Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
Леле спектакл ќе биде ова, слушајте ме. Патриотски песни ќе ечат.
Сдс и Бујар ќе ги изеде тежок срам.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Таман да стаат штандови за да делат чадори со македонското знаме.
Точно ми доаѓа да ти наминам во Тетово и со чадорот со македонско знаме да те тепам за саркастичниов предлог... Ама стварно не си свесен колку... :)

ps: ако некој/а ме видел вчера со чадорот, позз до него/неа

pps: се гледаме вечерва повторно
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Само се надевам дека не се фрлаа знаменца на земја и во канта после протестот.:lilee:
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
Канал 5 телевизииште!!!
Значи пренесуваа во живо од протестот, секоја чест. Во ваква ситуација сите треба да се вклучат од протестите, сите телевиззии да застанат зад народот, ама не, нека пукаат Сител само турски, не дај боже еден гледач да им прејде на Канал 5 ако сменат секунда нешто друго, или Телма со нивнине репризи. 32432

А1 беше бре измислена за овие, абе секој можен настан се покриваше, дури и уклучувања во живо од концерт на Тоше, од споменик на Крсте Петков Мисиров. Еве за жива среќа што имало некој како Канал 5 да колку толку покрие ваков настан од неверојатно историско значење како протестов.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,757
6,116
113
Имаше кратко пренос и на МРТ 1 вестите баш кога Ламбе беше на микрофон.

На Фејсбук повеќе портали пренесуваа. Инфомакс беа цело време пред влада.

Утре може ќе биде малку потензично затоа што утре се случува тоа со договорот. Протестот ќе почне порано. Така да ако биде тензично како тогаш кога имаше влегување во собрание ќе има на скоро сите македонски телевизии пренос.
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
Мицко да биде поактивен ала Димитар. Мора!
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
Леле жено го утепа!!! Нокаут за сите смешни новинарчиња во земјава, браво ма
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,757
6,116
113
Што беше филмот на протестиве вечерва имаше и еден поп или отец како и да е.

Вртев по каналиве од кога се смири цела ситуација и на 24 вести застанав го покажаа.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Што беше филмот на протестиве вечерва имаше и еден поп или отец како и да е.

Вртев по каналиве од кога се смири цела ситуација и на 24 вести застанав го покажаа.
Дојди утре во Скопје и ќе видиш, според мои информации уште поинтересно ќе биде утре.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,757
6,116
113
Дојди утре во Скопје и ќе видиш, според мои информации уште поинтересно ќе биде утре.
Зошто поинтересно? Што ќе се случи?

Јас искрено да сум на протести кај што има голем број луѓе, тензии, викање, фрлање, полиција ми оди некоја немир во себе. Не би можел да гледам такви работи.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Зошто поинтересно? Што ќе се случи?

Јас искрено да сум на протести кај што има голем број луѓе, тензии, викање, фрлање, полиција ми оди некоја немир во себе. Не би можел да гледам такви работи.
Не можам да ти кажам, но следи активно. :)

Извини вака, ама не се однесува само за тебе, туку општо... Во моментот кога се случуваат историски текови од кои ќе нема назад, малку е тииит-чкарски да не учествуваш во протести поради некакви си квази оправдувања.
Не велам да земеш и со бекатонки да маваш по полицијата, туку да искочиш и да го почуствуваш духот на насобраната толпа, да осетиш адреналин и во еден глас да отпееш химна, песна, да упатиш пцовки до политичарите...
Пред 4 години бев, сега сум повторно на улиците.
Секако, кога ќе се примети дека уфрлени дечишта фрлаат молотови и прават нереди, си се повлекуваш и тоа е тоа, но додека е мирен протестот и насобраната маса се движи по улиците или седи сталожена пред некој објект, не гледам никаква причина за да не дојдеш - освен ако не си тиииит.
И пак ќе речам, не се однесува лично кон тебе, се однесува кон сите што немаат одредени топки за да искочат надвор.
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
Дојди утре во Скопје и ќе видиш, според мои информации уште поинтересно ќе биде утре.
Ако не се смени нешто, ако нема поголема организираност и сплотеност, џабе. Не зборам секако за насилие, во никој случај, ама да се дејствува врз свеста на Македонецот. Од една страна ги имаме СДС чија пропаганда е пуштена на најјако преку медиуми и соопштенија, од друга страна ни се фејсбук поттикнувачи како Апасиев, Јоци, Тасевски, Божидар итн. Каде е тука ВМРО како најголема политичка партија?
Излегле сиротите мислиш на погреб се. Абе дај изјави да се поттикне македонизмот, дај малце подинамично, а не они не се согласувале, ете ќе протестирале и толку. Пропагандата на Шарената револуција беше многу појјака и организирана, за жал.
 
Top