каде што можете и тоа денес, на последниот ден од 2022 година.

https://off.net.mk/net-roulette/onaka/ne-bi-da-rasipuvame-atmosfera-ama

Не би да расипуваме атмосфера, ама....

31 декември 2022 - 08:29

 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Мене ми е врв ужас кога пример на вести или во портали ќе кажат/пишат новинари го баравме но не беше достапен на повикот да ни одговори или не сакаше да одговори.
 

Beauty

Администратор
49,875
61,886
113
Абе оваа новинари не ја бараат, мислам не збори со новинари :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Колку може да заштедат со два три дена плус да не пуштаат струја и греење? А и знам има вирус пак ама и тоа два три дена не одење на школо нема да ја подобри состојбата.

 

Beauty

Администратор
49,875
61,886
113
Море ми се свиѓа женава, само дали ќе и успее ова.

Јавна тајна е дека Цементарница е еден од најголемите, ако не и најголем загадувач во Скопје, но на ниедна власт не и одговараше да ја среди таа грчка империја таму.
 

Beauty

Администратор
49,875
61,886
113
Што се случува бре
Албанскиве партии урлаат дека Алфа и Телма биле антиалбански, Бугарите урлаат дека Алфа, Сител биле просрпски и антибугарски, паралелно Канал 5 води битка што ја навредуваат

:haha:
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,177
21,613
113
Албанскиве партии урлаат дека Алфа и Телма биле антиалбански
После изјавата на Али Ахмети и Таче денес на прес даде мислење за Алфа и Телма (ама демек не е за нив :haha:)


Таче: Во државата има медиум чија што уредувачка политика повеќе наликува на уредувачка политика на компанија која што тргува со енергенси а има и медиум кој што уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација.

Новинарката: Тоа се однесува на овие два медиуми?

Таче: Па тоа се однесува општо.

По што новинарите му се изнасмееја. :606675:
 

Beauty

Администратор
49,875
61,886
113
Па и за смеење е. Цццц

Поддршка за Телма

Алфа е др песна, ама Телма е класа бре.
 

Beauty

Администратор
49,875
61,886
113
Top