За било какви проблеми со Македонска Пошта, треба да знаете дека завчера, петок, 15 октомври 2021, имаа предупредувачки штрајк кој им траеше еден ден.
Штрајкуваат вработените во Македонска пошта поради доцнење на платата
Дали штрајкот ќе продолжи допрва ќе видиме.
За тие кои купувате од странство преку Интернет, не само од Али Експрес, туку и од иБеј и од било кој друг странски Интернет сервис за купување и продавање, треба да знаете дека доколку ја користите најевтината опција за испорака, која понекогаш доаѓа и со бесплатна поштарина, пратките со најевтина испорака знаат да доцнат повеќе од месец дена, а понекогаш знаат да пристигнат за две недели, а можеби и порано.
Вообичаено зависи од тоа дали испораката ја вршат преку бродски транспорт, авионски транспорт или копнен железнички/камионски транспорт. Во зависност од тоа кога ќе тргне бродот/авионот/возот/камионот, испораката може да биде експресно брза или да трае со недели, а можеби и повеќе од месец дена.
Во случај на бродски транспорт со брод, Македонија не излегува на море, што значи дека бродот можеби ќе пристигне во соседството, а можеби во некоја држава во западна Европа или централна Европа со излез на море, па потоа од таму со камион/воз/комбе се испорачува кон Македонија.
Во случај на авионски транспорт, авионот вообичаено не слетува во Македонија бидејќи нема многу пратки до Македонија, туку слетува во соседството, еве на пример кога јас плаќам поскапа испорака преку ФедЕкс, пратката ми пристигнува за недела дена, така што ја шетаат преку авионски транспорт до Франција, од Франција до Унгарија, од Унгарија до балкански татарстан, а потоа најверојатно со камион или комбе од балкански татарстан до Македонија.
А ако пратката ја шетаат со камион или воз, тоа може да си потрае и со месеци.
Преку ДХЛ вообичаено пратките од САД ми пристигнуваат за две до три недели, но оваа година се надминаа себеси на најлош можен начин, пратката ја нарачав во април 2021, а пристигна дури во август 2021 - цели ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ влечкање, а нели демек германска поштенска компанија се, со светска репутација за ажурност и навремена достава. Од една страна оправдани се бидејќи однапред даваат известување поради доцнење на пратките поради заболени работници од корона вирус, но од друга страна пратката по грешка ја имаа оставено во Мароко во северна Африка, каде што дремеше цели ДВА месеца поради нивната грешка, а на нивниот официјален веб сајт за следење на пратките пишуваше дека пратката пристигнала до крајната дестинација. Цели два месеца им пишував еднаш неделно преку e-mail за да им ставам до знаење дека направиле грешка во испораката, па морав да го контактирам испраќачот на пратката од САД за да им се пожали бидејќи по правило примачот на пратката не можел да се жали, туку само праќачот.
А бидејќи неодамна бев лично во логистичкиот центар на Македонска Пошта кај Железничка - не напред кај шалтерите, туку позади каде што ги вадат и ги подготвуваат пратките за испорака, слободно можам да ви потврдам дека луѓето работат во најненормални и слободно може да се наречат дури и најнехумани услови, кога среде магацин ти тече вода од железницата над глава додека надвор истура дождот, секакви доцнења им се оправдани.