Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,247
113
Страшно.

Кај нас името е сменето, ама па затоа се` друго функционира беспрекорно. :taka e:
Да имаш прилика 9 години секојдневно да гледаш ваква токсичност, психопатија, канцер, евтино глумење на жртва и навреда за интелигенција како што е Вучиќ, ретардос Заев ќе ти биде дури и симпатичен во споредба со овој нечовек и зло.

Не кажам дека сѐ функционира беспрекорно поради тоа што е сменето име, ама кај нас е буквално дно дна. Вакво нешто како во Србија што постои нема буквално никаде во Европа. Најмизерната власт и политичка сцена евер, од секој аспект.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,181
21,626
113
Да имаш прилика 9 години секојдневно да гледаш ваква токсичност, психопатија, канцер, евтино глумење на жртва и навреда за интелигенција како што е Вучиќ, ретардос Заев ќе ти биде дури и симпатичен во споредба со овој нечовек и зло.
Не се сомневам.

Не кажам дека сѐ функционира беспрекорно поради тоа што е сменето име, ама кај нас е буквално дно дна. Вакво нешто како во Србија што постои нема буквално никаде во Европа. Најмизерната власт и политичка сцена евер, од секој аспект.
Да, веројатно ние не сме толку дно дна колку вас. Фала му на Заев за тоа.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,247
113
Да, веројатно ние не сме толку дно дна колку вас. Фала му на Заев за тоа.
Абе каков Заев, какво фала. Воопшто не ми е муабетот дека треба на Заев нешто да му се благодарува туку дека и од власта во МК имало полошо па на квадрат.

До толку е очај состојбата во мојата земја да дури и политичка сцена кај вас со сѐ тој Заев делува понормално и подемократски од Србистан. Ете, до толку сме очајни.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Страшна работа гори модуларната ковид болница во Тетово.
Уште ова ни требаше.
Криви се невакцинираните, да се вакцинирале не ќе се разболеле, што значи дека не ќе биле во болницата и не ќе загинеле.

А не дека болница е место за болни луѓе, и не дека треба да исполнува одредени безбедносни и против-пожарни стандарди.

Бог да ги прости загинатите, а на живите им останува да си подразмислат како и зошто доаѓа до вакви трагедии и што треба да направат за да ги спречат истите.

Гледајте да намалете со начините на размислување од типот "сите се исти" и "нас никој не не` прашува, се` е одлучено одозгора".

Додека го населувате ова парче земја, проблемите на општеството остануваат и ваши проблеми, и сакале или нејќеле, ќе морате да дејствувате во правец на нивно решавање, почнувајќи од корените на истите, а не само да се поткастрат врвовите и да се тешите дека сепак нешто се прави/нешто сте направиле.

Откако ќе се иселите во друга држава, таму ќе ве чекаат тамошните проблеми, какви што ги има секое општество на планетава.
 

Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
Страшно, сочувство до фамилиите.
Ова открива огромни аномалии за кои допрва треба да се дадат одговори.

А медиуми/новинари што шират паника и шпекулираат со нереални бројки на жртви во доцни ноќни часови како Сител треба под итно да се казнат.
 

Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
Аман, Марко со твоите глупости. Тоа ли е битно? И потоа да се коментира дали МРТ давала класична музика.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Аман, Марко со твоите глупости. Тоа ли е битно? И потоа да се коментира дали МРТ давала класична музика.
Во право си, не дека нешто ќе смени ако е прогласено ден на жалост. Болката на народот и чуството на жал во ваква ситуација е големо без разлика дали е прогласено жалост освен на поедини луѓе без трошка чувство во себе.

Тетово ќе е три дена во жалост.
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Кога поминаа 10 години? :eek:

 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Може не е најсоодветна темата... Но имам едно прашање. :)

Да не случајно некој од форумов во текот на месец Август креирал свој информативен портал, па сосема случајно има превземено одредени коментари на одредена деликатна тема од форумов и ги објавил како новинарски текст? :) Не го/ја барам во однос на авторски права, туку во врска со нешто друго. :)

Не го именувам порталот и слично за да не биде промоција, спротивна на правилата, но ме копка.

Ако има некој(а), нека ми пише во ДМ. :)
 
Top